И покрај огромната сума пари истурена од страна на семејството на Андреја Јосифовски (тоа е оној што го соголи Макпетрол за сметка на сопствената Оилко) за да се ребрендира и натпреварува со големите батковци неговата телевизија Телма, бројките покажуваат телевизиско фалименто.
Јавноста уште на самиот почеток од проектот “нова Телма“ оцени дека грешката е направена со ангажирањето на Саки Кировски, познат како гробар на медиуми и грчки шпиун, за директор и главен и одговрен уредник.
Настрана што неговото авторитарно, нестручно и мобинг директорување произведе еден смртен случај на новинаркна на телевизијата, како и загубен судски спор со порнешната главна и одговорна Емилија Златковска, тој придонесе за паѓање на ионака супер слабиот рејтинг на гледаност на телевизијата.
Во понеделникот, завчера на 11-ти, Телма имала просечна гледаност (шер) од 2.0%. Како споредба, тоа е послабо од кабелската 24Вести која имала 2.3% , потоа од стандардно супернегледаниот МТВ со 2.5%. Телма била погледана само од МТВ2 која била со гледаност од 0.3%.
Големите батковци со кои сака да се натпреварува Телма, тој ден имале 10-кратно поголема гледаност. Сител 22.2% а Канал 5 имал 21.1% гледаност. Ептен многу на мизерно малку.
Тоа е ден кога водител на нивната “топ“ емисија е Чомовски. Тој па е познат во јавноста по исклучително негледаните емисии што ги прави. Заради негледаност и беше исфрлен со неговата емисија Чуму од инаку ептен слабо гледаната МТВ.
Е, ама ова и не е најдолната граница на негледаност што може да ја “постигне“ Телма со уредникувањето на Саки.
П така, кога заедно ќе се впрегнат Саки Кировски и Борјан Јовановски можат да произведат и поголема негледаност (помала гледаност) од онаа веќе постигната минимала која погоре ја објавив.
Ден пред тоа, најавуваниот мега проект Контравести, со истурени УСАид пари, со поддршка од странски амбасади, со учество на Чарлс Гарет во првата емисија (нам ни требало сатира, порача личниот пријател на Борјан), најавувана со тапани ИМАШЕ ДВОЈНО ПОМАЛА ГЛЕДАНОСТ од ионака супер малата просечна гледаност на Телма.
Имено, гледаноста на последните 6-ти Контравести била со шер 1.33% или ги гледале само 11.625 луѓе.
Контравести има договор со Телма само за шест емисии. Тие шест истекоа. Саки е познат по затварањето и колабирањето на медиуми што ги раководел. Контравестите на Борјан се апсолутно не гледани. Ама што е важно?! Може да се продолжи договорот! Саки и онака е донесен да ја пропадне Телма.