Дудинка има почетно прашање до неговата Екселенција на Обединетото Кралство, Г-динот Чарлс Гарет:
Какво демократско достигнување се челичните клинови во подобрите Лондонски квартови што се поставени за да не можат бездомниците да спијат во тие делови?
Што е следното? Жолти ленти околу раката?
Нема ли друга социјална мерка, освен шилци? Бездомниците факири ли се? Или се животни?
И ние бездомници имаме. Неколкумина навистина, но бездомници. Што да прави Министерството за Труд и Социјала? Да нарача метални шајки? Така ли се решава проблемот?
ЧАРЛС ГАРЕТ
