Кои сте тоа “вие“ што сте ја примиле пораката? Некоја елитна група? Сина крв, масони, илуминати??? Стварно бе, кои сте вие што сте ја примиле пораката? И, на кој спрат од Белиот дворец сте?
Која порака ја примивте? Или ако се повеќе, кои пораки ги примивте?
Со пораката/пораките што ќе правите? Ќе ги прифатите, ќе ги одбиете, ќе ги маргинализирате, ќе ги пренебрегнете, ќе им се исмевате, ќе ги сакате, ќе ги мразите, ќе ги објавите, ќе ги криете???
Како тоа со години се фалиш/фалите дека народот е со вас, а при толку дружба пораките дури сега ги примивте?! Не биваше ли порано да ги примите, па овој ужасен изборен блам да го избегнете?
Дали ја примивте и мојата порака дека ИК на ВМРО ДПМНЕ мора да даде комплетна оставка уште вчера?
Што бидна и со пораката во Париз да не се оди? Ни некој од вас, а најмалку вашиот лидер. Та порака ќе ја прифатите ли?
Вита јела црни бор, чекам брзи одговор.