Тања Каракамишева
Епа драги мои на здравје ново бричење на суво.
1. “Пратениците го изгласаа Законот за амнестија, кој како предлог го доставија од Министерството за правда. Со овој закон, иако првичните проценки беа дека на слобода ќе излезат околу 670 затвореници, последните неофицијални пресметки направени од Управата за извршување на санкции се дека ќе бидат ослободени од 670 до околу 800 затвореници”.
2. Во ист ден ратификуван најскандалозниот Договор со Бугарија со кој ќе започне најголемата нововековна цензура на ноторните историски факти што во нормални држави никој не може да ги смени, ама затоа во Македонија и тоа е можно!
Спремете се за ново перење на мозоците на нашите деца со новите цензурирани учебници во основно и во средно образование.
Срамот што треба да им го објасниме на нашите деца е голем!
На 15 јануари нашите пратеници ратификуваа договор со кој ги поплукаа сите наши херои, дејци, учители кои сега веќе не се само наши, туку и Бугарски, договор со кој Македонскиот јазик стана уставна категорија и покрај тоа што Македонскиот јазик е идентификационен код на сите Македонци далеку порано од Уставот од 1991 година.
Предавствата на дневна основа стана заштитен знак на оваа забудалена власт!
Во наредните денови спасувајте си ги домовите, автомобилите, и другите движни и недвижни ствари, пуштените околу 800 затвореници од затвор ќе мора од нешто да живејат. Државата ги пушта надвор, и баш и е гајле што со нив понатаму. Кај ќе работат, што ќе работат за да се прехранат. И пак обичните граѓани ќе страдаат, ќе бидат жртви од непрокопсаните мерки што ги презема оваа луда власт. Пак нашите добра ќе бидат главна мета на амнестираните криминалци.
Едни ќе не напаѓаат по улици и дома, други од Собрание и Влада.
Абе убаини! Живот убаини!
Се сеќавате на СВОЗ во времето на Југославија?, За помладите генерации мало објаснување-тоа е кратенка од СИТЕ ВО ОДБРАНА И ЗАШТИТА.
Секој ден сум се посигурна дека таква акција денес ни е повеќе од потребна!