Петар Шанданов е роден во Охрид 1894 година. Човек со најдолг стаж во македонското револуционерно движење,цели 42 години,од својот 76-годишен живот посветил на македонското ослободително дело,почнувајќи од 1912 година па се до 1954 година кога последен пат излегол од затвор,а бил осуден од бугарскиот комунистички режим за „дејност поврзана со Македонија“.
Бил избран за делегат на Второто заседание на АСНОМ,каде во својот поздравен говор пред присутните делегати во Скопје,меѓу другото рекол дека: „веќе има македонска држава и таа ќе биде македонски Пиемонт“.
Уште на 15-годишна возраст се вклучува во македонското револуционерно движење,а подоцна учествува и во т.н. Охридско востание во 1913 година,но и во Првата светска војна,со македонска дивизија,каде што е командир на чета..