-
ЖИВИ ГЛУВЦИ ИЛИ МРТВИ ЛАВОВИ
Меѓу главните причини за период од три илјади години да имаме малку време своја држава и да јаизгубиме прогласената во 1991 г. независност е дека СЕКОГАШ ЖИВИТЕ ГЛУВЦИ ВОМАКЕДОНИЈА БИЛЕ МНОГУ ПОВЕКЕ ОД МРТВИТЕ ХЕРОИ. НИЕ ГИ СЛАВИМЕ ХЕРОИТЕНО ОД ГЛУПОСТ КАКО И НАМЕРНО НЕ ГО СЛЕДИМЕ НИВНИОТ ПРИМЕР. ЗАТОА ОДЕДНА СТРАНА СЕ ПРАВДАМЕ ДЕКА СЕГА НЕ БИЛО 1893 ИЛИ 1941 ГОДИНА И ТОГАШ СЕБОРЕЛЕ ЗА ДРЖАВА СО ОРУЖЈЕ, А ДЕНЕС БОРБАТА БИЛА СО ПЕНКАЛО НА ИЗБОРИ. ОДДРУГА СТРАНА, ДЕГРАДИРАМЕ ВИСТИНСКО ХЕРОЈСТВО СО ФАЛШЛИВИ ХЕРОИ.КОИ СЕ НАЈГОЛЕМИТЕ МАКЕДОНСКИ БОРЦИ ЗА СЛОБОДА ВО ПОСЛЕДНИВЕ 150ГОДИНИ? ЃОРГИЈА ПУЛЕВСКИ, ДЕДО ИЉО МАЛЕШЕВСКИ, ДИМИТАР ПОП ГЕОРГИЕВБЕРОВСКИ, ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ, ГЕМИЏИИТЕ, ПИТУ ГУЛИ, КРСТЕ МИСИРКОВ, ДИМИТРИЈАЧУПОВСКИ, ЈАНЕ САНДАНСКИ, КОЧО РАЦИН, НИКОЛА ВАПЦАРОВ, КУЗМАНЈОСИФОВСКИ-ПИТУ. Само што, кон овие великани беа додадени мноштво фалшливи, кои гокомпромитираат ослободителното движење како МАКЕДОНСКО. Во времето на османлискотовладеење беше создан митот за Крали Марко како компензација за недостасувањето на вистинскиМакедонски херои. Проблем е дека и кога ги имаме хероите, ние ги менуваме за наводни херои напринципот „коњ за кокошка“.Не е чудно дека во изминатите 27 години ВМРО-ДПМНЕ води капитулантска политика. КОГА ВОМАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА ПАРТИЈА СО НАСЛОВ ВМРО ВОДЕЛА БОРБА ЗАМАКЕДОНСКА МАКЕДОНИЈА? НИКОГАШ. Затоа и Законот за илинденски пензии од 1946 г. гоопфаќа само периодот 1893-1908 година, кога ПОСТОИ МАКЕДОНСКА РЕВОЛУЦИОНЕРНАОРГАНИЗАЦИЈА СО ДЕЛЧЕВ И САНДАНСКИ. ВМРО од нејзината појава до 1934 година кога езабранета, е пробугарска организација. Затоа и по превратот во Бугарија на 19 мај 1934 со кој сезабрануваат политичките организации, раководителот на ВМРО Иван Михајлов излегува сопроглас: „Во врска со сменетата на 19 мај ситуација на управување во Бугарија и спроведување одновата влада член 14 од Манифестот кон бугарскиот народ, ВМРО изјавува дека согласно одлукитена нејзиниот конгрес во 1931 г., нејзините членови се распуштаат И МОРА ДА СТАНАТЛОЈАЛНИ ГРАЃАНИ НА ДРЖАВАТА“ВМРО доброволно се распушта без да испука ниту еден куршум против бугарската влада, затоа
што е марионета на Бугарија. ВМРО-ДПМНЕ исто е марионета (на САД и ЕУ), затоа и таа партијаја предаде државата без никаков отпор. ПРОТИВ ГАЗДИТЕ НЕ СЕ ПРУЖИ ОТПОР. Затоанормален човек не може да очекува дека натаму ВМРО-ДПМНЕ ќе ја брани Македонија ако не јабранеше кога ја имаше целата власт – и централна и локална, кога ги имаше институциите,вклучително армијата и полицијата.ТОГАШ ШТО МОЖЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ОД ВМРО-ДПМНЕ ВО БЛИСКА ИДНИНА?ДЕФИНИТИВНА КАПИТУЛАЦИЈА:ПРВО – ПРИ СКОРЕШНОТО РАТИФИКУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА ВОМАКЕДОНСКОТО СОБРАНИЕ. УШТЕ ПОВЕКЕ, ГОЛЕМ БРОЈ ОД ПРАТЕНИЦИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ И ОД РАКОВОДСТВОТО НА ПАРТИЈАТА, НАДВОР ОД МАТИЧНИОТМАКЕДОНСКИ ПАСОШ ИМААТ И ВТОР БУГАРСКИ ПАСОШ. ТОГАШ ЗА КАКВА БОРБАМОЖЕ ДА СТАНУВА ЗБОР?ВТОРО – ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА РАКОВОДСТВОТО НА ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ ПРИФАТИРАМКОВЕН ДОГОВОР ЗА МЕНУВАЊЕ НА ИМЕТО И ЗА КАНТОНИЗАЦИЈА НАМАКЕДОНИЈА (ЗАКОНОТ ЗА ДВОЈАЗИЧНОСТ Е ДЕЛ ОД ТАА КАНТОНИЗАЦИЈА).ТРЕТО – СЕТО ТОА КЕ БИДЕ ПРОДОЛЖЕТОК НА ПРИЗНАВАЊЕТО НА ВЛАДАТА НА ЗАЕВИ НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ ОД СТРАНА НА ВМРО-ДПМНЕ. А ЦЕЛОТО ТОА ПРИЗНАВАЊЕЕ РЕЗУЛТАТ ПАК НА ДОГОВОРЕНОСТА МЕЃУ ВМРО-ДПМНЕ И СДСМ ЗА ДОБРОВОЛНО ИМИРНО ПРЕДАВАЊЕ НА ВЛАСТА СО ГАРАНТ САД.Тогаш зошто 330 000 на локалните избори гласаа за ВМРО-ДПМНЕ, кога гледаат дека вопоследниве три години истовремено со СДСМ ја руши државата? Или од глупост или се праватнедоветни како тие 450 000 кои гласаа за СДСМ. ВИСТИНАТА Е ДЕКА И ЕДНИТЕ И ДРУГИТЕСЕ ПРАВАТ НЕДОВЕТНИ ЗА ДА СКРИЈАТ СВОЈАТА НЕПОДГОТВЕНОСТ ДА СЕ БОРАТ ЗАОПСТОЈУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА.Неодамна, бугарскиот премиер Борисов се обрати со потсмев кон бугарскиот народ: „Јас сум простчовек и вие сте прости луге.Затоа ви се допагам и ме подржувате“. Бугарија е докажанонајкорумпираната држава во Европа, а Борисов ужива во трети мандат како премиер. Грција еодамна фалшива држава, а Албанија и Косово се управуваат од бандитски кланови. И
ЗАМИСЛЕТЕ, НИЕ КАПИТУЛИРАМЕ ПРЕД СИТЕ ОВИЕ ЃУБРИЊА, ИМ СЕ ПОКЛОНУВАМЕИ БАРАМЕ ДОБРОСОСЕДСТВО СО НИВ. Ако нам, на Македонците ни се допаѓаат итромани икалкуланти како Георгиевски, Црвенковски, Трајковски, Груевски, Иванов, Заев ИЗЛЕГУВА ДЕКАИ НИЕ СМЕ ОД ИСТАТА СОРТА. КАКО ШТО БУГАРИТЕ СЕ ИСТА СОРТА СО БОРИСОВ,ЦРНОГОРЦИТЕ – СО ЃУКАНОВИЌ, СРБИТЕ – СО ВУЧИЌ. ГОЛЕМИ СМЕ НА ЗБОРОВИ, НАКАФАНСКИ ЕНТУЗИЈАЗАМ И ПАТРИОТИЗАМ, КОЈ СТИГА НАЈМНОГУ ДО МИРНИПРОТЕСТИ. НО СО СЕИРЏИЛАК И СО ПРАЗЕН КУРНАЗЛАК НЕ СЕ БРАНИ ДРЖАВА, КОЈА ЕОПКОЛЕНА СО НЕПРИЈАТЕЛИ.Овие денови една бараба Хојт Ли го заплаши српскиот претседател Вучиќ дека политичката мукариера ќе заврши како на хрватскиот Санадер, на италијанскиот Берлускони, германскиот Шредери македонскиот Груевски – и четворицата поранешни премиери во своите држави. Општото меѓусите нив беше дека се држеа како марионети на САД. Посебното кај Груевски е веќе официјалниотстав дека е политички труп. Слично како и останатите – доброволно.Тука повторно ќе се вратам на алтернативата: живи глувци – мртви лавови. Груевски и спомнатитеполитичари се од сортата европски „бројлери“ кои немаат храброст да го бранат тоа што гозборуваат. Таков испадна пред неколку години Ципрас во Грција, а сега Пучдемон во Каталонија.Тие ја исцрпуваат енергијата на своите народи, а потоа ги предаваат. НА ТОЈ НАЧИН СЕДЕМОТИВИРААТ И ОНИЕ ПАТРИОТИ КОИ СЕ СПРЕМНИ ДА СЕ БОРАТ ЗА СВОИТЕДРЖАВИ. Јас не верувам во анкети, затоа што анкетираните во голем дел се прилагодуваат кон тиекои ги прават. Сепак една анкета на Галуп Интернешнал од пред неколку месеци покажа деканародите во Блискиот Исток и Северна Африка се најспремни да се борат за својата држава – 83 %.Потоа следуват Турците со 73%, Кинезите – 71 %, Евреите – 66 %, Русите, итн. За Македонцитепроцентот е 38, но според мене мора да биде симнат 10 пати.Добро за Каталонија е дека нејзиното Собрание најде храброст да изгласа независност предукинување на автономијата од Шпанија. Затоа што и да биде ставена под штабска контрола,Каталонија ќе се смета за окупирана земја. За жал, според меѓународните стандарди ние не смеофицијално окупирани како во Втората светска војна. Одлуките за нашето укинување како државаги носат македонските политички партии. Притоа со целосен конценсус. ТОА ЗНАЧИ ДЕКА И ПОСВЕТСКИОТ ПРЕСВРТ КОЈ СКОРО КЕ ДОЈДЕ, НИЕ НЕМА ДА ИМАМЕ ШАНСА ДА БАРАМЕВРАЌАЊЕ НА ДРЖАВАТА, АКО БАРЕМ ЕДНА ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ВО МАКЕДОНИЈАНЕ СЕ СПРОТИВСТАВИ НА РЕАЛНАТА, НО НЕ И ПРАВНА ОКУПАЦИЈА. Така како што во
1941 г. се спротивстави македонската комунистичка партија. Затоа македонските непријатели гокористат моменталниот ропски дух на политичари, партии и народ за да добијат доброволноукинување на македонското име, идентитет и држава со конзенсус.А ОД ТАКВА КАТАСТРОФА ВРАЌАЊЕ НЕМА.Стефан Влахов-Мицов
Previous Post: Што кажува СВЕТОТО ПИСМО
Next Post: Никој како Миленко