Бобан НОНКОВИЌ

Бобан НОНКОВИЌ

Нема посилна порака до светот за прогонот што се случува во Македонија од полу-празна собраниска сала за време на говорот на гласноговорникот на оние што ни ја донесоа хунтава на власт!

Тоа ќе одекне силно.

Но, ако некој два дена протестира со отсуство од Собранието, а еден ден си присуствува на седница како ништо да не се случува, освен незрелост и несериозност, покажува и дека за тој дел од вистинските патриоти затворени за собраниските настани од 27. април 2017, всушност не им е искрено гајле, туку дека на ВМРО-ДПМНЕ му се средство за договор, кој меѓудругото на екс-раководството на оваа партија му служат и да побара општа амнестија во која би биле вклучени и тие, т.е. обвинетите од случаите/судењата на СЈО.

П.С. Ако се вадат дека би присуствувале на говорот на Јенс Столтенберг во Собрание, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ е про-НАТО партија и со тоа би си ја покажале определбата, кажете им дека тогаш со отсуството од собраниските седници досега, каде меѓудругото се донесоа и закони (пр. за албанскиот јазик) и договори (за откажување од македонската историја во полза на Турко-монголите од кај источниот ни сосед) од историска важност за републиката, ВМРО-ДПМНЕ покажало дека не му е гајле за Македонија и македонскиот народ!

#УгореВисокоУдолуДлабоко
#МиСеГади
#ЛошПочеток #ХристијанМицкоски