АПАШКА ХЕФТАЛИЦА

АПАШКА ХЕФТАЛИЦА

Ми кажаа дека оној криминалец од урбаната мафија и ретард Упа во емисија кај полициско-разузнавачкиот соработник (на нашите и српски служби), “објавил“ дека Вице бил газда на 24Вести.
Ај тие, кои информации/емисии праат од тоа што ќе прочитаат кај мене или кај Мирка, ами и сајтот Курир и други анти-соросови сајтови на сите звона го пренесоа ова “ОТКРИТИЕ“.
За нивна жал, тоа не е ексклузива. Сори фолкс.
Батко Миленко ова го знаеше, откри и напиша пред скоро 8 месеци (и со зборови: П Р Е Д ОСУМ МЕСЕЦИ), во септември 2016-та.
Или сум јас пред времето, или се тие многу зад времето (зад мене).
Мене ми е јасно дека сите сајтови (и од една и од друга страна) си имаат свои “главни уредници“ од сенка кои се луѓе, па не можат се да знаат. Ама дајте не претерувајте.
Васко Ефтов е докажан телевизиски апаш. Серијалот снимен со големи пари од МТВ, Македонската телевизија не смее да го дигне на нет оти сите “турски“ кадри му се крадени од турските телевизии и вести, па МТВ се соочува со сериозна казна за крадење на интелектуална своина. МТВ да признае дека платила за емисија која е со крадени ТВ права, и тоа не бива. Па си молчат.
Начинот како Упа криминално ја легализираше зградата “Тифани“ е јасна.
На ист апашки начин сега глуми “истражувач“.
Но, пак велам, жалам апашаана. Батко Миленко пред 8 месеци ова го пиша.
Ете и слика од објавата со датум. Ме цитираа подоста опозициони медиуми тогаш.
#ЗоштоКрвИМедНеЕНаНет