Постои група на луѓе која своевремено се организираше под името “Обединети за фудбалот“, но останаа само да се обединети во желбата за функции во ФФМ. И, се обединети во омразата кон се и секој што таа нивна желба не им ја остварува.
Катадневно, таа мала група дреме по ходниците на МВР пријавувајки неправилности во работата ма ФФМ или нејзини функционери и служби. А и пријавува неправилности до УЕФА и ФИФА. Плус, под организација и спонзорство на Мирсад Јонуз своевремено беа и кај Горан Пандев за да му кажат да не игра за репрезентацијата на Македонија.
И, од сета оваа “фудбалска“ активност на Обединетите за фудбалот, не бидна ништо.
Остана омразата кон “Човекот од Зрзе“! Изгледа, според нивните норми за да се биде Претседател на ФФМ треба особата да е родена на Бевери Хилс?! А баш ме интересира од каде води потеклото на неколкумината од Обединетте за фудбалот?! Од Гринич Вилиџ?
Фудбалот е најкомплексен и најкомплициран спорт на планетава. Ниту еден друг не е ниту приближно до него. Тоа е и спорт каде конкуренцијата е најголема. Не сакајки да ја намалам вредноста на ракометните, кошаркарските или борилачките успеси – сепак, фудбалот е далеку над нив. Ужасно тешка е задачата да вклопиш 30-40 фудбалери, стручен штаб, нутрициониетси, лекари, логистика… Треба знаење, трпение и пред се време. Најголемите светски клубови, ко Реал Мадрид, немаат време, ама имаат милиони. Стотици милиони. Од друга страна, национална репрезентација не се прави со пари, не е тоа ракомет или кошарка па да натурализираш еден Бо Меклејб и да заврши работа. Во фудбалот треба да имаш време да го дочекаш вистинското време. За да може тимот, селекцијата, да созрее.
Такво време, за селекциите на ФФМ, предводени од “Човекот од Зрзе“, ете дојде сега.
Јас, како фудбалски хроничар, не ги гледам и читам “Обединетите во омразата“ да напишат некој позитивен статус за перфектните резултати на младите категории, а пред се на серијата на успеси на А селекцијата на Мрме.
Редно би било, човечки би бил, макар и од Рожеден да си, да ги честиташ победите и успесите. Да го констатираш податокот дека националната А селекција е компактна, квалитетна, успешна, укомпонирана… Дека од А селекцијата Илчо, Мрме и Чиро направија да се гордееме со играта, резултатите и ангажираноста на нашите фудбалери.
“Обединетоте во омразата“ останаа длабоко закопани во нивниот гериз. Таму им е местото.
Миленко Неделковски,
11.11.2017 – Скопје