МАНГУПОТ ОД ПЈОНКЈАНГ

Покрај сите закани, војни вежби и валкани дипломатии на САД против Северна Кореа, оваа држава синојка лансираше балистичка ракета со долг домет. На ракетата и беше зададена путања која одеше над Јапонија, поточно над исклучително важниот остров Хокаидо. Ракетата го заврши својот успешен тест атерирајки во Тихиот океан, 1.180 километри источно од Хокаидо.

Со овој потег, “братот“ Ким покажа дека не му се плаши ниту на Трамп, ниту на “длабоката држава“. Северна Кореа покажа дека во евентуалната војна против неа, јапонија и Јужна Кореа ќе и се првите “муштерии“.

 

 

После ова успешно лансирање, Северна Кореа најави дека следната мета ќе е Пацификот кај стратешки исклучително важниот остров Гуам. Гуам кој е најважната Пацифичка морнаричка воена база на САД.

 

Image result for next target guam

 

Во една своја колумна ова лето Стефан Влахов Мицов напиша дека Ким Џонг Ун планира со балистичките ракети со голем дострела да ги гаѓа и активира вулканот Света Елена во САД (држава Вашингтон) или Свети Андреа раседот во Калифорнија. Такво нешто би предизвикало незамислива природна катастрофа на Западот на САД.

Но, земјаки предвид на што е сконцентриран “Братот“ Ким, по изгледно е дека е тој концентриран на Гуам. Прво му е поблиску, а второ може да предизвика сеизмичка, морска и вулканска активност што ќе ги уништи Јапонија, Австралија, Јужна Кореа, островските држави што се на границата меѓу Тихиот и Индискиот океан, а ќе има страотни последици и по западниот брег на САД.

Зошто?

Па затоа што Гуам не е само воена база, туку е место каде се протега најголемата длабочина на светот. Таму е Мариана длабината (ров) која се протега во должина од 2.600 километри од север кон југ. И е длабока 11 километри. Или сликовито, Нависокиот врв на планетава да го ставаиме во таа дупка, сеуште ќе му недостасуваат повеќе од два километри за да биде остров. За да излезе на површина.

Е, атомски удар во Мариана ровот значи цунами кој не може точно да се претпостави со каква височина ќе биде. Некои проценуваат до 100 метри да е висок бранот, некои калкулираат со километри.

Но, тој бран, предизвикан од атомска бомба во најголемата длабнатина на светот, во најголемиот океан на светот – значи во најголемата водена маса на светот, ќе значи Армегедон за голем број нации и држави.

 

Затоа, се она што прави морнарицата на САД околу Јапонија, Јужна Кореа и во тој регион е закана за секс од евнух.

“Братот“ Ким го има копчето.

А, како што може да се види Русија, Кина, Индија и слични, не се многу возбудени заради стравот што американците го имаат.