ДУДИНКА

ДУДИНКА

Што побргу се разбере во каков амбис не‘ води послушничката влада на Зоран Заев, што по скоро дојде до сенародно освестување, што по рано престанеме да примаме “алуминиум“ – тоа ни се поголеми шансите за опстанок.

Да се разбереме, ниаков странец, сила, притисок, договор, платформа, шкрабанца на хартија не може да го смени она што човекот си го носи со себе. Македонска држава немало две-и-пол илјади години, па ние и натаму сме си Македонци. Примерот со куридте, исто така, е очебиен.

Но, сега станува збор за одбрана на придобивките кои веќе ги имаме. Држава, каква таква. Не комплетна, не во своите природни граници – ама држава. Устав осакатен заради Љубомир Фрчкоски и Владо Поповски – ама сепак устав.

Што порано дојде до комлетно освестување, поарно. За да не се доведеме во ситуација да губиме нови три години, како што ги загубивме последниве три.

Три формални и неформални субјекти треба да се разбудат.

Прв субјект се гласачите што го дадоа својот глас за СДСМ. Тоа не се само симпатизери или членови на СДСМ, ами и граѓани што сметале дека треба да гласаат за таа страна а не за спротивната. Па така, без разлика на нивниот мотив за такво гласање минатиот декемеври и овој октомври, будењето во главен град со стари зглобни Саноси, во држава со драстично поскапени горива, во општество со ослободени и пуштени од затвор тешки криминалци, во стопанство со затворени големи гиганти како Фени – мора да е отрезнувачко. Не верувам дека било кој од тие гласачи, заокружувајки го СДСМ на избирачкото ливче, гласал за оваа и ваква реалност. Ако не сум во право, ако гласал за вакво нешто, тогаш во Македонија владее епидемија од мазохизам. Немам причина да верувам дека моите сонародници имаат вирус што носи желба за самоповредување.

Втор субјект се гласачите што традиционално гласаат за ВМРО ДПМНЕ. Тие беа апатизирани и маргинализирани. Апатизирани, не само од “алуминиумот“ на Ацо Рембранд, ами од политичките потези што ги влечеше паријата за која би сакале да гласаат. Маргинализирани од истата таа партија, кој направи остро свртување од традиционалниот десен национализам, кон импотентниот педеризиран политички центар. Овој втор субјект ќе мора да се осоколи да почне проблемите сам да си ги решава, а не да чекај некој да го поведе, да го повика, да го насочи.

Третиот субјект е врвот на ВМРО ДПМНЕ. Не целиот апарат на оваа партија, и не целиот ИК. Оти таму има и само фигури од типот домазет (има слика нема тон). Муабетот ми е за дисижн мејкерите. Што порано тие избегаат од “Сајгон синдромот“ од кој се оболени, што побргу го променат своето однесување па наместо нивната персонална судбина да им е најважна судбината на Македонскиот народ, што порано престанат да лажат (“ја примивме пораката“, “ВМРО се враќа на својот традиционален идентитет“…) тоа ќе е поарно за нивните поколенија и нашите животи. Што порано врвот на ДПМНЕ стане самокритичен, тоа подобро. Што побрзо врвот на ВМРО ДПМНЕ ќе почне без лутење да ги прима критиките – тоа поарно. Што порано врвот наместо “реактивно“ ќе почне да реагира на “солушан ориентејтид“ начин – тоа ќе биде по здраво за нивната партија и нашите животи.

Веќе најавив дека ќе следуваат серија од текстови што ќе нудат решенија за излезот од криза на државава и единствениот политички субјект што имал габарит и има потенцијал да донесе пресврт за народот повторно да биде свој на своето. Ова е еден од тие текстови.

Пред овој, имав текст каде кажав дека ЕДИНСТВЕНА солуција за да се растури планот на Бејли, “длабоката држава“, ЕУ фашистите  и слични е НЕДОЕЊЕ ВО ПАРИЗ на ВМРО ДПМНЕ. Тоа е формулата, тоа е “мекиот стомак“ на планот да се уништи Македонија. Таму треба да се удри со сета сила. Не со удар во “мекиот стомак“ за само да му се избие воздух на ѕверот, ами со удар кој ќе му ги пукне јетрата и искрши ребрата.

Јас, и покрај големите проблеми и силните батковци против кои пишвам и се борам, сметам дека мисијата на “Дудинка“ засега успешно се остварува. Реално гледано, тоа е единствениот медиум (не само сајт) во Македонија каде може да се прочита и види критика кон сите субјекти што се во политиката во Македонија. Сите други медиуми се во позиција на навијачи, тифози… Сите други медиуми се исто што и мадридисти, росоњероси, нероазури, бедблубојси, торциди, цигани, гробари, комити… Тоа се се‘, само слободни медиуми не се.

Како тоа може да се види? Лесно!

Одете на Курир, Република, сајтовите на Филип Т. Петровски, Алфа, Нова и слични, па проверете дали има барем еден текст или емисија кој е барем и најмала критика на раководствот на ВМРО кое го доживеа најкатастрофалниот пораз во историјата на изборите во Македонија? Има ли? Нема! Па ваљда не се тие од ВМРО ДПМНЕ до толку безгрешни. Едно нешто ќе имаше.

Одете на Плусинфо, Либертас, Бриф или било кој друг соросоиден портал или на сросоидно-сдсмовските телевизии, па проверите дали има било каква кртика за задолжувањето на “Бруто-нето Данска“, за поскапувањето на бензинот, за зделките на Анѓушев, за пуштањето на криминалците, за затварањето на Фени, за старите автобуси по улиците на Скопје, за продавањето на националните интереси? Има ли? Нема! Па ваљда и овие од СДСМ, како и оние од ВМРО, не се до толку безгрешни. Едно нешто ќе имаше. Е, нема, оти и таму си има уредници и новинари кои се партиски клиенти на партијата на власт.

Затоа “Дудинка“ е останата последна слободна медиумска територија.

Па како таква релеванта и независна, сметам дека е успех кога се гледа како политичкиот субјект кој ми е битен и важен, а тоа е секако ВМРО ДПМНЕ, прифаќа сугестии кои се овдека, и на ниту едно друго место, напишани. И тоа повеќе пати. Во тие успеси “Дудинка“ ги вбројува ретерирањето на Никола Груевски од “кон центарот“ концептот  и враќање кон традиционалниот идентитет. Тоа го поткрепи и со зборовите “не е ниту срамота, ниту погрешно да се обидете да освоите други членови и симпатии, но очигледно тоа го направиле многу нагло и не многу вешто“. Се надевам дека е тој искрен во ова. Исто така “Дудинка“ е горда што по серија прозивки, генералниот секретар на партијата Мицковски објави дека се откажува од советничкиот мандат. Иако тоа повлекување не беше пропратено со повлекување и на другите негови сопартијци, сепак индицираше дека ѓен-секот тоа го прави како поткрепа на ставот на неговата партија и лидер дека “не ги признаваат изборите“.

Да најавам, следниот текст за нудење решеенија за излез од оваа септичка јама, по скопски тоа се вика гериз, ќе биде на тема “инат“.

За ден – два и тој текст ќе види бела виделина.

 

 

Миленко Неделковски

Скопје, пред да оди да пие кафе со Владо.

03.11.2017  7.35 ч.