Стариот Мерцедес С500 во кој се возеше Груевски е купен во 1994 од Владата. Еден за Бранко, еден за Киро. Модел Пулман, блиндиран и за тоа време најлуксузен. Двата се набавени за тогашни 2.550.000 марки народни пари. Тогаш никој не се бунеше зошто мора една Влада да има блиндирани возила, иако темата е смешна и наивна.
Пред пет години, повторно државата купува блиндиран Мерцедес. За разлика од минатото, овој е само лонг верзија. Не е Пулман, не е Мајбах. Ако зборуваме за таков тип на државнички возила, овој Мерцедес е еден од поефтините. Цените на блиндирани автомобили можете да ги проверите.
И за појаснување: Тоа возило не е ниту на Груевски, ниту на Заев. Тоа што случајно биле ПВРМ им дава само право да го користат истото возило. По меѓународните правила за безбедност на ВИП личности, секоја држава мора да поседува минимум две блиндирани возила доколку доаѓа странска делегација. Таков е протоколот. Еве, доколку дојдат во официјална посета Меркел и Путин во кои возила ќе бидат возени? Во стариот С500 на Груевски кој веќе не исполнува безбедносни критериуми или во новиот С500? Смешно е да дискутираме дали треба една држава да поседува блиндирани возила. Или да правиме паралели што можело да се направи со тие 500.000€ доколку не се купеле. Тоа е исто како на обезедувањето што го чува Заев како ПВРМ да му кажеме да користи ТТ-еец или ЦЗ од некој чиновник од ЈНА, а не да набавуваат најсовремени Глок-ови. 🙂