Очекувано претседателот Иванов стави вето на неуставниот Закон за употреба на јазиците.
Друго и не можеше да се очекува во услови на безобразна дрскост што ја демонстрираше власта при неговото насилничко донесување-без јавна расправа, без слушање на експертската јавност, без фермање на Деловникот на Собранието, на постапката утврдена во него, итн.
Нормална реакција на Иванов беше да го ветира законот.
Но, невидената арогантност на оваа Влада е што реагира недоветно на прва пред воопшто да прочита што има напишано во образложението на ветото на Иванов.
Во каубојски стил познат за оваа Влада стигна брза реакција од таму дека законот ќе го дале во Венецијанска комисија на мислење!?
Владата се фати во сопствената лага!
Па нели до вчера тврдеја дека одредени членови веќе доставиле на мислење во Венецијанска?
Иако се фатени во уште една голема лага продолжуваат да мамат и да лажат.
Ќе им каже ли некој на неписмениве составувачи на соопштенија во Владата дека Венецијанска комисија НЕ Е УСТАВЕН СУД и никогаш нема да си дозволи да коментира дали одредени законски решенија се или не се во согласност со Уставот на која било држава?
А законот е спротивен на Уставот на РМ. Затоа е вратен од Иванов.
Ќе им пренесе ли некој на ебиветриве дека Венецијанска комисија никогаш нема да си дозволи да се стави во улога на Уставен суд на РМ заради евтините политички финти на нашиве владини шибицари!