Зоран СЛАВЈАНСКИ

Љубчо Георгиевски кога дојде на власт 1998 година беше неискусен и млад.
Во 1999 на крај од годината од 900 милиони марки буџет, 300 милиони му останаа непотрошени, односно неиспрани.
Отприлика толку пари се перат секоја година од буџетот на РМ. За ова никој не говори, односно има консензус опозиција и позиција, Шарени и Режим.

Се работи за корумпирана елита и феудален менталитет на луѓето со дебели вратови, мал мозок и значка на привилегирана секта која ја држи оваа земја во Феудален посед.

Сиромаштијата доаѓа токму од таквиот однос на тие квази елити кои УДБА ги беше инсталирала од 1945 до денес.
Името Македонија не е причина за сиромаштијата кај нашиот народ, туку целосно погрешниот вредносен систем.
Трифун несака да говори за тој систем, туку полесно му е вината да ја префрли на името, на јазикот, на некаква граѓанска држава во која малцинството добива се повеќе и повеќе НАЦИОНАЛНИ права.
Тоа не е елита.
Елитата треба да ја штити државата и наРОДот.
Оваа нашата изградена е на антинародни и антидржавни принципи, за нив народот е стока која треба да се тепа и убива. Та нели од 1945 до денес Службите имаат процесирано 120 000 досиеа за Македонци кои си ја сакале Македонија. Колку ги убија по ливадите, кањоните, шумите и затворите ?
Молк, на елитата името и смета, односно бизнис голем е, сака да ќари ако може.