Ниту еден МАКЕДОНЕЦ, ниту еден кој себе си се смета за дел од Македонскиот народ, утре на 15-ти нема друга опција, освен да гласа за кандидатите на ВМРО ДПМНЕ. Јас и сите вие МАКЕДОНЦИ за ВМРО ДПМНЕ ќе гласаме.
Толку, околу ВМРО – СДСМ “дилемата“ наметната од Суле&Луке спиновите.
Е сега, малку бројки од синоќешниот говор на Никола Груевски (https://vmro-dpmne.org.mk/pres-centar/govori/site-nie-zaedno-sme-makedonija-pushtete-ja-svetlinata-na-novata-era-pushtete-ja):
Зборот “МАКЕДОНЦИ“ во целовечерниот говор НЕ БЕШЕ СПОМЕНАТ НИТУ ЕДНАШ!!!
“МАКЕДОНСКИ НАРОД“ беше изустено само еднаш (1).
Но затоа, зборот “граѓани“ беше изречен 18 пати.
Зборот „луѓе“ 4 пати.
Збророт “народ“ (oвој народ…) три (3) пати.
И, зборот “пријатели“ 4 пати.
Од синоќешното обраќање на лидерот на ВМРО ДПМНЕ секој имаше свои очекувања. Така и јас.
Јас очекував:
- Да се обрати на МАКЕДОНЦИТЕ и на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД.
- Да вети дека кога е се вратат на власт ќе го поништи договорот со Бугарија.
- Да вети дека кога е се вратат на власт ќе ја укине двојазичноста и поништи Тиранската платфрма.
- Да вети дека кога е се вратат на власт ќе ги врати во затвор сите пуштени криминалци.
- Да вети дека кога е се вратат на власт нема да дозволи влез на мигранти.
- Да вети дека кога е се вратат на власт ќе ги процесуира Заев, Мухиќ и сите други што го направија “ова е пуч“ во Собранието на РМ.
- Да вети ослободување на патриотите што се гонети и затворени за 27-ми април.
Па така утре, јас НЕ како “граѓанин“, НИТУ како “пријател“, уште помалку како “луѓе“, или безимен “народ“ – туку јас како МАКЕДОНЕЦ, дел од МАКЕДОНСКИОТ НАРОД кој нема друга резервна татковина, ќе гласам за Коце во град Скопје и Дејан во општина Центар, бидејки тоа е најдобрата опција за нас МАКЕДОНЦИТЕ.
Но, текстот морав да го напишам, и зборовите во говорот избројам, затоа што нема да го премолчувам оркестрираната партиска (на сите партии) стратегија на обезличувањето на МАКЕДОНЦИТЕ, МАКЕДОНСКИОТ НАРОД и МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА.
Миленко Неделковски
Скопје. 14/10/17
05.23 ч.