Христијан Мицкоски, во улога на нов лидер на ВМРО ДПМНЕ, во саботата во Валандово го оддржа својот прв претседателски говор.
Говор траеше 20 минути. Токму толку колку што е потребно да се држи вниманието на слушателите. Доколку остане во оваа маргина од 20 минути држење говор и во понатамошното свое водење на партијата, ќе е сериозно подобрување на вис-а-вис комуникација меѓу него и неговото гласачко тело.
Во потполност се согласувам со определбата и советот на еден од најбрилијантните аналитичари и новинари од Македонија, мој пријател, кој вели дека мора да му се остави време на Мицкоски. Точно така. Тој не е магионичар.
Сепак почетничките грешки во чекори мора да му се покажат, бидејки можеби ги прави од неискуство, незнаење или едноставно му се наметнати од досегашната хидра во редовите на партијата.
Токму од такви добронамерни причини е и овоаа анализа. Впрочем, тој во говорот рече “Секој еден истомисленик и човек што ќе ги споделува вредностите на нашата партија од мене ќе има широко подадена рака на пријателство и поддршка“. Иако, реално, ќе треба да се утврди што е тоа “споделува вредностите на нашата партија“, бидејки истиот ден, на истиот конгрес, еден час порано досегашниот лидер на партијата кажа: “во партијата имало сплетки, дворски игри, лицемерие, дволичност, несикреност, алчноста, интриги и предавства“. Се надевам дека за Мицкоски ова не се “вредностите“.
Најсилниот дел од излагањето на Претседателот е делот за економијата. Економијата, инвестициите, намалувањето на невработеноста, субвенциите секогаш биле најсилна страна на ВМРО ДПМНЕ. Па така е и во овој говорот.
Но, се испостави дека за народот тоа е се во ред, ама националното прашање, прашањето за името, двојазичноста, црквата и слични идентитески и суштински прашања се над секојдневната егзистенција. За тоа нешто во говорот на технократот немаше ниту бледо споменување На , да кажеме, Македонија на Македонците“, а што е најбитно немаше ништо и од неговото “Јас лично, како Христијан Мицкоски, не сум за промена на името“. Зошто во инаугурациониот говор го немаше овој исклучително битен момент?! Да знаеме на што сме. Да знаеме дали да го гласаме на парламентарни, или не.
За разлика од тоа што го немаше делот околу името и делот околу тоа чија е Македонија, имаше експресно јавно разочарување од каосмички брзото постваување на некрофилот Влатко Ѓорчев за шеф на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ. Додека недолжни луѓе и патриоти, меѓу нив и парламентарци, чмаат во соби 3×3 со едвај 2-3 часа парно греење на ден, тој што беше се‘ спротивно на тие патриоти – Влатко Ѓорчев, е поставен на позиција што јасно кажува дека тие во Шутка се виновниците, Влатко е тој кој бил во право на 27-ми.
Not good for a start!
…
Околу самиот говор:
- “Различните мислења, само го потврдуваат демократскиот капацитет на нашата партија и на луѓето кои се дел од таа партија“. Ова кажано од Мицкоски извонредно и демократски звучи. Се плашам да не е само декларативно. А, дали и навистина ова го мисли многу наскоро, преку неговите и потезите на неговата партија, ќе дознаеме. Бидејки исто така вели и “Ќе се трудам да ги вклучам сите оние што ќе помогнат во борбата за демонтирање на оваа неспособна влада предводена од СДС“. Забиберено со “Без суета и без каприци“. Од тие “сите“ има само неколкумина, два-тројца, што со конструктивна анализа и критика, со совети различни од траекторијата по која одеше партијата, беа интерно прогласени за најголеми непријатели. Дури им беше кажано дека заради нив биле загубени локалните избори!!! Навистина ќе чекам да видам како Мицкоски “сите оние“ ќе ги вклучи?
- Мислам дека тешко ќе дојде до вклучување на “сите оние“, доколку остане стереотипниот пат кон иднината. Па така, Мицкoски вели дека перспективата за младите била ЕУ?! Според него “нивните (на младината од Македонија) врсници од европските земји уживаат во придобивките на Лувр, Нотр Дам, солидната германска економија, римскиот Колосеум, англиското претприемништво“… На сето ова додава “Единствениот пат е патот кон ЕУ и НАТО“. И сега, шта речи а не заплакати? Прво, ова што го кажува Мицкоски значи дека Христијан појма нема дека на Велика Британија (и Англија во неа) и се случи Брегзит. Англија, значи кинисала да излегува од ЕУ. Зошто ние сме во спротивен правец од англичаните и нивното претприемаштво?! Натаму, со што се тоа сега спречени младите од Македонија да “уживаат во придобивките“ на Лувр, Нотр Дам, Колосеум, германската економија???!!! И, дали како нов лидер на оваа партија ги знае податоците за расселувањето на младите луѓе од Бугарија, Романија, Полска и Хрватска по нивното зачленување во ЕУ и НАТО наваму?
- На истата тема тој вели: “Македонија МОРА да стане членка на ЕУ и НАТО“. За тоа требало структурни реформи и суштинско подобрување на сферите!!! Не можам да дешифрирам што значат овие апатични флоскули. Но сигурен сум дека и најмалото дете од најзабаталеното селце во Македонија знае дека условот за влез во НАТО и ЕУ е промена на името. А не “подобрување на сферите“.
- Во говорот на Мицкоски во саботата ми посмета што при речениците како“Мојата визија е држава за народот“, не ни кажа и на кој народ? И во текот на целиот говор немаше изустено МАКЕДОНСКИОТ НАРОД. Сепак, ВМРО, па и ВМРО ДПМНЕ, се организации на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД.
- Бидејки Мицковски рече и дека “Немам намера да штитам неприципиели работи“, принципиелно ме интерсира чија е ВМРО ДПМНЕ и Македонија. Еве, ако ги прашаш нивните довчерашни коалициони партнер ДУИ чија е партијата и чија е Македонија западно од Вардар, тие ќе си имаат сосема прецизен одговор.
- Мицкоски вели и дека нема да дозволи внатрешната дебата да се претвори во театар на отворена сцена. За жал, тоа со прогонот од СЈО, позиционрањето на Филип Петровски на директорски позиции, отклонувањето на Илија, Трајко, Антонио, Чадиев, Ванкувер и други – не е веќе театар, ами театарски фестивал.
- Искрено, очекував да чујам уште некој quote од Черчил, за да се насмеам. Ама Христијан ме превари, па го парафразираше Трамп со “Мејк ВМРО грејт агеин“. Тоа, навистина може да е одличен слоган и за сегашнава битка на партијата и за претстојните вонредни парламентарни избори.
Оваа анализа е најблага што можев да ја направам. Морав грешките што се направен на почетокот, веднаш да ги детектирам.
Но сепак, на Христија Мицкоски треба да му се остави време, за да покаже кој пат го фатил.
Во својата активност, будно ќе биде мониториран од мене, Мирка Велиновска и Бобан Нонковиќ. “Тројката од Брисел“, која единствена остана недопрена од бактеријата на партиско навивање.
Миленко Неделковски
Скопје
26.12.2017
10.18 ч.