Лешпер во ТВ НОВА

Image result for игор лештар сеавус

Денеска на запознавање со фактичката ситуација, во посета на Телевизија НОВА, беше новиот газда на оваа медиумска куќа Игор Лештар.

Лештар е газда на успешната фирма Сеавус, своевремено поврзувана во тесни бизнис релации со ВМРО ДПМНЕ. Од пред некој година Лештар и ВМР ДПМНЕ се во отворена војна и на две различни страни.

Фирмата Сеавус и Игор Лештар имаат клучна улига во згаснувањето на магазинот Форум. Најнапред, за потребите на ВМРО ДПМНЕ пред повеќе од една деценија, Лештар го купува Форум со кој уредникуваше Слободан Чашуле, за да по преземањето како главен и одговорен уредник го постави Атанас Саки Кироски (внук на човек што ги кодошел партизаните од Беломорска Македонија). Со помош на Кироски, Лештар успева да го згасне двонеделникот/месечникот Форум, што за голем пари и договор за политички молк беше купен од Сашо Орданоски и Ѓунер Исмаил.

Денеска Лештар (зад грб вработените му дале надимак ЛЕШПЕР) направил инспекција на телевизијата придружуван од директорот на телевизијата Дарко Колевски. Сето тоа со знаење на досегашниот сопственик Сеат Кочан, но без да биде информиран специјалниот советник на Кочан, поранешниот директор на Канал 5, Виктор Грозданов.

Според добро информирани кругови, доколку Чештар ја преземе телевизијата, на местото на главната уредничка Билјана Трендафилова, ќе биде назначен охриганецот Предраг Петровиќ, сопственикот на А1он порталот. На тој начин, Сорос и УСАид ќе влезат и во овој медиум.

Тоа е лошо и за Сотир Костов и слични аналитичари, бидејки нема да имаат место за настап.