Мицковски, ИНЖЕНЕРИНГОТ ви се случува пред нос. Немојте после да кажете дека не сте го виделе.

Мицковски, ИНЖЕНЕРИНГОТ ви се случува пред нос. Немојте после да кажете дека не сте го виделе.

Јас еве, пак да бидам досаден, па да дадам уште некој совет. Медиумски, PR-ски.

ВМРО ДПМНЕ никогаш, ни за време на Љупчо, ниту за време на Никола, а и во овие неколку десетина дена на Мицковски, не научи да се спротистави медиумски и со обработка на јавното мислење на нацистичкиот аждер СДС предводен од глутницата на Сорос и Џес Бејли лично.

Не научија, не активираа некој што знае, не прашаа. Грешките се повторуваат и тоа не е на арно.

Во овој момент екипата на Мицковски, од брдото проблеми што си ги има, не ја гледа непосредната опасност што секојдневно, како зараза се шири на интернет портали, социјални медиуми и мејн стрим медиуми. Јас знам дека адекватен кадар од медиумски и PR капиталци нема околу себе, а дека со медиумските гирици што си ги доби во наследство војна во океаните (политички) не се води. Знам и дека му е тешко да промени луѓе. И знам дека му е тешко да признае дека му треба помош од поумен или поумни од него (и тие околу него) во овој сегмент. Но, тоа е негов проблем. Моја работа е сето ова да го обзнанам, па кој како сака.

Па така, наместо ВМРО ДПМНЕ и интелектуалци што ги делат вредностите и идеологијата на исконската ВМРО да се главни критичари на власта, тие го оставија тој празен простор (на радост на Бејли, можеби и во договор со Бејли) на бивши раководни функционери на СДС, на невладини активисти, на нивни новинари и  интелектуалци.

Тој празен простор веднаш беше запоседнат, а ВМРО ДПМНЕ “поентираше“ само со “види нивните како ги критикуваат“.  И толку. Мала сатисфакција, како свекрва кон снаа. Не согледувајки ја подмолната игра да во оваа држава СДС, СОРОС и Бејли бидат се‘. И власт и опозиција.

Тоа е идеалната формула за пропаст на оваа држава. Едни те исти да се и позиција и опозиција. И поддржувачи и критикувачи на власта.

Па така, Бејли стана опозиционер разобличувајки ги мороните од ДИК, а пред него во кампања на критика на Заев и владата тргнаа Орданоски и Милчин. И потоа се набилдаа разни нездоволни невладини, па новинари, па интелектуалци ко Менче Точи, Арбен Гоља, тајфата “Борјановци“… Па оставки од функции поднесоа Најчевска и Калајџиев. Дури “незадоволство“ од оваа власт покажа и ОО на СДСМ од Бутел.

И сет овој ИНЖЕНЕРИНГ повторно не го виде ВМРО ДПМНЕ. Како и преклани за парламентарни, како и лани за локални, инженерингот, каде тие се единственото заморчето, не го видоа! Дали се краткогледи и неспособни, или пак така им одовара, бргу ќе се види.

Во овој момент Мицковски не може да собере внатрешна сила и партиска поткрепа да викне на помош професори, новинари и интелектуалци што можат да ја разбуцаат баграта што сега глуми опозиција, а всушност е тврда позиција во Македонија. А, можеби и не му одговара да има органзирана и силна интелектуала што јавно, јасно и гласно ќе ја брани МАКЕДОНСКАТА кауза, ќе биде скептична кон ЕУ-НАТО, ќе бара поништување на двојазичноста и договорот со Бугарија, ќе бара прекин на било какви преговори за името, оти во резулициата на ООН е напишано дека ќе се водат разговори.

Според настапите на Мицковски, Ѓорчев и Николовски и нивното повторување на магловитата сентенца “достоинствено решение“, ми се чини дека помош од патриоти интелектуалци Македонци не им треба. Оти, во резолуцијата на ООН за проблемот што Грција го има со нашето име никаде не се споменува “достоинствено решение“. А и овие тројца, кога како одговор на прашањето за името “констатираа“ дека им одговара “достоинствено решение“, не објаснија што тоа значи. Бидејки немам комуникација со нив, ниту им знам броеви, имејли и слично (а и немам намера да досадувам, оти јас својот став за името јавно си ги кажувам, нивниот е знак прашалник), еве им јавна покана да дојдат до кај мене во емисија и пред јавноста интегрално (без монтажа) да му објаснат на Македонскиот народ што е тоа достоинствено решение за тој ист народ. Без долготрајни длабоки анализи, без “не се конституирано партиските органи“, без “сега не би можел да коментирам“ – чисто, јасно и гласно. hic rhodus hic salta.

Јас сам се борам колку што можам. Секојдневно. На сите медиуми што ми се достапни. Гледам дека обиди, не така чести, прават и Мицов со колумни во партиско гласило, Росоклија и Гелева со ФБ, Науновски, Каракамишева, Никовски и Велиновска со колумни… Нивните писанија, по наредба, не ги преземаат партиските про-вмровски портали и медиуми. Тие и такви портали и медиуми остануваат на малограѓанското ситење “виде ли тој што му рече на оној“, лелеее и “оваа ги нападна“ и “оној ги критикува“.

За жал токму ВМРО ДПМНЕ, каде поранешните високи раководители постојано инсистираа да се видела “големата слика“, не ја гледа големата слика што е во моментов на екранот наречен “ПРОПАСТ НА МАКЕДОНИЈА“.

Не знаат или така им одговара – ми е дилемата!!!!

 

 

Миленко Неделковски

Инспириран од ракометната средба:

Вашата Убава Држава – Црна Гора 29:28

 

15.01.2018 – Загреб