Без разлика што со многу работи не се согасувам, а тоа и јавно го пишувам, сепак кога има протести за повисоки цели, јавно СО ПРИСУСТВО, ја изкажувам својата поддршка.
Говори не држам, оти не можам да настапам барабар со Тодор Петров, ама ако некои, билокои, тврдокорни се собрале со декларативна цел да се брани МАКЕДОНСКИОТ јазик, јас си доаѓам да дадам поддршка.
Денеска, вечерва, иако имам подоста забелешки (особено затоа што со ваква тактика не се тргна многу порано), без говори и обраќања, дојдов да бидам дел од НАРОДОТ што се бунтува против фашистичкиот режим на Џес Бејли и Зоран Заев.
Сите оние што се пентареа да држат говори во 77-те дена протести, денеска ги немаше пред суд да ги поддржат оние притворени на чиви маршеви говореа.
Па така, драги сограѓани и соборци, кога и да одам откако ВМРО е во опозиција, од “силната“ булумента “патриотски“ новинари НЕМА НИТУ ЕДЕН. Само Миленко, а и Тони Шанац понекогаш, ако како шоумен со ТВ емисија е во таа новинарска категорија. И, толку.
“Про-ВМРОвски“ новинари од пишаните медиуми, од радиото, телевизиите, порталите ГИ НЕМА. Уредници, уреднички, директори, директорки, новинари и новинарки, водители и водителки. Аш.
Се чукаа со години во гради, биле блиски до овој-оној, до тоа-оноа биле, ама кога треба да се истопурчиш и да бидеш заедно со својот народ – цврц. Дупе гаче жваче.
Чудно е тоа?! Како ВМРО ДПМНЕ да нема “свои“ новинари. И, ако ова “свои“ е премногу грубо како етикета, тогаш барем новинари што ја симпатизираат и поддржуваат национално-десната политичка опција. Што ги поддржуваат проектите, градбите, фабриките, булеварите, автопатите.
Ама не, ги нема батињата. Скриени се, се кажуваат дека се “професионалци“.
Иако, “професионализмот“ нема никаква врска со патриотизмот, домољубието, праведноста.
Чудно е тоа како СДС секогаш има новинари, и тоа капиталци, што се или нивни партиски членови, или барем верни поддржувачи:
Сашо и Коко.
Тричко.
Геро.
Милчин.
И купишта други.
Да потсетам, овие фотки пострани погоре се од периодот кога СДС беше тешка и очајна опозиција. Нешто слично како што е сега ВМРО.
ВМРО на своите митинзи имаше насмеани, расселфирани, раздрагани “свои“ новинари само додека беа на власт. Сеа, оп, само Миленко. Другите исчезнаа!
Јеботе, судбина и јарцу доноси рогове.
Јас може да не се согласувам со Бетмен за илјада работи, може да го критикувам, дробам… Но, мора да се оддаде почит нему, како и на Борис Дамовски и Јохан кои без страв, без респект кон фашистичката власт, храбро се пријавија во полиција/суд, откако разбрале дека биле барани. Немало бегање како што тоа го правеше Владо Димов или Владо Бучкоски. Немаше “помиловање“ како она на Заев од БЦ – ништо од тоа. Само мажи кои решиле со својата судбина да се носат храбро и достоинствено.
И, затоа пред суд дојдов да дадам поддршка.
За сите оние што се приведени или уапсени, но и за сите оние што ќе бидат приведувани и апсени во блиска иднина.
Да не заборавам, посебно драга награда ми беа пораките од граѓаните што пријдоа да се поздрават во стилот “Фала богу, нашиве те послушаа“, алудирајки на излегувањето на протести.