ЗОШТО ВМРО–ДПМНЕ САКА ДА ГИ ИЗГУБИ ИЗБОРИТЕ?
Пред повеќе од една година напишав дека Груевски е користен како заложник за
уништување на македонската држава. Секако дека, во изминатите 27 години сите
македонски претседатели и премиери беа користени за таа цел (затоа и ревидирањето
на македонскиот Устав почна по 3 месеци од неговото изгласување). Во последните три
години тоа се гледа сосема јасно. Зошто Груевски? Затоа што имаше харизма и влијание
меѓу Македонците, а ВМРО–ДПМНЕ како и СДСМ се централизирани партии, во кои 95
% од одлуките ги носат лидерите. На ист начин беше искористен и харизматичниот
Љубчо Георгиевски за капитулацијата при терористичката војна против Македонија во
2001 и за потпишувањето на Рамковниот договор.
ЗАПАДНИОТ (И ПРЕД СЕ АМЕРИКАНСКИОТ) ИНЖЕНЕРИНГ Е ВО ТОА ДА ПОДМЕТНАТ ЛИДЕРИ, КОИ ПОТОА ГИ КОРИСТАТ ЗА СВОИ ЦЕЛИ. ТАКВИ ЛИДЕРИ ОД ЕДНА СТРАНА, МОРА ДА ИМААТ
ХАРИЗМА, НО ИСТОВРЕМЕНО ДА ИМААТ КОМПЛЕКСИ И ПРЕКУ НИВ ДА БИДАТ
КОНТРОЛИРАНИ.
„Голтарот“ Георгиевски доби власт и пари и по дебаклот во 2001 ја изгуби власта, но ги зачува парите. Амбициозниот Груевски доби власт, но со неа – дозволен периметар за дејствување. Ако излезеше од него можеше да се соочи со судбината на претседателот Трајковски. Трајковски исто така беше американско масло, ги спроведуваше инструкциите на САД, но кога ги напушти, го стигна казна.
Георгиевски немаше проблем со совеста, затоа што беше прикриен бугароман.
Американскиот интерес за распарчување на Македонија одеше во прилог на неговото
бугароманство.
Во споредба со него, Груевски се обиде да итрува. САМО ШТО, ПРЕД ДА
ГО СТАВАТ НА ПОЗИЦИЈА, АМЕРИКАНЦИТЕ ГО БЕА ДОБРО ПРОЧИТАЛЕ. Во
минатиот век Тито исто итруваше. Прво со Сталин, потоа со Черчил, а во периодот меѓу
1953-1980 г. со Советскиот сојуз и САД. Само што Тито имаше голема самодоверба и
големо искуство. Тој не беше марионета и таа самодоверба ја демонстрираше и во
борбата со хитлерова Германија и потоа во конфликтот со Сталин. Истовремено и
времето беше друго – дозволуваше да се балансира меѓу светските блокови преку
неврзаните земји. Денес не е можно балансирање, потребна е цврста определба, притоа
визионерска определба.
Груевски и сите од претходната и од неговата политичка генерација немаат
карактер да се спротивстават директно на македонските непријатели. Немаат ниту
капацитет, ниту храброст. Тие можат само да фрлаат моќни зборови, а инаку
тактизираат и се умилкуваат. Само што, за разлика од своите претходници Груевски
управуваше 10 години и иако ризично, можеше да направи пресврт во Македонија за
блокиране на албанската експанзија и за истиснување на продадената СДСМ од
политичката сцена. Во спротивно, државата ја чекаше агонија. Владите на ВМРО–
ДПМНЕ го избраа патот на агонијата во името на власта. На принципот: „Ден да
помине…“.
Во изминатите изборни циклуси НИТУ ЕДНАШ Груевски не се обиде да излезе
надвор од одредената матрица на делување. По 2008 г. кога имаше апсолутно
мнозинство во Собранието, победуваше НАМЕРНО НЕДОВОЛНО ЗА САМОСТОЈНА
ВЛАДА. За да може да се правда, дека е уценуван од албанските партии и мора да
попушта. Затоа што, ако имаше 70 или повеќе пратеници, народот ќе му бараше
одговорност зошто не ги решава клучните прашања во државата, наместо да гради
патишта и спортски сали.
На Груевски му беше дозволено да бара странски инвестиции, затоа што тие се
пред се западни (од САД и ЕУ). Со други зборови му се овозможи да ја направи
Македонија економски зависима од странците. Му се дозволи да го реализира и проектот
„Скопје 2014“, независно што на тој начин беше подигната морално македонската
самодоверба. Тоа се дозволи од две причини. Прво, за да може потоа да се обвини
владата на ВМРО–ДПМНЕ дека со проектот украла крупни пари. И за да бидат врзани
рацете на Груевски за јак отпор против домашните квинслинзи и странските окупатори.
Затоа што, тој гледа на „Скопје 2014“ како на круна на своето управување, а еден
вооружен судир ќе го упропасти целиот проект. Секако, дека карактерот на Груевски не
предвидува таков отпор, но тоа беше превентивна мерка.