РУСКА ПАРТИЈА ВО МАКЕДОНИЈА

РУСКА ПАРТИЈА ВО МАКЕДОНИЈА

За приватно лице, за поединец, за човек кој не стигнува до меѓународни личности и институции благодарејки на позицијата или функцијата – имам исклучително силни врски и контакти во Русија. Јас сам, лично, како Миленко. Ниту како министер, ниту како пратеник, ниту како амбасадор. Онака, со човечки квалитети. Искрено и директно.
Но, не само со Русија. Туку и со Франција и САД. Личен пријател сум на таткото на претседателската кандидатка на Фрација Ле Пен, редовен гост нa неговите прослави, родендени. Личен пријател сум со најмалку 3 поранешни министри за надворешни работи на Франција. Да, да… И со САД, исто така имам одлични односи, од јануари наваму. Преку повозрасното на постаротот од моите две деца кое има блиска (секојдневно блиска) пријателска фамилија од Флорида. Фамилија, фамилијаро блиска со Доналд Трамп. Секое доаѓање а Флорида, Трамп руча или вечера со нив. За жал, никој не сакаше да ја искористи таа моја предност.

Но, за Русија ми е зборот овдека.

Во Русија имам близок пријателски однос со идеолошкото крило на Путин (Дугин, Савин…). Потоа со партиското крило на Путин (Железњак, Колбановски…). И крајно со медумското крило преку Спутњик.

Но тоа пријателство, како и оние две други (француско и американско) не ме попречуваат во моите ставови и критики, и не ги менуваат мојот однос кон тоа Македонија да биде независна и самостојна, а не предмет на поткусурвање на големите светски сили.

Најмалку ме попречува нивните политики контра Македонија жестоко да ги критикувам.

РУСКАТА ПОЗИЦИЈА

Русија и како царство, и како соц-комунистичка творба (СССР) и сега немала искрен однос кон Македонија.
Да потсетам, Сан Стефанска Бугарја е формирана од Русија. На сите можни Берлински конгреси, Париски конеференции и најважно на Букурешкиот договор, Русија ја фаќа страната против Македонија.
Крајно и нај свежо е сеќавањето од Втората Светска Војна и оставањето на цедило на Македонците од Беломорска Македонија, на кои не им ги исполниле ветувањата за поддршка со наоружување и слично. Ами биле оставени на милост и немилост на грците и наплам бомбите на Англиската авијација.
Околу улогата на Русија во Косово за да ги спасат “браќата срби“, нема потреба да пишувам. Тазе е, сите се сеќаваме.
Русија е исклучително силна, моќна и непобедива. Ама интровертна и незаинтересирана за било што надвор од нејзините граници. Така ја загуби Србија, Косово, Либија, а еве сега и Црна Гора.
Македонија ниту може да бара, ниту може да добие спас од таму.
За нас, Русија е единствено потребна за да биде баланс против предаторската политика на “длабоката држава“ од Вашингтон. Големо прашање е дали е таа подготвена на тоа?!
Бидејки, доколку на “салфетката“, како во времето на Сталин и Рузвелт, е напишан распоредот на интересните зони, а кај Македонија стои 90:10, тоа еве вака сега и го гледаме на терен. 90:10 за САД.

ПАРТИЈА

Мотив за текстов е најавата за форимрање на про-руска настроена партија во Македонија. Има текстови на ФБ, дури и во портали на кои има асоцијации за тоа кој тоа би го водел тој процес. Но тие портали се премногу “џандарски“ за да не си помислам дека разузнавачкото подземје пробува да го “меси“ јавното мислење.

До тука, нема проблем со мене. Нека си пишуваат што сакаат, никој не може да ги спречи.

Но, на секоја иницијатива за партија, движење организација секоаш и се неопходни “капиталци“ кои ја имаат довербата од народот и кои имаат харизма народот да ги следи. “Капиталци“ кои со својот минат труд оставиле силен впечаток кај народот дека се на страната на народот и на државата. А не на страна на партии, странски капитал, олигарси, амбасадори… Луѓе, пак велам “капиталци“, кои со своите ставови, текстови, зборови и акции докажале кои се и за што се. Нив ги има неколкумина. Спротивно, самонабедените интелектуалци ги има со лопата да ги ринеш.

Јасно е дека без вистински луѓе пропаѓаат идеите за организацирање надвор од постоечките две партии ВМРО и СДСШ. Колку само такви тинк-тенк групи стартуваше Трифун Костовски, колку само ги направи Милчин со Сорос. И, ништо. И другата страна имаше исто искуство. Со “Заедничка Македонија“, “Десороизација“, а пред тоа со “ново-ГДОМ“-ците. И тие угинаа ко прасе у Техеран. Не бива од секе дрво шупелка.

Во Македонија, иако ќе личи ептен самобендисано, релно има само 4 лика што можат да одговорат на критериумите за “ај да почнеме нешто ново“. Тоа е Бриселската тројка, засилена со Дарко Јаневски. Мирка, Миленко, Бобан и Дарко. И – толку.
Е, ај што ја вака самобендисано тоа го пишувам, ама и истражувањата во партиите, амбасадите, бизнис-политичкката заедница го кажуваат истото. Тие и никој друг.
Еден куп други, што се занесуваа дека можат, се избербатија: Ванковска, Трифун, Кекеновски, Павле Трајанов, сегашниве ВМРО реформатори, Ивон Величковски, Бачев… Се тапа до тапа.

Токму заради сознанија и бројките во врска со Мирка, Миленко, Дарко и Бобан – стнавме предмет на операцијата “нова Руска партија“. Сакаат да не вовлечат во нешто во што не сме.

ГЛЕДАЈТЕ СИ ШТИПКИТЕ

Последниов месец-и-нешто засилено најразлични полуликови се обидуваат:
1. Да наговорат (со убедувања, пари, идеологија, познанства…) некого, или сите, од овие 4-мина да влезат во прокетот проруска партија во Македонија.
2. Да пробаат да ги убедат своите спонзори и следбеници дека тој-и-тој или таа-и-таа прифатила да се приклучи. Па ќе ја пишувала/пишувал програмата и триста други работи. Џандарски работи и подметачини.

Во рамките на точкава 2, им успева некој и да им поверува. И оние што се дел од “новата идеа“ и оние што би биле загорзени од нешто такво.
Па има триста работи за тоа колку пари биле подделени. Каде биле дадени, кои црни мерцедеси возеле… А бе, Холивуд.

Текстот е наменет за следново:
1. ДА НИ ГО БРИЧИТЕ (на Мирка да и‘ ја бричите) СО ЗЕЛЕНО ЏАМЧЕ, ПО МОЖНОСТ ОД СКОПСКО ПИВО.
2. Одма ДА ВИ КАЖАМ ДЕКА НИКОЈ ОД ОВИЕ 4-МИНА НИТУ МОЖЕ ДА Е НАГОВОРЕН, НИТУ БИЛО КОГА Е НАГОВОРЕН НА ВАКВИ АНТИ-МАКЕДОНСКИ ГЛУПОСТИ.
3. ДЕКА НИКОЈ НИТУ ЗЕМАЛ, НИТУ БИЛО КОГА ЌЕ ЗЕМЕ ПАРИ ЗА ДА НАШТЕТИ НА СВОЈАТА ДРЖАВА, НАРОД, НАЦИЈА, ИСТОРИЈА И ЈАЗИК, а во корист на политички и бизнис профитери.
4. Проруска партија, или било која партија, за нас 4-ца не игра. Ниту било кога ќе игра. Како што не играме ниту со Сорос, ниту со УСАид, амбасади и слично. Тоа многу добро си го знаат и русите и американците.

ЛИЧНО

Јас не сум член на ниту една партија. Значи, ниту на ВМРО. Но за мене не постои друга партија во Македонија која може да ги брани националните интереси на државата, осовен ВМРО.

Дарко Јаневски. Кога со Даре разговарав вчера на оваа тема, ме замоли ако пишам текст да го цитирам:
“ВИЕ ШТО СМЕТАТЕ ДЕКА ДАРКО ЌЕ ФАТИ ТАКВА, ИЛИ БИЛО КАКВА СТРАНА, СТЕ ОЧАЈНО ГЛУПИ КРЕТЕНИ. СО НИВО НА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА НА СЕЛСКА ТАРАБА“.

Мирка Велиновска. Кој има смелост, нека си ја праша сам. Само молам да бидам известен кога и каде ќе е тоа. Таков ивент не би сакал да прпуштам за ништо на светот.

Бобан Нонковиќ. И со него гадно сте се заебале.

МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ

Миленко Неделковски
18.06.2017
Полска

19.22 ч.