Хорхе, Бетмен, Влатко – како иде, а?

Хорхе, Бетмен, Влатко - како иде, а?

Читателите на Дудинка ги интересира како се чуствуваат во моментов Претседателот Ѓорѓе Иванов Хорхе и неговиот пулен Богдан Илиевски Бетмен.

Имено Хорхе молчи, а Бетмен од “лидер“ на граѓански протести стана член на највисокото раководство на Партијата!  Така баш независно и граѓански.

Тоа се, значи, луѓе со политичка и законска моќ, како и членот на “собраниското обезбедување“ Влатко Ѓорчев, што можат да помогнат на еден дедо кој толку слепо ги следеше токму Бетмен и Влатко, или еден гостиварски татко што си ја бранеше честа на својата ќерка.

Засега личи дека останаа сликите и насмевките – изостанаа делата.

Хорхе, Бетмене, Влатко… Ги пуштивте луѓето низ вода. Море, у канализација. Тоа, да си знаете, не се заборава.

Народ, а и Господ – враќа. Бава, не забрава.