ЕВРЕИ и МАКЕДОНЦИ

ЕВРЕИ и МАКЕДОНЦИ

Се сметам за светски рекордер во поставувања логични прашања. Сметам дека се нешто мора да биде предизвикано, прашано, испровоцирано…

На пример, бидејки нели науката тврди дека се во космосот се врти, вклучително и нашата планета околу себе и околу сонцето, секогаш сум се прашувал која сила ги завртела галаксиите, космосот? Нели, се било настаноато од биг бенг, од големиот прасок, од екслозија кога од ништо станало нешто?! Супер, ама како од екслозија станало вртење?! Како и што ја предизвикало центрипеталната сила?! Бидејки, нели, ниту една експлозија на земјата, во воздухот и во водата (морето) направена од човекот никогаш не предизвикала да започне вртење каде силата на привлекување е кон центарот – centrum „центар“ и petere „да бара“!!!

Исто така, секогаш сум се прашувал како народ кој го дал Анштајн, Бор, Фројд, Абрахам, Мосес и крајно најсветлата светска икона Исус – дозволил како стока, без отпор да оди на клање во времето на нацистичка Германија?!

Како побогу, тие милиони, тие 6 милиони луѓе, молчешкум, без отпор, без прашање отишле во смрт?!

Како е можно интелектуалци, индустријалци, уметници, просечни луѓе да дозволат да бидат однесени во конц логор и таму да бидат уништени. Нема значајни записи дека било кој евреин се организирал, бунел, дејствувал во правец на отпор на тоа масовно клање. Имало поединечни бегства, криења по тавани и подруми – и, толку?! Сите други дисциплинирано си заминале да бидат убиени.

Во време кога немало сателити, кога немало ласери, ГПС, мобилни телефони – во време кога не можело да се следи поединец заради неговата поврзана со некој електронски “дивајс“, да нема никаков отпор секогам ми било чудно. Германија е голема држава. Шварцвалд е огромна планина. Полска е голема, Австрија е со планиништа. Е, не се најде ли ниту еден да организира воорружен отпор, организирано бегање или спротиставување? Ќе рече некој, а Варшавското гето?! Е, да! Ама отпорот таму почнува откако се им било земено и од кога биле набутани во простор кој де факто бил конц логор. Само што се наоѓал во градот Варшава. Отпорот почнал од како веќе се било готово.

Стварно, секогаш сум се прашувал како тие луѓе дозволиле најнапред да им бапнат жолта звазда, па потоа да им ги бележат дуканите, па да им ги земат становите и куките, па да ги соберат во гета, па да им ги земат бундите, па накитот, па облеката…. Па потоа како дозволиле да им ги земат (да ги одвојат од) децата, како дозволиле да бидат набутани во вагони за стока и депортирани во Матхаузен, Аушвиц, Дахау, Треблинка? Како дозволиле мирно да заминат во соби со гас, или печки за горење?!

Како е тоа можно, без отпор?

И, оп, еве ми го одговорот овие денови и месеци!!! Да, одговорот е пред нас тука во Македонија! Одговорот е нашето однесување, однесувањето на нас Македонците.

Јасно е дека “силниот“ решил да не‘ уништи. “Силниот“ пред 70 години била нацистичка Германија – сега “силниот“ е длабоката држава. Сегашниов нацист решил Македонија да ја уништи преку партијата која се фали дека ја створило Македонија, односно Социјалистичка Република Македонија во рамките на СФРЈ. Коминистичката партија ја створило Македонија (иако тоа не е де факто така) преку НОБ и вториот АСНОМ, на нивните политички и физички наследници им е доделена задачата да ја уништат својата рожба. Од друга страна “силниот“ на суштинскиот создавач на оваа држава, а тоа е националистичката идеа на ВМРО, им доделил задача со сето тоа да се согласат. Да не се спротистават.

Слепи не сме, ситиацијата е јасна. СДСШ ќе не‘ обезличи, преименува и побугарчи… А ДПМНЕ со тоа безпоговорно ќе се согласи како “модерејт опозишн“. И, ла сториа е финита.

Но, настрана политичките елити кои се уценети за се нешто. Настрана нивната “природна“ желба да ги задражат газињата во кожените фотељи. Настрана нивното сознание дека сем млатење празна слама ништо друго не знаат да работат во животот. Настрана нивната потреба постојано да се седнати во странски скут.

Настрана сето тоа. Што правиме ние???!!!

Ние, исто како и евреите пред 70-тина години, молчешкум дозволуваме да не‘ соголат, да ни одземат се, да не‘ набутаат во сточни вагони и да не‘ пратат да бидеме истребени.

Историјата ќе ни ја сменат. Нашите поробители и убијци ќе станат наши ослободители и добродетели. Јазикот ќе ни го избришат, идентотеот ќе ни го сменат. Името – исто така.

И ние мирно си седиме и гледаме, како и евреите пред 70 години, како тоа ни се дешава. И, ништо не преземаме?!

Талат касапинот и воен злосторник, кого ДПМНЕ го амнестираше за злосторства што не застаруваат, ќе држел говор на Мечкин Камен. Шиптарот ќе се посере на жртвата на Питу Гули, на идеите и отпорот на Даме Груев, Никола Карев, на нашата Република, на нашиот Манифест… Следното е, веројатно, Зијадин Села со коњаници да тргне од Струга и да стигне во Крушево заедно со коњаниците што ќе заминат натаму од Скопје. Села и Јохан да се сретнат таму?!?!

И ние тоа молчешкум го гледаме?!

Груевски бил крив?!?!?! Ма нееее, ние сме сами криви!!!

Иванов бил виновен оти во овие моменти бил фикус?!?!?! Ма нееее, ние сме си сами виновни. Ние. Ние сме фикуси. Сите од ред.

Ние и никој друг.

Наместо “Комитски вечери“ и виење ора додека браќа чемреат во зандани, вистинските Македонци (ако такви сеуште има останато) треба да разговараат и договараат одење на Мечкин камен и попречување на понижувањето. Организирање блокада на Скопје за да не можат Борисов и Заев на мира да потпишуваат невалиден документ и да се поклонуваат на Гоце кај “Фонтана“ и во Св. Спас. Бара масовно одење пред резиденцијата на Хорхе и пред “Вајт хаус“ на ДМРО ДПМНЕ и барање Груевски и Иванов КОНЕЧНО нешто да преземат. Оти смачено ни е на сите од партиски дебати и соопштенија… Смешно е да се гледа како државата се распаѓа а идентитетот се губи – а ВМРО ДПМНЕ на тоа “грмнува“ со панел дискусија или партиско соопштение!!! Замислете на Мечкин камен при нападот на турците, Питу Гули да одговореше со една панел дискусија. А потоа Карев и Груев да се пресметаа со аскерот со партиско соопштение?!

Велам, им се чудев на евреите како беспоговорно отидоа во своето уништивање, а еве сега мене истото ми се случува.

Миленко Неделковски

01.04 часот, 25.07.2017 (90-ти роденден на мајка ми Виолета)

Скопје