-
-
-
ШТО КРИЕ ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА?Пред да поминеме на темата мораме да ја разјаснимесуштината. Македонија не бара Бугарија да ги признаемакедонскиот народ и јазик. Такво нешто не постои вомеѓународната политичка и дипломатска пракса. Народ и јазик не сепризнаваат. Тие или постојат, или ги нема. Македонскиот народ евековна и милениумска реалност која никој разумен не може да јапревиди. Традиционално, со признавањето на државата сеапсолвираат сите прашања сврзани со таа држава, освен ако не сенагласи спротивното. При признавањето на Македонија, Бугаријаексплицитно не се огради од постоењето на македонскиот народ инеговиот јазик што, само по себе, би била невидена глупост. Тоа,пак, ја обврзува и на тоа таа мора да се потсетува.Во што е тогаш проблемот?Надвор од сите меѓународни регулативи и правила, можебикако единствен случај во светската историја, Софија ја признавадржавата ама истовремено го негира постоењето на народот којживее во таа држава и неговиот јазик. Нив ги игнорира и посвојува.Такви какви што се, тие за неа не постојат. Невидено и не чуено аматочно. Што призна тогаш Бугарија, ако не народот кој живее во неа?Не може да има држава ако нема народ. Бугарија заборава, поточносе прави на удрена, дека ако не беше македонскиот народ, немашеда ја има ниту таа држава. Неа не ја создадоа никакви Бугари. Напописите, огромното мнозинство се изјаснуваат како Македонци.Ако Софија смета дека е тоа резултат на некаква директива, сегаили на крајот од Втората светска војна, поголема глупост не стечуле. Жалосна е нивната фантазмагорија дека сме ние вторабугарска држава а народот “неосвестени Бугари“. Сите добро јазнаеме позадината на нивните историски заблуди и синдроми амание не бараме ништо од Софија. Едноставно и нормално, не гиприфаќаме нејзината не коректност, не толеранција, игнорантскиотоднос кон народот и јазикот… Или, во целина, нејзината неодржливаи анти историска политика кон Македонија. Би било многупологично нашиот однос кон Софија да биде многу пожестокбидејќи, во основата, се работи за класичен иредентизам. Прекународот кој го посвојува, всушност, Бугарија артикулира отворениаспирации и кон нашата територија. Ни помалку, ни повеќе. Како даживеат во 19 век кога вакви мизерии беа возможни. Членка на ЕУтака да се однесува во 21 век, со амин на Брисел, навистина епремногу. Невидена срамота за сите.Тоа е реалноста и во НАТО, и во ЕУ, и пошироко на светскатасцена. Главните фактори, кои цело време верглаат за демократија,за човекови права и за владеењето на правото, во пракса ништо одсето тоа не есапат кога се нивните интереси во прашање. Вотаквите случаи, се’ друго не важи. Се сеќавате на пресудата од Хагкоја беше во корист на Македонија и нејзината (не)примена? Е,токму така се однесуваат тие, кога нешто не им е по ќеф.И, види чудо: Бугарите сакаат со нас да потпишат договор амапод услов да прифатиме дека не сме тоа што сме, дека зборувамене постоечки јазик и сето тоа на асиметрична основа. Премногу дурии од една Бугарија. Ако е било кој во земјава спремен да потпишедоговор под такви услови – не му гине жесток суд на народот. Несамо на историјата. Ако, пак, народот го толерира тоа, подобро несме ни заслужиле.Залажувањата дека Софија ќе ни помогнела на патот конБрисел, и затоа треба да капитулираме и да го потпишеме срамниотдоговор, се тешка манипулација и невидена измислица и измама.За нашето членство во НАТО и ЕУ одлучуваат други и улогата наБугарија во тој процес е рамна на – нула. Дури и кога ќе претседавасо Европскиот совет следната година (шест месеци). Тоа е чистаформалност и од неа нема ништо, апсолутно ништо да зависи.Само ќе играат улога на британска кралица и ништо друго. Ќедоживеат малку квази важност и гламур, и толку.Неспорно е дека Софија може да ни става сопки наинтегративните процеси. Меѓутоа, можеме да бидеме целосносигурни дека такви нешта ќе се случат само ако се во функција натуѓи интереси (и диктати!) а не на бугарски. Ако главните сметаатдека тоа не е опортуно, Бугарија веднаш ќе добие по прсти и ќе сеповлече како ништо да не се случило.* * * * *1. Сите билатерални договори се потпишуваат на јазиците надвете држави. Освен на бугарски, и Бугарија потпишува соГерманија и на германски, со Италија и на италијански, со Србија ина српски… Зошто Софија не сака тоа универзално правило да важии со Македонија? Одговорот сите го знаеме: не се спремни дапотпишат договор на македонски јазик бидејќи за нив таков непостои. Го сметаат за дијалект на бугарскиот. Суштината, сепак, емногу подлабока: за нив нема ниту Македонци, кои би го зборувале.Не постои јазикот бидејќи не постојат ниту Македонци како одвоеннарод. А, ако нема Македонци, и јазикот може да е само фантомски.Бугарскиот однос кон Македонија мора да се гледа во целина.1. 1. Во сите билатерални договори, двете страни меѓусебносе третираат на рамноправна основа, со симетрични права иобврски. Бугарија инсистира и ова универзално правило да не важиза Македонија. Тие ни наметнуваат договор кој ќе биде асиметричен– со повеќе наши обврски и повеќе нивни права. Договори од ваковтип присилени се да потпишуваат само држави поразени во војна.Ние навистина срамно ја изгубивме војната во 2001-та ама тоа не еникаква причина да потпишеме понижувачки договор со еднаБугарија. Прифаќање на било каква асиметричност во договорот енедостоен чин за една суверена држава и не смееме во никој случаји при никакви притисоци и уцени такво нешто да прифатиме. Тоа бибила непростлива историска грешка. Би се однесувале како да смепротекторат. Сосема сигурно, потоа и други така ќе не третираат.2. Софија инсистира на овој договор оти сака ние да сесогласиме со нејзината политика и официјално да потврдиме дека ијазикот и ние како народ сме – измислени. Дали од Тито или одКоминтерната и не е толку битно.Воопшто не е коинциденција дека истото ни се случува и соимето. Не можат да не прекрстат без наша согласност и затоаправат се’ да не присилат на договор со Грција, за да прифатименово име. Апсолутно исто како и за јазикот со Бугарија. Нека кажесега некој дека нема координација во уништувањето намакедонизмот? Името и народот треба да ни одат курбан прекуАтина а јазикот, со индиректна поддршка и за народот, прекуСофија. Така, ќе се избришеме ние како Македонци а ќе останатизмислените во Грција. Се’ во име на демократијата и правото.3. Ако е така, а апсолутно така е, веќе имаме доволно причиниодлучно да се спротивставиме на овој договор кој е навредлив засекој Македонец бидејќи сите не понижува. Потпишувањето бизначело дека свесно се негираме самите себе и прифаќаме декаБугарија со право ни ги игнорира и народот, и јазикот.4. Основното прашање е – зошто Бугарија инсистира напотпишување на договор за пријателство и соработка, и тоа соуцена, ако веќе двајцата премиери, во 1999 година, потпишаа“Заедничка декларација“, која е доволно срамна и понижувачка заМакедонија? Зошто Софија сака нов договор со фактички истасодржина? Зошто најавува дека во спротивно ќе ги блокира нашитеевроатлантски интеграции? Не треба многу акал за да се сфатидека зад тоа се кријат тајни намери и интереси.5. Причините се сериозни. Декларациите имаат самомаргинално значење. Тие не се обврзувачки документи. Тоа е еденвид на заедничка изјава со која се најавуваат одредени замисли,намери, планови, та дури и желби и… толку. Обично, сосема малку ачесто и ништо не се реализира од наведеното во декларациите.Остануваат слова на хартија, точно како што се случи и со оваа,бугарскава, од 1999 година. Декларациите не се предмет на никаквипонатамошни правни постапки. Тие се потпишуваат и се ставаат во –фиока.6. Договорите се нешто сосема друго. Тие обврзуваат. Споредмеѓународната пракса, тие се над домашното законодавство, вослучај да се ратификувани. Билатералните, обично, се депонираатво ООН и најголем дел се ратификуваат во националнитепарламенти… Општа пракса е земјите договорно да средуваат еденцел спектар на прашања од заеднички интерес. Од регулирање награниците и водите преку заштита на инвестиции, избегнување надвојно оданочување до сите видови на соработка… Бројноста надоговорите го отсликува нивото на соработка меѓу две земји.7. Врв на договорната регулатива меѓу две земји е токмудоговорот за пријателство и соработка, на кој сега инсистира и сокој уценува Софија. Во принцип, ваков договор потпишуваат самоземји кои немаат никакви отворени меѓусебни прашања. Тојпокажува дека меѓу нив се е средено. Затоа, вакви договори и немамногу во светот. Дали односите меѓу Македонија и Бугарија се натакво ниво, може секој да одговори. Самиот факт дека собескрупулозна уцена Софија сака да ни го наметне договорот, веќе
ЦЕЛТА НА БУГАРИЈА Е МЕЃУНАРОДНО ДЕВАЛВИРАЊЕ НАМАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК (2)1. Бугарија не може да замисли подобар “доказ“, од еден ваковдоговор, дека македонскиот јазик не е автохтон, за да инсистира тојсекаде да биде регистриран – “според Уставот“ на државата а некако сите други јазици. Сосема со право, Софија секаде ќе гопокажува договорот дека Македонија официјално се сложиланејзиниот јазик така да се третира. Тоа е едно од основните правилаво политиката и дипломатијата – еднаш направен преседанобврзува и сите можат да се повикуваат на истиот. Бугарија ќе гоправи тоа без никаков сомнеж. Затоа и уценува.2. Не треба да имаме никакви илузии дека се во прашањенекакви улични надмудрувања или политички суети. Напротив, сеработи за чист бугарски прагматизам, за што секако имаатподдршка и од Вашингтон бидејќи и овој сегмент се вклопува воамериканската четврт вековна уништувачка политика конМакедонија. Како што ќе видиме, и декларацијата од 1999 годинабеше американско дело. Многубројни се задачите кои Вашингтон,преку Софија, сака да ги постигне со овој договор, започнати а недо реализирани со декларацијата.2. 1. Првата (бугарска) цел е дефинитивно да го елиминираатмакедонскиот јазик како рамноправен со сите други и како симболна македонскиот народ. Декларацијата не беше доволна за тоа. Содоговорот, кој ќе мора да го ратификува и Собранието, ниеСВЕЧЕНО ќе се откажеме од нашиот мајчин јазик. Декларациите неодат на парламентарни потврди. Не се достојни за такво нешто!2. 2. Втората паралелна цел е конечно да се потврди дека неможе да има посебен македонски народ ако веќе нема автохтонмакедонски јазик. Народ без јазик – нема. Тие одат заедно. Така сепотврдува нивната вековна теза дека сичките сме Блгари.Атина е главен носител на задачата за разнебитување намакедонскиот народ, преку името. Софија има секундарна улога.Втор извор, во новинарството.2. 3. Третата цел е една од клучните стапици кои ни сепоставуваат со договорот. Софија сака ваквата формулација зајазикот да се наметне за меѓународно користење, бидејќиМакедонија се сложила со моделот. Со полно право, Софија ќеинсистира формулацијата која ние би (сме?) ја прифатиле во овојдоговор – “македонски јазик според Уставот“ – да се користинасекаде: така да биде регистриран од ООН, преку НАТО и ЕУ ибило каде кога се спомнуваат јазиците на државите! Така, нашиотјазик ќе биде не реален, не автохтон, не како сите други туку каконешто аморфно, измислено и врзано за нашиот Устав! Со тоа ќеостанеме држава инвалид која нема свој јазик, оставајќи гиотворени сите опции за судбината на државата и народот.Калкулациите на Бугарија се дека на тој начин ќе создадатмеѓународна база за своите болни замисли дека Македонија не едефинирана држава, дека е таа нечија креација, со “уставен јазик“.Поентата би била дека нивните аспирации кон народот и јазикот, апреку нив и кон територијата се сосема легални и легитимни. Да неосвестат што сме, де.Ако некој мисли дека се ова забегани хипотези, многу се лаже.Во прашање е (пра)стара дипломатска пракса. Впрочем, зоштоинаку Бугарија би инсистирала и би не уценувала со потпишувањена договор со ваква формула? За да не понижи? Што ќе постигне сотоа? Да покаже сила и моќ? Такво нешто не им треба. Тоа им е самоалатка за да не десеткуваат на меѓународен план и да не стават воперманентна зависност. Поточно, да се наметне нивната политикадека ние сме не освестени “Бугари“ и така да им остане отворенпатот за евентуална финализација на нивните нелегитимниаспирации кон (само дел од?) територијата на Македонија. Серазбира, според условите кои евентуално ќе го диктираат тоа.Разврските на Балканот, по распадот на Југославија, се’ уште не сезавршени. Софија само ги остри канџите за секој случај.2. 4. Четвртата цел, поточно потката на сите нивни замисли еда докажат дека, макар до Втората светска војна, сите сме билеБугари и сето до тогашно историско наследство е само иединствено – бугарско. Од Самоил и пред него, преку Илинденскотои другите востанија, се до српската окупација на ВардарскаБановина. Затоа инсистираат сите тие настани заедно да гиславиме бидејќи сите тие векови сме биле исто. Бугари. Содоговорот, и заедничкото чествување, неизбежно се демонстрирадека ние ги прифаќаме нашите бугарски корени, се сложуваме декатакво ни е потеклото а дека македонскиот јазик е дијалект набугарскиот. По Втората светска војна, тој се кодифицирал во нештопосебно ама позадината е неспорна и двете (бугарски, во основата)држави се согласни околу тоа.2. 5. Најкратко речено, Софија смета дека ако го потпишемедоговорот, фактички признаваме или прифаќаме дека сме креацијаили измислица на Коминтерната или Тито! Тоа значи дека каконарод постоиме од крајот на Втората светска војна, тогаш сме гокодирале македонскиот јазик, врз основа на бугарски дијалект изатоа тие го признаваат само како дел од нашиот Устав.Позитивно во сето ова, ако е можно нешто да добие таковпредзнак, е фактот дека Софија имплицитно прифаќа дека денес воМакедонија навистина се користи македонски јазик, барем споредУставот. Арно ама, за неа тоа е само историска ретроспектива набугарските корени, со која, демек, и ние сега се сложуваме.2. 6. Нема никакво сомневање дека Бугарија има скриенинамери кон Македонија. Тие се видливи и од вселената. Докажаноправило е дека со некој што има тајни намери – не се прави куќа. Ќете излаже. Во случајов, воопшто не е препорачливо пријателство дасе гради со држава која има калкулации под маса, дијаметралноспротивни на фундаменталните интереси на македонскиот народ инеговата држава. Се’ додека не се отворат картите, додека не сепрезентираат вистински и искрени намери, не треба дапотпишуваме ваков договор со Софија. Тоа значи дека тие првотреба јавно да кажат дека ние сме Македонци, дека сме тука и неможат да не игнорираат, дека јазикот ни е македонски а не бугарскиа факт е дека дел од историјата е заеднички и треба заедно да гославиме. Всушност, заедно можеме да славиме и се’ ама како дваодвоени, нека биде и блиски народи, кои зборуваат различни јазици,иако и тие се блиски. Никако поинаку. Откако тие ќе ја голтнатисториската вистина. Никако пред тоа. Се’ додека нивната цел е дасе игнорираат Македонците како народ, треба да се држиме надистанца. Да ги развиваме односите секаде каде тоа не е спорноама да не се откажуваме од самите себе. Инфраструктурнотоповрзување не треба и не смее да биде заложник на ничииисториски синдроми. Треба да се гледа напред.3. Мојот покоен дедо, Ицо Попе, роден во 1867 и починат во1949 година, мене и брат ми не учеше дека и тој, и татко му, и дедому, кој е роден некаде околу 1820 година – биле Македонци. Така мукажувале тие. Најмалку два века сме биле Македонци. Зарем требада им се извинуваме на Бугарите за таквите факти?Освен личното искуство со дедото, неспорни и докажаниисториски факти директно ја негираат грубата бугарска ароганција.Главниот е дека „Македонското прашање“ е актуелно најмалку 150години, макар од Берлинскиот конгрес во 1878 година. Возможно лие да има такво “прашање“, без да има – Македонци? Како е можнотие да се “појавиле“, еве нека биле и “измислени“, пред 70-тинагодини, во Втората светска војна, а скоро век пред тоа биле честатема на бројни меѓународни форуми?! Мораме да ги замолимеБугарите за објаснување – како тоа неосвестените “Бугари“ успеаледа отворат “Македонско прашање“? Нешто не штима, нели?Ако тоа не го сториме, ако потпишеме капитулантски договор,благодарејќи на нашата политичка неписменост, ќе потврдиме декабугарскиот историски синдром го третираме како – веродостоен!4. Ако некој смета дека сето ова е претерување, нека гипогледа дебатите на бугарските телевизии и се’ ќе му биде јасно.Бугарија е секако дел од силите кои сакаат да го разнебитатмакедонскиот народ бидејќи само така ќе станеме – “освестениБугари“. Наше е дали тоа и ќе го дозволиме да се случи.Наметнувањето на договорот е нивни одлучувачки исчекор во таанасока.5. Заострување на бугарскиот однос кон Македонија дојде водекември 2012 година. Тогаш, за прв пат, Софија започна да гиоспорува нашите евро-атлантски интегративни процеси наЕвропскиот совет во Брисел. Точно од тогаш датира иинсистирањето на овој договор, како услов да нема нивнопопречување, што покажува дека е во прашање нова стратегија. Соголо око се гледа дека таа се сведува на – уцена. Дали и колку етоа само нивна политика е друго прашање иако мора да сепотсетиме дека истиот однос кон Македонија го имаат Вашингтон иБрисел кои ни имаат поставено блокада, уцена и ултиматум – првоимето, потоа членство. Идентичноста на двете позиции не може дасе скрие и тешко е да не се поврзе. Тука е и Атина, се разбира.6. Самата промена во бугарската политика кон Македонија небеше никакво изненадување за тие што го следат случајот. Грцијаодамна најави дека Софија може и треба да прерасне во поголемазакана на нашиот пат во Европа. Трилатералката (Атина – Белград– Софија), одржана во јули 2017 во Солун, беше сигурно целоснопосветена на Македонија. Таков е моментот. На лицитација сме.Бугарија и Грција сигурно редовно се консултираат а, во последновреме, веројатно и координираат бидејќи е општ впечатокот декасме фрлени на колена и време е да се пресече “македонскиотјазол“. Бугарската офанзива е секако дел од истите анализи. Во тојконтекст мора да се гледа и “Тиранската платформа“. Со големасигурност може да се тврди дека зад сето тоа стојат надворешниинтереси, на главниот меѓународен фактор, сврзани сорегионалните процеси. Во политиката и дипломатијата, како и воживотот, ништо не е случајно. “Македонското прашање“ е предзатворање и сите мора да се спремни.Клучното прашање за нас е – кај сме ние?САД ГО НАМЕТНАА ПОТПИШУВАЊЕТО НА ДЕКЛАРАЦИЈАТАВО 1999 ГОДИНА (3)1. На 22 февруари 1999 година, кога премиерите наМакедонија (Љубчо Георгиевски) и на Бугарија (Иван Костов) јапотпишаа “Заедничката декларација“, беше направена наша тешкаисториска грешка. Македонија, практично, се откажа од своетомалцинство во Бугарија и на катастрофален начин го девалвирасопствениот јазик. Декларацијата беше потпишана со формула којанашиот јазик го става во категорија на измислени директнонегирајќи дека е тој автохтон и мајчин јазик на Македонците. Надвород универзалната меѓународна пракса, формулата и за двата јазикабеше – “македонски јазик, според Уставот на Македонија и бугарскијазик, според Уставот на Бугарија“. Некој ќе рече – ама двата јазицисе во иста позиција, што е точно, ама никој, вклучувајќи не и нас, него оспорува бугарскиот јазик и формулата нему воопшто не мунаштетува. Спротивно, Софија на овој начин ПОТВРДУВА ДЕКАМАКЕДОНСКИ ЈАЗИК НЕМА, туку е тој само дијалект на бугарскиот.Нашата страна го прифати тоа. Бугарите не се спремни да потпишаттекст со за нив непостоен (македонски) јазик а на ЉубчоГеоргиевски и на власта тоа не им пречеше. Затоа се цитираУставот а уставите се менуваат, зар не.1. 1. Декларацијата не е случаен документ. Таа е американскомасло. Носител на проектот во 1999 година беше Строут Талбот,тогашен заменик на американскиот државен секретар. Формулата еамериканска а Македонија беше под жесток притисок да потпише,што не е никакво оправдување. Задачата на Талбот беше двојна: дасе отвори патот на Софија за членство во НАТО, каде влезе во2004, и за ЕУ (2007) и да се отпише македонскиот јазик.Прво, се заокружуваше Русија со членки во алијансата апречка беше фактот што Бугарија немаше зелено светло зачленство заради нерешените прашања со Македонија. Содекларацијата, практично, ние и овозможивме на Софија да сеприклучи на НАТО и ЕУ бидејќи потврдивме дека немаат отворенипроблеми со нас. Ние дадовме само жртви а ништо не добивме. Кајнас, впрочем, најверојатно никој не беше свесен што се случува. Заразлика, Бугарија сега ни ја испорачува фактурата за нашитенезнаења, кои не се манифестираа само тогаш.Реакциите во Бугарија кажуваа се’: сметаа дека добиле повеќеод што очекувале. Кај нас немаше поголеми бранувања, освен штотогашната опозиција, сега на власт, сосема со право, беше жестокопротив декларацијата. На таа линија, деновиве телевизиите гоцитираа Ѓорѓи Спасов, кој тогаш беше еден од нивните лидери.Второ, се направи исклучително важен исчекор воискорнување на македонштината. Се согласивме да ни се анулирајазикот. И САД добија многу повеќе од што се надеваа.2. Со македонската капитулација се отвори простор и за развојна соработката со Софија. Факт е дека Бугарија беше прватадржава што ја призна независна Македонија, на 15 јануари 1992година, на денот кога ЕЗ, по диктат на Германија, ја признавашеХрватска, заедно со Словенија, место Македонија, споредпредлогот на “Бадентеровата комисија“. Арно ама, Софија туказастана. Не воспостави дипломатски односи и не прати амбасадор.Сметаше дека мора да биде повнимателна, за што повеќе да ќарибидејќи ситуацијата беше неизвесна. САД и ЕЗ не ја признавааМакедонија. Се калкулираше дека таа може да се распадне.Подоцна, тоа се исправи ама односите стагнираа. Беа подготвени22 договори кои Софија не сакаше да ги потпише на не постоечкимакедонски јазик. И така, се’ до 1999 година. Договорите потоа сепотпишаа ама односите останаа на ниско ниво. Се потврдинародната дека со сила аир не бива. Неизбежно, така ќе биде исега, ако се потпише договорот во неприфатлива форма.3. Малку е познат фактот дека за време на Југославија, соБугарија се потпишани ПЕТ ДОГОВОРИ НА БУГАРСКИ ИМАКЕДОНСКИ ЈАЗИК! Дури и во времето на живковизмот, когаигнорирањето на македонизмот беше најжестоко и максимално,Софија мораше официјално да го прифати македонскиот јазик! ВоФедерацијата беше пракса, ако водач на делегацијата е одСловенија (обично во Австрија и Италија) или од Македонија (воАлбанија, Бугарија и Грција), билатералните договори не сепотпишуваа на српско-хрватски туку на јазикот на шефот наделегацијата. Бидејќи немаше друг излез, Бугарија тогаш го голташедури и македонскиот јазик. Сме отфрламе нешто што веќе смепостигнале за времето на СФРЈ, место да мафтаме со тоа! Тоа енепростлива политичка и дипломатска грешка.4. Ред е да потсетиме дека со откажувањето од нашетомалцинство во Бугарија, кое со договорот, за разлика оддекларацијата, ќе биде дефинитивно, се крши член 49 од Уставот.Според него, државата е должна да – “се грижи за положбата иправата на припадниците на македонскиот народ во соседнитеземји…“. Тоа значи дека договорот веднаш ќе биде даден на Уставенсуд. Да се надеваме дека тој и ќе реагира.Дека во Бугарија има Македонци, и дека тие немаат никаквиправа, не е потребно да се елаборира. За нас, ако бевме нормалнадржава, со одговорни политичари, основната задача преку еденваков договор со Бугарија би морала да биде токму одбраната наинтересите на Македонците во таа земја и обезбедување на макарминимални права за нив. Место тоа…5. Кардинална грешка е ако декларацијата од 1999 исегашниот договор со Бугарија не се гледаат во поширок контекст натретманот и позицијата на Македонија на меѓународната сцена, каконезависна држава, по распадот на Југославија. Овие два за насважни настани се директно продолжение на политиката наразнебитување на македонскиот народ, започната со нелегалнатаодлука на СБ на ООН (1993), да се суспендира нашето уставно иисториско име од меѓународна употреба. Целта беше, и остана – дасе смени идентитетот на македонскиот народ. Промена на името надржавата неизбежно води и во разнебитување на народот.Упатените добро знаат дека СБ на ООН е под целоснаконтрола на САД. Тоа беше особено нагласено на почетокот на1990-тите години, кога Русија беше во хаос и не претставувашебаланс во СБ. Еве, САД нека и не беа клучни во обезличувањето наМакедонија во ООН. Сепак, ако беа против или не се сложуваа сосуспензијата на нашето име – тоа не можеше да се случи. Значи,нејзината улога во случајот е неспорна а, по логиката на нештата и– решавачка. Ист е случајот, дури и поочигледен со декларацијата.Таа е дело на Строуб Талбот, заменик на државниот секретар. Ова епотврда дека двата исклучителни настани за Македонија серезултат на американска политика, која упорно се спроведува пораспадот на Југославија. Дел од ист нивни проект. Прво, ни гооспорија името, а со тоа и народот а сега, во 1999, преку Бугарија,ни го елиминираат и македонскиот јазик. Овој пат, за разлика одпрвиот, што е најстрашно, со наша согласност. -
Двата потега, во 1993 и во 1999, се фундаментални елементиод американската политика. Така е бидејќи името и јазикот се дватаосновни столба на секој народ. Палетата е, меѓутоа, многупоширока. Во неа спаѓаат и Привремената спогодба со Грција, од1995 година, со која Вашингтон повеќе кратно ја девалвира нашатапозиција во спорот со името, произлезена од СБ на ООН. Следешевојната од 2001-та, организирана од ЦИА или други нејзинидеривати и/или партнери и особено Охридскиот рамковен договор(ОРД), со кој државата е целосно редефинирана. Тие се очекуванинастани по 1993-тата и 1999-тата. Со ОРД, македонскиот карактерна државата е минимизиран и подготвен за докусурување со“Тиранската платформа“. Ако знаеме дека и тој е напишан воВашингтон тогаш сосема е нормално да се смета дека сите тие седел од еден ист мозаик и од една иста политика, со најверојатеннаслов – “Затворање на ’Македонското прашање’“ .6. Кризата која последниве неколку години ги тресешетемелите на нашава земја, подметната од странство токму со целМакедонците да се фрлат на колена и да прифатат прекрстување ипонижувачки договор со Бугарија, сега се финализира. Денес (20јули 2017) слушаме дека амбасадорите на Франција и Германија гоподдржале договорот со Бугарија што е невидена бесрамност икриминално игнорирање на дипломатскиот кодекс. Вината е сепаккај нас бидејќи им дозволуваме така да се однесуваат. Ги третирамекако не избрани гувернери што е класично само понижување.7. Добро е што Македонија тргна во офанзива за надминувањена блокадата, уцената и ултиматумот од Брисел како и за решавањена проблемите со соседите. При тоа, меѓутоа, воопшто не смее дасе заборава дека ние не сме виновни за агресивноста на земјитеоколу нас, за големоалбанскиот проект кој го реализираат САД, занекадарноста на Брисел ниту за тамошниот слугински однос конВашингтон и нелегалните политики на двојни стандарди кои заедноги реализираат кон Македонија. Името не е наш проблем, како и седруго сврзано со соседите, иако е неспорно дека имало и нашигрешки, ама – последиците се наши. Тоа значи дека ние самитемораме да ги бараме решенијата. Меѓутоа, тоа не смее да се прависо наивност и без соодветна стратегија. Мораме да сфатиме декаитно ни е потребна врвна светска експертска помош, слично како ипри апликацијата во судот во Хаг, каде надмоќно победивме. Несмееме да се однесуваме како се’ од нас да започнува кога е јаснодека тие, од другата страна, остануваат длабоко закопани во своитевековни ровови и не гледаат со потсмев ама и надеж дека ќе имвлетаме во примитивните стапици. Тоа не смееме да го дозволимебидејќи залогот се македонскиот народ и државата. Договорот соБугарија е класичен таков случај. Народот нема да дозволисопствено урнисување кој и да работи на тоа. Нашите иницијативисе за поздравување ама мораат да бидат добро осмислени, даводат сметка за фундаменталните интереси на народот и државатаи, секако, да кореспондираат на реалностите. Решенија поволни заМакедонија има. Наше е да ги прецизираме и да се избориме занив.8. Нема проблем во светот кој не може да се реши за кусовреме. Прашање е само кој и какви отстапки ќе даде. Тука се кршаткопјата. Македонија не смее да презема ништо што ќе го доведе вопрашање идентитетот на народот и неговиот јазик. Тоа би водело воуништување и на државата, со сите погубни последици.Прекрстувањето на Македонците неизбежно ќе води во нова крвавабалканска војна. За наша среќа, таа не е прифатлива за никого и натаа карта мораме да играме. Тука лежи спасот за Македонија.Во земјава нема да помине ниту еден политичар кој е спременда го витка ’рбетот на сметка на народот и државата. Жељу Желевубаво поентирал дека со недемократски методи нема демократскирешенија. А негова Бугарија, со отворена уцена, ни наметнува токмутакви. Абрахам Линколн, пак, сметал дека некоректните решенијане се трајни и ќе мораат да се преиспитаат. Тоа важеше задекларацијата, ќе важи и за договорот.Ако сакаме да успееме, мораме овие патокази да ги следиме.9. На крај, како општа поука, слободно можеме да заклучимедека секој што смета дека САД сакаат Македонија да влезе во НАТОа Грција не дозволува, нема поим од меѓународна политика идипломатија. Ако тоа беше американски интерес, одамна се’ ќе сезавршеше. Очигледно – не е. Тие играат на други карти.10. Ова е само апел да бидеме крајно внимателни сополитичките потези бидејќи сите индикатори потврдуваат декамакедонизмот е пред целосно уништување. Неспорен факт е декачетврт вековните напори тоа да се оствари се пред финализирање.Ристо НиковскиЈули, 2017 -
ШТО КРИЕ ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА?
