КОЛЕДЕ 1945-та

Image may contain: 1 person, sitting and standing

Славиме Коледе, а никој досега не спомнал за крвавиот Коледе во 1945 година каде по наредба на ЈОСИП БРОЗ ТИТО масовно се убиени над 1.200 Македонци! Вечна слава, јас не заборавам а не забораваат и многу други!!!

7 јануари 1945 година, првиот ден на Божиќ, по список составен од Лазар Колишевски во Вардарска Македонија се убиени без суд и пресуда 1200 луѓе. На 26 декември 1944 година, неколку дена пред Божиќ 1945 година во касарните во Скопје и Штип се побуниле неколку илјади војници и над 100 офицери. Тие не биле согласни со дојдената заповед од Белград да заминат на фронт во заштита на Србија. Ја изјасниле својата желба војската да се насочи кон Солун, за да се ослободат сонародниците од Егејска Македонија. Пратениците на Тито, Светомир Вукманович – Темпо, Лазар Колишевски и ген. Михајло Апостолски одлучуваат, дека сега е моментот за пресметка со приврзаниците на “бугарскиот окупатор”. Тие ги собираат околу себе српските офицери и им кажуваат дека побунениците се некакви “бугараши”, “Ванчомихајловисти”, “ВМРО-вци” и “фашисти”. Ген. Апостолски ги примамува на побунетите офицери во Офицерскиот клуб во Скопје “за да разговараат за ова прашање”. Таму веднаш ги разоружуваат, уапсуваат и ги затвораат во занданите на старата турска тврдина Кале. По кратко испрашување, водено лично од Темпо само за неколку часа се стрелани над 70 офицери. Пред испрашувањето Темпо на секој му велел: “Хочеш Солун, еве ти га…”.

Војниците кои веќе се прибрале во касарните почувствувале дека со нивните офицери нешто се случува и околу 1000 од нив повторно се насочуваат кон центарот на Скопје. Таму се пресретнати од добро забарикадирани српски партизани, кои започнуваат против нив безмилосна автоматска стрелба. Убиените на плоштадот се околу 100, над 900 се уапсени и затворени во Скопско кале. Таму се чуваат повеќе од еден месец без леб, вода и ќебиња. Речиси сите умираат од глад и студ. На 6ти спрема 7ми јануари 1945 година започнало масовно истребување на градоначалници, свештеници, учители, обични селани низ цела Македонија. Тие биле нарекувани “бугараши” и “помагачи на бугарскиот фашистички окупатор”, без суд и пресуда. Се употребувал штотуку изгласан закон за “Заштита на македонската чест”.

 

Јане Киров