Градот на светлоста

Фашистите од Запад сакаат што поскоро да си ја завршат работата со Македонија. Упссс, пардон, со “Централната Балканска Република“, односно ЦБР. Ќе сме имењаци на Хонда ЦБР.

Фашистичкиот, не од народ избран, режим од Брисел во содејство со Вашингтонската, не од народ избрана длабока држава, сакаат градот на светлоста нам да ни го направат град на темнината. Во Париз, во куќата на Жан Моне, еднаш за секогаш да ни се стемни.

Колку педерски ќе ни го спопикаат кажува и самиот избор на локацијата – куќа на човек што кажал: “Нема други порази освен оние што сами си ги прифаќаме“.

Ќе ги однесат нашите политичари таму за сами да си го прифатат поразот. Апсолутно исто како 2001-ва. Тие што ќе одат во Париз ќе се апсолутно исти капитуланти и предавници ко Владо Бучковски и Бранко Црвенковски од СДСМ, односно Борис Трајковски и Љубчо Георгиевски од ВМРО.

Единствено што ќе биде различно се имињата на странските ебачи што ќе ни го спопикаат. Нема да се Солана, Леотар и Пердју. Туку ќе дојдат Федерика Могерини, Иво Вајгл и Едвард Кукан. Или некои такви слични, се едно, со иста задача да ја замрачат комплетната Македонија и да го избришат Македонскиот народ.

СДСМ како партија, идеологија но и персонално, нема да има никаков проблем да отпатува до Париз и да прифати апсолутно се‘.  После прифаќањето на Тиранската платформа и потпишувањето на договрот со Бугарија, после задолжувањето на државава со темпо од над 100 милиони евра месечно – тие апсолутно не се фактор, ами “нарани кучета и не пипај дугмета“ робови на фашистичките владетели од Запад. Извршители.

ВМРО ДПМНЕ, од друга страна, има членство, гласачко тело и симпатизери, кои сите до еден, не поддржуваат било каков расплет во Париз. Премногу се свежи сеќавањата на катастрофалните партиски политики со Пржино 1 и 2, премногу е болно сознанието дека токму ВМРО ДПМНЕ потпиша капитулација 2001-ва, премногу е видливо дека сегашното раководоство на партијата дозволи изборната волја на граѓаните да биде погазена и неиспочитувана – за да може да има било какво разбирање за враќањето пасоши и лет кон Орли, Шарл Де Гол или Буве.

Крајно, премногу е очебијно (се виде преку настапите на Н. Груевски и В. Ѓорчев) дека ВМРО ДПМНЕ нема да преземе ништо во врска со изборната кражба и насилие на последните локални избори. Ќе си легнат на брашното.

Партијата е легната на земја, со стомакот надолу, главата во прашина и со рацете врзани зад грб. ИК е составен од луѓе што го доживеаја најтешкиот пораз во историјата на изборите во Македонија. Раководството е уценето. Снимки, кои ги нема објавено “странскиот фактор“, преку бомбите на Заев, Бејли им ги мавта пред нос.

Мала дигресија: Во една провмровска емисија, како и во неколку настапи и прес конференции на врвот на партијата и на самиот лидер Груевски, се провлекуваше нивна прикаска дека имале и други, поквалитетни, кадри за градоначалници (во Гевгелија на пример, доктори…), ама тие кандидати биле уценети од СЈО. Со што би можеле да бидат уценети, освен со снимки?! Значи, после “бомбите“ на Заев, уште поопасни се “Никола Тесла style“  снимките што ги употребува Бејли, неговиот дипломатски кор и неговите “Трите“ обвинителки.

Што значи, дека над вратовите на раководителите на ВМРО ДПМНЕ не само што лежи Дамакловиот меч на политичките судски процеси (гонење, притвори, рочишта, пресуди, затвори), ами и мечот на другите снимки кои заради деликатната своја содржина ќе ја срушат сликата за поедини, ако не и сите, долгогодишни партиски и државни функционери.

Бидејки ако Ермира може да стенка на полноќ, веројатно и други стенкале. И биле снимени. И сега се дебело уценети. Па, после наместо преку Никола Тесла лажниот профил, ќе слушаме еротски пикантерии преку некој друг профил, Томас Едисон, на пример.

Да се вратам на Париз.

Овака легнат на земја и врзан ВМРО ДПМНЕ, организам кој сеуште не сака да понесе одговорност за делата направени досега, организација која е и те како релевантна за меѓународната заедница (затоа е и уценета и притисната), има само една одбранбена можност. Имено, флоскулата “народот е со нас“, на последниве локални им е избиена од рацете. Затоа, велам, останува само една можна стратегија! А тоа е ДА НЕ СЕ ОДИ ВО ПАРИЗ. Без разлика на било какви уцени, снимки, притисоци – не смее ВМРО ДПМНЕ да оди во Париз.

Сега, директно да ви се обратам господа Груевски, Протоѓер, Божиновски…, не сте на власт, не ја водите државата, безбедносните сили не се под ваша команда. Тоа значи, дека “аргументот“ што постојано го стававте на маса при прашањата “зошто попуштате“, сега веќе НЕ ВАЖИ. Кој аргумент? Па оној, Ваш, кога велевте, “МОРА ТАКА, ОТИ СТРАНЦИТЕ ЌЕ НЕ‘ БОМБАРДИРААТ“.

Бидејки досега немам чуено да постои во светската историја бомбардирање на држава заради опозиција, тој многу “јак“ ваш “аргумент“ веќе не стои. Државата нема која да ја бомбардира, бидејки би требало нивниот пулен Заев да си го бомбардираат. А и вториот аргумент “ќе им дадат наредба на шиптарите да ни ја растурат државата“ не стои, оти веќе не сте власт, а и ДУИ веќе не е со вас, ами е со нив.

Па така, ако вака јасно се погледнат работите, излегува дека меѓународната заедница не може со ништо да ве притисне, туку само со снимки. Ако ги има. Ако ги нема, а би сакал да е  така, тогаш може да им се смеете во брк. А ако ги има тие снимки, тогаш тешко вам и на вашите поколенија.

Многу важно е да разбере раководство на ВМРО ДПМНЕ, дека и надвор од нивното мало затворено друштвенце на млади мудреци, постојат и симпатизери и поддржувачи на ВМРО (идеа, традиција…) кои се со бели коси и големо животно искуство, па можат да дадат и по некоја насока, совет или ненавијачка анализа.

Ако раководството на ВМРО ДПМНЕ го разбере претходново, би требало да разбере и дека единствен адут во ракавот им е НЕОДЕЊЕ ВО ПАРИЗ. Само ако не одат, ќе се политички живи, актуелни и барани од нивниот омилен “запад“. Само неодењето во Париз, одбивањето на било какви разговори и преговори (како за името, бе!) ги прави политички релевантни.

Промената на името, без консензус во кој ќе учествува и ВМРО ДПМНЕ, нема да се деси. Во овој момент, целата одговорност за државата е на Заев и на СДСМ. Тоа е “мекиот стомак“ на стратегијата на странците за помрачување на Македонија во градот на светлоста. Немаат странците уцена врз ВМРО ДПМНЕ која се однесува на распаѓање на државата, пуштање бегалци на границата, бомбардирање ако не сме послушни… Сите тие одговорности се на Заев. Не на Груевски.

Тоа е “мекиот стомак“ на овој Бејли-пуши-кур план. Со неодењето во Париз, и Бејли и Могерини дебело ќе го попушат.  Со неодењето во Париз, западот нема “кејс“. Односно ќе биде case dismissed.

Но со евентуалното одење во Париз, раководството на ВМРО ДПМНЕ ќе покаже дека не се работело ниту за бомбардирање од НАТО, распаѓање со помош на албанците, прогонот од СЈО… Не, не… Тогаш ќе се покаже дека има нешто уште по грозно за нив лично, што како уцена е употребено. Толку грозно што се спремни и државата и интересите на народот да ги продадат во куќата на Жан Моне.

Тик – так, тик – так… Времето лета. Не запира.

До Нова Година ќе знаеме дали има други работи за кој се уценети, па не можат да писнат.

На крајот да повторам две работи:

  1. “Мекиот стомак“ на стратегијата на Бејли и западот е неодењето на ВМРО ДПМНЕ во Париз.
  2.  Евентуално одење во Париз кажува дека има нешто гнасно со што ве уценуваат.

 

ПС

Бидејки, со право, многу читатели реаграат во стил: “Добро бе, доста со анализи и критики. Дајте решение. Кажете што да се прави?“, сметам дека е ова прв текст во серијата од текстови што ќе следи, каде ќе ги посочувам конкретните потези и решенија што треба да се направат.                                                                 Бидејки ВМРО ДПМНЕ останува глуво за сугестии “од надвор“, бидејки си мислат во ИК дека си се најпаметни, ја немам друг избор пред себе, народот и Бога, туку вака јавно да го пишувам она, што всушност би требало да биде добитна стратегија за ВМРО ДПМНЕ.                                                                                                Ова јавно пишување има само една маана! Непријателот ќе ја знае стратегијата, па ќе може да смисли начин како да се брани.

 

 

Миленко Неделковски

 

Скопје 01.11.2017

07.45 ч.