Горазд Росоклија

Горазд Росоклија

ПРАШУВААТ ШТО ,,ПОВЕЌЕ“ ДА НАПРАВАТ?

За почеток, да одбиете да одите во ,,куќата на Жан Моне” и ако толку многу ви се оди во Франција, да отидете до гробот на Емил Зола и гласно да го прочитате ,,J’accuse”, за да научите дека постојат некои вам непознати лични вредности како и вредности на нацијата, во доменот на личниот морал и националното достоинство.

Ако меѓу Жан Моне и Емил Зола најдете време, би можеле да ни објасните што е тоа што го правите и кои резултати ги очекувате од тоа ваше правење?

Инаку, одговорот на вашето прашање е многу едноставен и е содржан во само една просто проширена реченица:

Лидерство кое не може да биде уценето, застрашено или поткупено.

Толку!

Бидејќи решението не бара голема мудрост, прашањето што ние ви го поставуваме е, зошто не го правите тоа?