ПАТРИОПЕЈЦИ

ПАТРИОПЕЈЦИ

Синдромот „Доктор Џекил – Мистер Хајд“ детектиран е одамна, но се појавува безмалку секојдневно во нај разични форми. Двојна личност на една иста особа.

На пример, не може човек да е патриот, македонски на пример, а во исто време и да е про ЕУ или про НАТО.

ЕУ и НАТО би сакале да ја истребат Македонија и Македонскиот народ, да ги релаивизираат границите, да го отстранат идентитетот, да го сменат името… Ако си за таков НАТО и таква ЕУ, тогаш како си во исто време и патриот?! Патриот кој сака да има заедничка историја со нашите поробители, џелати, убијци, стрвинари???

Како човек да ги нарече таквите наши домашни доктор Џекили или мистер Хајдови. Ем патриот, ем европеец. Одговара ли ПАТРИОПЕЕЦ???

Јас не верувам во прикаската дека човек, политичар, партија може да е патриотска а во исто време да прифаќа и легитимира тајна, СКРИЕНА ОД НАРОДОТ, седница во Собрание за договорот за “заедничка историја“ со Бугарија!!! Тоа едноставно не е логично, односно НЕ Е НОРМАЛНО.

Еве прашање: Што значи присаството на “затворената седница“ за договорот со Бугарија на ВМРО ДПМНЕ? Значи ли дека партијата е подготвена скришно од народот да разговара, преговара и прифаќа договори на штета на Македонија, а за тоа своите гласачи и својот народ да не ги информира? Да не го праша за одобрение?! ВМРО ДПМНЕ е партија која инсистра во своите изборни програми на референдум за името. Не гледам дека истата партија бара рефереендум за договорот со Бугарија, препораките на Прибе, Пржино 1 и 2 …

Не знам колку се од ВМРО ДПМНЕ свесни за фактот дека народот во нив и лидерот Никола Груевски ги гледа како last line of defense. Последна линија на одбрана на МАКЕДОНШТИНАТА.

Но таа линија на одбрана не може да биде ПАТРИОПЕЈСКА.

Не е ништо спорно дека некој може да се реши дека е прагматичен про-европеец а некој друг да се реши дека е романтичен патриот. Не е спорно. Спорно е што невозможно е било кој да е и едното и другото во исто време.