ГРАД ХЕРОЈ

ГРАД ХЕРОЈ

Не, не, неее… Текстот не е за “најфудбалскиот“ град во Македонија. Не.

Една од моите големи пасии и хобија е историјата, пред се Втората светска војна. Битки, стратегии, личности, механизација, жртви, саможртвувања…

Ги имам посетено Аушвиц, Дахау, Треблинка и Јасеновац. Сите места на “југословенските“ офанзиви Дрвар, Сутјеска, Козара, Неретва, Краљево… Во Австрија споменикот на жртвите од смртоносниот марш до Блајбург. Плажите на француското крајбрежје атакувани од сојузниците на Денот “Д“, сум ги шетал уздуж и попреко.

Сум го посетил музејот на нападот на Перл Харбур, на Хаваи. Музејот е под вода, се гледаат потопените бродови, урнатите авиони…

(Со фамилијата на Небојша Давидовски на платформата на музејот на Перл Харбур)

Сум бил на Окинава, каде е водена една од најкрвавите, најрешавачки и најсурови битки (искрцавање) во Втората светска војна.

Сум бил на на местото на Курската битка, на местото на искрцувањето на американците на Сицилија. Сум бил на деловите на фронтот околу Киев, Москва и Ленинград…

И така, еве денска, имав можност да го посетам музејот и парокот “На Победата“ во Минск. Односно војниот музеј кој во детали ги опшиува двете големи битки. Битката за Баилсток-Минск, кога во 1941-ва Германија тргнува “нах ост“. Тогаш гинат околу половина милион граѓани на СССР. И операцијата Багратјон, односно офанзивата на/кон Минск од страна на СССР три години подоцна. Тогаш настрадуваат 600.000 германци во битка која е окарактеризирана како нај calamitous (несреќна) за нив како држава, народ и нација.

Еве ви линкови, ако ве интересира:

https://en.wikipedia.org/wiki/Battle_of_Bia%C5%82ystok%E2%80%93Minsk

https://en.wikipedia.org/wiki/Operation_Bagration

https://en.wikipedia.org/wiki/Minsk_Offensive

 

Паркот на Победата изобилува со воена механизација.

 

Авионов комплетно наликува на американските летечки тврдини Б 17, но тоа не е. Ова е Ли 2, создаен во 1942-ра од Борис Лисунов како копија на американскиот ДЦ 3.

Паркот на Победата, е еден од стотиците паркови во Минск. Паркови, зеленило, езерца, патеки и пред се чисто. Есен е а листови скоро и да нема. Се се собира и чисти.

Инаку, ова нели овдека, според ептен демократскиот запад, би требало да е диктатура, а диктатор да е Лукашенко.

Па, да ви каже Батко Миленко. Во ваква диктатура би сакал да живеам. Државата не должи банка кон странски фондови (ММФ, СБ и сл.), невработеноста е 3%, безбедноста е 100% а чистотата на улиците, градовите, автопатите 103,5%. И згора на се има светла, гигантска историја на борба и победа против фашистите и нацистите. Затоа денешните фашисти од Брисел, Берлин и други центри не го сакаат Лукашенко. А овдека дури и опозицијата не сака да дојде на власт.

Инаку, овдека на власт е левицата. Не знам дали му е познато на Црпко и црпнатите крај него.

Мој впечаток од посетата на Минск. Пааа, овдека Обама-момама, Меркел-теркел, Баросо-маросо немаат шанси да малтреираат. Ова е држава со р‘бет, народ со историја која ја почитува. Православна, безбедна, средена и богата држава.

Минск, инаку, од президиумот на СССР во 1974-та е прогласен за Град херој заради жртвите дадени во Втората светска војна.

 

Минск, Белорусија,

Миленко 12.10.15

16.45 локално време