БАЧЕВ

Одговорот на неколкуте прашања за новиот министер за надворешни работи Никола Димитров ги прават работите појасни за 25 годишното разнебитување и обезличување на Македонија и Македонците:
1. КОЈ и ЗОШТО во најкритичниот период за државата во војната во 2001 за советник за национална безбедност на претседателот на државата го измисли Никола Димитров, кој во тоа време е штотуку излезен од училишните клупи на Правниот факултет и кој воопшто ги нема потребните компетенции од оваа област и како резултат на неговите „совети” поминавме како што поминавме во воената 2001-ва;
2. КОЈ и ЗОШТО без проблем го местеше Димитров во сите власти, на пример, преговарач за името кај Црвенковски, советник на Груевски, министер на Заев..;
3. КОЈ и ЗОШТО го инсталираше Димитров на позиции поврзани со националните интереси иако станува збор за човек со изгубено национално чувство а неговиот татко дури и во книги пишува дека не постојат Македонци и нашите корени да ги бараме во бугарските корени;
4. КОЈ и ЗОШТО ги инсталира Димитров и неговито татко да бидат македонски амбасадори во Вашингтон и Москва ВО ИСТО ВРЕМЕ, нешто незамисливо во вековната дипломатска практика;
5. КОЈ и ЗОШТО овозможи да се направи таков опасен државнички превид кога за преговарач за името е назначен Димитров кај кого отсуствува македонски идентитет и изградено чувство за припадност кон македонскиот народ, бидејќи според нивните семејни определби имаат бугарски етнички корени;
6. КОЈ и ЗОШТО во клучните моменти кога преговорите за името одеа во некаква корист на Македонија, на Димитров како преговарач за името му сервираше дека Македонија мора да направи компромис/ промена на името со што Димитров си земаше за право да кажува ставови вон неговите ингеренции и на мошне перфиден и опасен начин да ја ослабува македонската позиција пред секоја средба на специјалниот пратеник на ОН, Метју Нимиц, со македонскиот државен врв;
7.КОЈ и ЗОШТО уште од осамостојувањето ја форсираше оваа најголема пазарџиска фамилија (синот, мајката Ратка и таткото Димитар) во историјата на демократска Македонија и го дозволуваше сето тоа!!!
Овие прашања кријат тајни за црната судбина на Македонија во поновата македонска историја!