ПАНЧЕВ или ЏАИЌ

Дарко Панчев или Драган Џаиќ?

(Сеќавање на оние што повеќе не се меѓу нас)

Во колумната на Панчев на порталот Екипа, прочитав дека во интервју за наш дневен весник го прашале да направи споредба помеѓу леgендарните Младен Делиќ, Милојко Пантиќ и Златко Калински.
Овој текст нема да има намера да се бави со споредба на Дарко со Џаиќ или Бобек, ниту да се бави со оценката на квалитетот на Златко Калински.

Фудбалската споредба ќе ја оставам за друг пат.

Коментаторската ќе ја оставам само на констатацијата дека Златко е само еден од двајцата спортки коментатори што достојно и доследно си замина во пензија. На што му честитам. Вториот е Никола Солдатов. Сите други од редакцијата од каде си ја создаде кариерата завршија со животот предвреме (Иван Мировски и Ристо Ничевски), или беа со неславен крај на кариерата (промени, суспензии и сл.) како во случаите на Атанас Костовски, Зоран Михајлов и Гоче Јанковски.
На Златко му посакувам да земе многу повеќе пензии од Солдат. И, реално би било неговиот квалитет и кариера да се споредуваат со оние на Солдат и Вања Глава. Бидејки Македонија имаше подобри коментатори од поголемиот број редакции на ЈРТ, без разлика на србокомунистичките изливи од типот: поубаво ми личи кога ќе го слушнам “Пред сто хиљада (тисуча) гледаоца“, отколку вашето “Пред сто иљади гледачи“.

Но, на страна Дарко и Златко, текстов ми е за Милојко. Пантиќ Милојко.
СФР Југославија имаше мнгу добри и неколкумина одлични коментатори. Ниту во добрите ниту во одличните не беше Милојко Пантиќ. Во неговиот случај се работеше за непрофесионалец, кој навивачката страст кон Црвена Ѕвезда ја ставаше пред професијата и незините норми. Се работеше за непознавач на фудбалот и спортот, но за човек со приемчив глас и прифатлива ТВ физиономија.
Младен Делиќ би се превртувал во гроб кога би дознал дека го ставаат во легенди, ама заедно со Пантиќ Милојко. Од Младен Делиќ ќе паметиме многу комнатри: “Људи је ли то могуче“, “Радановиќ, Радановиќ, Радановиќ…“, потоа “Моја швицарска штоперица…“, па легендарното “Ја драги гледаоци не знам шта сада предвиџају правила!!!“.
Од дрга страна, Милојко Пантиќ ќе се памети по дербито Партизан – Ѕвезда. Од “тунелот“ излегуваат најнапред играите на Партизан како гости на Маракана, а по нив и на Ѕвезда. Пантиќ “коментира“: “Очекујемо велики дерби. Ево излазе играчи Партизана. А, ево сада и НАШИХ!!!“.
За помладите колеги, што не можат да паметат оти во тие времиња имале дилема дали да бидат во левиот или десниот тестис на татка си, еве мал преглед на ВЕЛИКАНИТЕ на спортското коментаторство во Југославија.
Радио коментатрските ЈУ легенди како Едо Пеци, Марко Марковиќ и Ивко Панговски ќе ги оставам за некој друг текст.
Во телевизиските великани и легенди, несомнено е Младен Делиќ. Но пред се учителот на сите нас од југословенските спортски редакции Милка Бабовиќ. “Баба“ Милка и нашиот Солдат се единствените што имаа доблест и знаење својот занает да им го пренесат на другите, на помладите. Некој од тие ученици останаа балвани (Недељко Ковиљало, Сејад Хаџијахиќ, Звонко Михајловски…), а други стигнаа до врвот во спортското коментаторство (Ивица Блажичко..).
Во СХ подрачјето на ЈРТ (СХ = српскохрватско), имаше уште 6 врвни коментатори. Легенди. По двајца од Загреб, Титоград и Белград.
Од Белград се тоа Драган Никитовиќ и Владанко Стојаковиќ. Од Загреб Божо Сушец и Борис Мутиќ. И од Титоград Милорад Џурковиќ и Бранко Вујисиќ. Би било неправедно кога на оваа листа не би бил додаден помладиот (во однос на овие леgгенди) Славко Цвитковиќ од Загреб. На овие секако треба да се додаде и Иво Миловановиќ од Љубљана. Но тој коментираше на словенечки, па остана непознат на пошироката јавност. Од сите овие погоре мене омилени за слушање и учење ми беа Владанко и Борис.
Како што може да се види, ова е премногу силна лига за во неа да биде Милојко Пантиќ. Од белградската редакција имаше шанси да стане легенда Цока Лазовиќ, ама семејната трагедија ја поремети неговата кариера.
Да заклучам, Пантиќ никогаш не бил коментаторска легенда. Бил голем Ѕвездин навијач и успешен кариерист во ЈРТ во СФРЈ.

ПС
Секако југословенското спортско коментаторство имаше многу повеќе легенди, ама во категоријата глупост, тупост, неснаоѓање и пред се во категоријата лапсуси.
Во овие леѓенди, покрај исклучително силната конкуренција се издвојуваше босанецот Мирко Камењашевиќ. На пример:
Mirko Kamenjašević
“Gol, gol,… kurac gol, stativa!!!”

(sljedeća utakmica): “… slobodan udarac sa nekih 35 metara izvodi Bukal… topovski udarac i gol… kurac gol, prečka… sjedi mali picka ti materina, ništa ne vidim.”
(6 mjeseci suspenzije)

(Nakon suspenzije):
Vahidin Musemić u izglednoj šansi i ništaaa… ali opet Musemić dolazi do lopte, udarac i golman brani, lopta se odbija do Musemića koji upućuje snažan udarac lijevom nogom… prečka, Musemić ovaj put glavom i opet je promašio jeb’o mu ja mater smotanu!!!”
(2 godine suspenzije)

http://www.pressonline.rs/sport/sportske-zanimljivosti/266557/da-vam-podju-suze-lapsusi-srpskih-sportskih-komentatora.html
http://autentik.net/zanimljive_poruke/lapsusi_sportskih_komentatora.php
http://www.otvoreno.ba/categoryblog/33859-provale-sportskih-komentatora-gol-gol-kurac-gol-stativa