ФБ статус на Тони Науновски:
Тиранската платформа и влада не се Македонски национален и државен интерес. Македонија е држава на Македонскиот народ, не е мултиетничка држава (таква е САД, всушност). Ние нема да преживееме како народ после реализацијата на 3-6-9. Кога читам, гледам и знам какви се не луѓе биле на високи позиции во јадната ни Македонија, се чудам како и до сега не сме бегалци (како Матејчаните, Арачиновците). И сите сме виновни за ова, ние Македонците по род, по татко и дедо. А ВМРО должи одговори на Македонскиот народ – како по толку долго време молење на САД (11 години) да се смилуваат и не остават како народ со своја национална држава, и рационално балансирање низ секаква битка да ги убедиме дека сме вредни како онтолошки и геополитички факт, наеднаш се предадоа, и со тоа го предадоа сонот на секој од нас, Македонец. Нивните барања за промена на името и идентитетот, и проширување на рамковниот во полза на малцинството кое им е стратешки партнер на Балканот за следните сто години, како што кажа Хилари – како услов за НАТО, нивниот примарен интерес, ги знаевме сите. еми, кога сфативте дека е дојдено крајно време за одговор на уцената, наместо ужас без крај, требаше да најдете начин, со се толку памет на вашите од ИК, тоа да биде историска победа на Македонскиот народ. Вака, оставивте оние од сдс да ја реализираат уцената (тиранската платформа, синтетизирано), при што вечно ќе ги загубиме Македонските сидра што не држеа на крвавиот Балкан со своја територија и систем на институции (држава), и во вашиот молк не замолкнавте сите. Ова историско предавство никогаш нема да ви биде простено, ој вие од сегашното актуелно раководство на ВМРО – по шуми и во кафани низ централно-македонскиот географски кантон, со основно образование на Македонски јазик како остаток на Македонската држава, ќе ве колнат.
——————————————–
Реакции на статусот: