Никола Груевски, при говорот каде го објави своето повлекување, кажа дека тој најавил повлекување уште при настапот на 15-ти октомври вечерта, ама тоа го кажал со дипломатски речник, па тој што требал го разбрал тоа!
Доообро. Фино.
Бидејки Столтенберг покрај НАТО зликовац и силеџија, е и дипломат, која е пораката што ви ја испрати вчера? Сликовите покажана во 2 фотки.
Најнапред, ви вели дека може кога сака, каде сака и како сака да ве собере ко овци во трло. И да ви зборува вам на (сеуште) граѓани на Македонија, без да спомене име на држава во чие собрание зборува, ниту име на народ на чии пратеници се обраќа. И вие сето тоа, со ѓомити многу сериозно внимание и наместени фаци, ќе си го исслушате и нема да смеете да бекнете. Еве, минува 24 часа од обраќањето кон “нашата убава држава“ од страна на овој фашист, а ВМРО ДПМНЕ сеуште нема никаков став, изјава, соопштение или коментар!
После тоа оди на состанок со Катица Јанева, за која вие пред 2 гоини кажавте дека е капацитет и дека ја поддржувате.
И, на тој начин ви вели дека без разлика што го слушате ко попчиња, сепак сите ќе ве гонат и ќе ве стрпаат во затвор. Без разлика дали сте виновни или не (ене и оние во Шутка патриотите се апсолутно невини, па тоа нема везе), без разлика дали има докази или не.
Ете, тоа сакаше да ви го каже, и ви го кажа, првиот оперативец на НАТО – Злосторничка.
Бидејки логично се поставува прашањето што воопшто има работа Столтенберг со Јанева, НАТО никаде го нема во бомбите, тогаш логично е и следното прашање: ШТО ДОБИВТЕ ШТО ОТИДОВТЕ ДА ГО СЛУШАТЕ ОВОЈГА ШТО НА ЈАВНА СЦЕНА, БРАНЕТ ОД ВОЕНИ ХЕЛИКОПТЕРИ, ЈА ПОНИЖУВАШЕ И ПСУЕШЕ “ВАШАТА ЗЕМЈА“ НЕИЗГОВОРУВАЈКИ НИТУ ЕДНАШ МАКЕДОНИЈА“?
Еве, јас недипломатски да ви посочам, дека вашето место беше пред Собранието заедно со оној малуброен собран народ.
И да ви посочам дека вистинскиот совет ви го даде Бобан Нонковиќ на 2 дена пред оваа ваша бламажа, велејки: “Нема посилна порака до светот за прогонот што се случува во Македонија од полу-празна собраниска сала за време на говорот на гласноговорникот на оние што ни ја донесоа хунтава на власт! Тоа ќе одекне силно“.
Ама, нели, бидејки вие се‘ знаете, бидејки сте непогрешливи и бидејки сте магарешки инаетливи, повторно не послушавте добронамерен, интелектуален и патриотски совет. Па отидовте се избламиравте. И тоа за џабе. СЈО, очигледно, не ви бега. Џабе му се пупите на џелатот.
М.Н.
Скопје
19.01.18
07.36 ч.