Немало успеси во македонскиот фудбал????
Оф мори мајко! Па како ќе има?
Градското, море ЦЕНТАРСКОТО дерби, наместо во Градски парк се игра во Велес!!! Како Челзи и Арсенал да играат во Милтон Кејнс. А Сити и Јунајтед да го играат дербито во Воркингтон.
Условите!!!!! Белосветски!!! Прволигашки!!!! Европски!!!
Немало фудбал!!!, Па, ќе нема на овој начин.
Стадионов неможе да се нарече ниту КАРАБИНА. Безбедноста НУЛА. Скалине бетонски како кај баба му на Боцевски у село. Железа, цигли, арматури…….
А Градски, за кој пишував неколку пати дека е лошо реновиран, пред се во дренажата на теренот, седи како споменик на глупоста.
Да ви кажам, у времето на Џинка (знам дека не знаете кој е он, бидејки доцна сте се доселиле во Скопје) Градски стадион ниту еднаш не беше поплавен од подземните води на Вардар кои тука природно течат и поминуваат.
Ама така е сега. Сите фудбал (и телевизија) научија! Од гледање!!! Како жена му на Мујо Фата што станала добра у секс гледајки порно филмови(!!!), додека Мујо 20 години грбачел у Немачка.
Се додека полицијата и истражните органи не се зафатат со детектирање на украдените пари во ФСМ/ФФМ од времето на Ѕинго, преку Ламбе и Бате Ване, посебно за време на Хари Хаџиристеески, до денешно време, па на обвинителна клупа да седнат претседатели, ѓенерални секретари и слични – се дотогаш нема да имаме инфраструктура и фудбал.
Џе су паре?