Во врска со прашањето на “која телевизија, кој ден и во колку саат ќе оди емисијата“, и покрај тоа што мислев дека досега стана кристално јасно, еве сепак мало објаснување.
Во Македонија на сцена, подолго време, е фашистички режим кој има гебелсовско-беријино-макартистичка стратегија на комплетно замолкнување на медиумите и новинарите. Особено на оние што сакаат слободно, патриотски и независно да мислат, размислуваат и говорат. Веќе подолго време има отворен лов за отстрел на се‘ што не мисли со коцкестоте глави на Брисел и Вашингтон. Без разлика дали владата во Македонија ја водеше Никола Груевски, Емил Димитриев или Зоран Заев, вистинскиот премиер, оној од резиденцијата на Кале, Џес Бејли, беше правиот и функционален премер, односно наредбодавец. Под неговата власт, сите наши премиери својски се трудеа што повеќе медиуми и новинари да згаснат или да ги стишаат.
Миленко Неделковски Шоу како без конкуренција најзабрануваната и најтиткана емисија во историјата на македонските медиуми воопшто, а и јас Миленко Неделковски како најголем жив македонски дисидент (нападнат од Министерството за надворешни работи на фашистичката длабока држава од Вашингтон, забранет од амбасадорот на ОБСЕ, проскрибиран од сите амбасадори на западните фашистички сили…) подолг период сум мета на напади, забрани, титкање, обиди за замолкнување со фашистички договори (Канал 5) и невидени приватни притисоци.
Во Македонија постои агенција за медиуми (ААВМУ) водена од вмровскиот кадар и близок пријател на Џес Бејли – Зоран Трајчевски. Таа агенција е сатрапот на слободата на говорот во Македонија. Во конц-логорите во нацистичка Германија, најбрутални чувари на логорите не биле германските војници, ами избраните затвореници – евреи, кои заради привилегиите ги дробеле од ќотек и ги убивале своите сонародници. Таков е слуачјот и со Зоран Трајчевски. Македонската историја ќе го запамети како Македонски Гебелс. Издигнат од редовите на ВМРО ДПМНЕ, промовиран и протежиран од таа партија, таа гнаса од човек прави се‘ што е во негова моќ македонски глас, патриотизам и револт протв разнебитувачите на државава да нема.
Во една таква ситуација, сеедно дали човек има емисија на најгледаната телевизија Сител или на онаа со промили гледаност како Сонце (Јанко Бурек таму ќе имал емисија есенва) – ист пристап и казни има за телевизијата, сопственикот, главниот и одговорен уредник, авторот на емисијата. Значи, во Македонија нема веќе слободен медиумски простор на телевизиите. Џес Бејли го забрани.
Ние живееме под фашистичка власт и во заробеништво од режим кој не признава демократија, слобода на мисла и говор.
Дека е тоа така, можеше да се види како минатото зимо Латас само најавува вести: “Еве вест број 1“, па потоа “Сега веста број 2“ и се така целиот дневник. Се видоа минатата ТВ сезона и темите кај Јанко Бурек. Се виде и затварањето на МПМ, каде сите новинари и изданија станаа жртва на планот да бидат замолкнати Мирка Велиновска и Дарко Јаневски. Мене, само во сезоната 2016/17 ми беа забранети 7 емисии (и на Канал 5 и на Алфа), а 10-тина беа брутално титкани.
Ете тоа е ситуацијата.
Затоа, за да можам да имам слободна мисла со слобода на говор и однесување (да може да се пушат цигари во студио и пури во емисија, спротивно на ступидниот закон на Влатко Ѓорчев), јас својата 12-та сезона ќе ја емитувам на МОИТЕ медиуми: мојот Јутјуб канал, на Дудинка и на мојата ФБ фан страна. Ова ќе трае се додека фашистите од длабоката држава и нивните увлечени у дупе бриселски чиновници не се сетат и овие слободни простори да ги забранат.
За овој план не ми треба скапа инвестиција, како што беше онаа на Сеат Кочан во ТВ Нова. Кога сум кај Сеат, еве му совет: Провери ги сметките и цените од опремата што ти е набавувана за да видиш кој и колку те испоукрал. Покрај совет и едно прашање: Ќе има ли одговорност за “кастинг идиотитет“ што ти направија така ужасен и погубен избор на новинарски и уреднички персонал, па со толку истурени пари за 2 години да не успееш гледаноста да ја качиш над 1%?
За ваков мој проект не полагам смети на никаква “агенција“ или амбасада. За ваков проект, надлежен е судот во Берн, каде се регистрирани моите медиуми. Со ваков проект јасно го покажувам средниот прст на Џеси Бенгази-да-ти-се-деси Бејли.
Како што комитите се бореле против турците, револуционерите против србите а партизаните против бугарите и германците – еве во оваа ново-борба јас ќе користам партизанска/герилска удри-бегај стратегија.
Ќе се појавувам “од шахти“ (што би рекла Мирка), ќе пукам и пак ќе се скријам со план за следен удар каде што нема да очекува непријателот.
Да заклучам. Дојдоа нови времиња. Пред еден век вестите се пренесувале од човек на човек – усно. Пред три-четврти век имало само радио. Пред половина век имало само црно-бела телевизија и вести на италијански, а подоцна и од Белград. Пред четврт век оформена е првата проватна телевизија во Македонија “А1“ со првиот новинар кој од државна телевизија мина на приватна – Миленко Неделковски. Пред едно десетлетие почнаа дебатни емисии во студио. Од моите емисии ВМРО ДПМНЕ, а и СДСМ, успеаја да мобилизираат кадри за амбасадори, министри, аналитичари, уредници, советници, членови на највисоките партиски раководства. И еве сега, информациите, медиумскиот израз, слободата се сели на нпво место – на интернет.
И така, еве сега, повтрно пред сите, започнувам во единствената слободна зона во овој момент.
Како што во филомот “Тројнот Икс“ би рекол Вин Дизел “You just enter the Xander Zone“, ете ви сега САМО ШТО ВЛЕГОВТЕ ВО ЗОНАТА НА МИЛЕНКО.
За да ја запазам својата кмплетна слобода на изразување и мислење, моите емисии ќе може да ги гледате на мојот Ју тјуб канал (https://www.youtube.com/channel/UCOaYKzP6i0fXNR5MLuuIHFw/videos)