Кире Наумов, неисполнувачот на кладби, се расфрла со имиња, цитати и книги што никогаш не ги прочитал. А и тие што ги читуцкал не ги разбрал.
И, нормално, Ивица го расшрафи како стар шифоњер.
Ивица Боцевски
пред 3 часа · Skopje · изменето ·
Лошо е кога се злоупотребува науката и научниците во политички цели, а, за жал, мојот пријател Кире Наумов, за да ги легитимира потезите на опозицијата, се повикува на авторитети од постарата и помладата генерација на глобалната политичка наука (отсек – демократизација). Тој во својот есеј вели дека пренесува делови од пишувањата на „паталци“ од типот на – Левитски, Уеј, Линз, Чечаби и така натаму (не знам каде тоа пати Левицки на Универзитетот од Торонто, Уеј на Харвард, Чехаби на бостонскиот универзитет, а Линц е веќе упокоен).
Меѓутоа, во своето најпознато дело, кое што ги катапултира во врвот на политичката наука, наречено „Подемот на компетитивниот авторитаризам“, Лукан Уеј и Стивен Левицки го велат следното за дејствувањето на опозиција во собранието, дури и во такви режими (Македонија не е компетитивен авторитаризам):
„Дури и кога актуелната извршна власт ужива огромно законодавно мнозинство, опозициските сили може да ја употребуваат легислативата за среќавање и организирање и (доколку постојат независни медиуми) како јавна платформа за осуда на режимот.“
Каде тука постои совет, како што вели Наумов, „наместо во Собранието да се дава легитимитет на штетните закони затоа што ниту една важна одлука на режимот неможе да се промени, првиот чекор на искрената опозиција е да не седне во пратеничките клупи“. Тој цитат го нема никаде во литературата за демократизација. Впрочем, демократизацијата подразбира „ДОЛГ ОД НИЗ ИНСТИТУЦИИТЕ“, а не бегство од институциите. Понатаму, опозицијата во Македонија има алатка што е мислена имена за многу опозиции ширум светот, како за опозицијата во некои демократските, така и за опозицијата во сите недемократските режими, а тоа е директен пренос на сите собраниски седници, како и на сите собраниски тела. Зарем некој е луд да пропушти таква платформа за соочување со власт и за директен пласман на сопствената политичка порака пред граѓаните? Добро, треба да се има политичка порака за да се пласира, но тоа СДСМ никогаш и го немал.
За тезите на Хуан Линц ќе ја оставам опозицијата да ја прочита неговата и на Алфред Степан „Проблемите на демократската транзиција и
консолидација“, преведена на македонски и отпечатена како дел од владиниот проект за превод на 1000 учебници кои се користат на врвните глобални универзитети.
За дебата, нормално, подготвен сум во секое време …
Ивица Боцевски Ах, да … Ги чекам и цитатите.