Борче К. Илијоски ќе напише:
“Јас мислам некој од Агенцијата за Млади и Спорт да се слика со автобусот на одбојкарите, за спомен да се знае како придонесле за овој успех! А вас момци секоја ви чест! Им покажавте на овие наши самобендисани политиканти како се брани и носи државниот дрес! Не се грижете, ако освоите титула секако ќе се сликаат со вас!“
Така е Борче.
Сега, откако 100 саата со автобус ќе се враќаат назад, ќе бидат примени од политичари, директори, агенции, тајкуни… Ќе бидат тапкани по рамо…
Тие со автобус го остварија најголемиот успех во историјата на Македонската одбојка, и најголемиот спортски успех од 4-то место на кошаркарите наваму.
Момци – РЕСПЕКТ.
Оние што требаше да им овозможат услови – С Р А М О Т А.