По синоќешното финале, да заклучиме:
1. Роналдо никогаш не одиграл добра утакмица кога бил голем дуел. Кога имало решавачки меч.
2. Резултатот и успехот (осовојување титула) застанаа пред убавината, витештвото и атракцијата.
3. Нациите кои имаа фудбалери бисери и велемајстори (Аргентина, Бразил, Шпанија, Португалија) како што беа Еусебио, Пеле, Марадона, Гаринча, Ди Стефано…, ја преземаа холандско-германската доктрина на атлетичари-фудбалери и италијанското катанаџо на Хеленио Херера.
4. Фудбалот е голема играчка за богати шеици (Ер Дубаи), пост СССР пребогати држави (Азербејџан) или фирми (Гаспром).
5. Фудбалот, врvниот пред се, се сведе на 4-5 екипи (владетели) и на останатите клубови робови на елитата (Реал, Барселона, Баерн, Манчестер, ПС Жермен…).
6. За екстра малите земји (Македонија) и сиромашните kлубови место на сцената нема.
7. Успех на клуб од некогаш водечките фудбалски нации како Холандија, Блегија, Полска, Франција, Унгарија, Романија, Русија немаме видено со декади. Нации кој ги дадоа Пушкаш, Сивоши, Деина, Лато, Хаџи, Кројф, Платини…, клубски умираат.
8. Солуција е делба по региони и натпревари во рамките на истите. Распределба на парите од УЕФА многу по праведно (повеќе пари за посиромашните и помалите). Ограничување на платежниот фонд, нешто како во НБА.
Previous Post: НАВИВАЧОТ НА РЕАЛ!!!
Next Post: ФФМ во РИМ