Текст наменет за сите “стручњаци“ за спортско коментаторство во Македонија.
Сите вие на кои поубаво ви звучи “пред сто хиљада гледаоца“, наместо “пред сто илјади гледачи“, на сите вие кои ги кудите спортските коментатори од Македонија споменувајки професионалност и слично, да ви кажам:
Вчерашното коментирање на коментаторот – ХРВАТ, е коментаторско дно и катастрофа што одамна го немам чуено.
Нестручен, непрофесионален, глуп и плус националист.
Навиваше за Албанија до ниво што стекнав впечаток дека од Загреб ќе дојде во Елбасан да се соблече и да влезе да игра.
Им еба мамата на србите од почеток до крај. Дури користеше и зборови “озоглашчена противничка репрезентација“!!!
Цела утакмица очекуваше да се деси “најављено трече полувреме“!!!
Не виде дека албанците имаа само една шанса, кога српскиот голман со десна рака изби топка во корнер. Спротивно, србите имаа барем 5 стонастотни шанси (на Ивановиќ, на пример) и поништен (оправдано) гол. Србите имаа поголем посед на топка, повеќе пасови, повеќе осмислени акции. Тоа “коментаторов“ не го виде!!!
https://youtu.be/cIKrpRKIqDA
“Коментаторот“ беше толку “објективен“ што пола утаица го славеше голот на Португалија против Данска.
Ова уште еднаш е повик до Владата на Република Македонија, до Премиерот Никола Груевски, до Министерката за Култура Камчевска Милевска, до Директорот на агенцијата за електронски медиуми Зоран Трајчевски, до директорот на Телеком Жарко Луковски сите спортски настани да се коментираат на МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК. Како што може серии, филмови и докумнтарци да се надсинхронизирани или титловани, истото треба да важи и за спортските натпревари.
Видовме дека од Телеком краделе стотици милиони Бучковски и Шекеринска, де сега покажате ВИЕ дека сте различни од нив, па дел од огромниот ќар што го прави Жарко Луковски како и дел од дивидентата на Македонската Влада, нека се инвестира во хонорари за 4-5 коментатори на МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК. Да слушам хрват што сака да е шиптар, немам намера, ниту пак желба да плаќам Телеком.
Не навивав синојка ниту за србите, уште помалку за албанците. Но, сакав да гледам фудбал (двата тима имаа одлични фудбалери), да проследам пренос. А не хрватска националистичка агенда.
Ајде госпоѓо Камчевска Милевска, ајде господине Жарко Луковски, поработете малку на НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ. Заштитете го МАКЕДОНЕЦОТ и неговиот МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК. Заштитете не од хрватски, српски, албански и секакви други национализми…