Ќе ме натерате да направам “Невладина“ со агенда и наслов “Стоп Операција Генерализација“.
Вака: Генерализација не признавам. Тоа да е јасно. Ценам и признавам само индивидуална заслуга и индивидуална одговорност (Кајмакчалан, Брисел…). Не се сите германци виновни за Хитлер, ниту сите совети за Сталин, кинези за Мао, ниту пак сите американци се виновни за Обама-Клинтон-Сорос злосторничкото здружение.
Сега, во последните два месеци, а особено во последните две недели, сме сведители на наплив на анти-Обама, анти-Бејли, анти-Сорос хипер активност. Ќе ги бркаат, бесат, праќаат во Синг-Синг…
Истовремено, политичарите сеуште не до крај сигурни дека Трамп влегол во Белата куќа, срамежливо констатираат дека “промените во политиката се толку брзи, што некои не успеали да ги видат“!!! Брејјјј, мајката!
Значи, апелирам СОГ, односно стоп за генерализацијата. Тие “некои“ претпоставувам имаат име, презиме, ЛК, функција… Тие “некои“ не сум јас, а колку што можам да се потсетам не се ни Мирка, Дарко или Бобан… Другите, бога ми, сите се.
Амнестја за “не видување“ не прифаќам.
Тоа што “не успеале да ги видат“ промените не значи дека се виновни за било што. Едноставно, капацитетот им бил толкав. Но, тоа значи дека ако не виделе, не ќе можат ниту да го водат народот кој, за разлика од нив, виде и отворено навиваше за Трамп. а не како Зоран Јолевски и нашата Влада за Хилари.
( http://tocka.com.mk/1/203213/jolevski-hilari-klinton-lider-koj-moze-da-napravi-promeni-vo-zivotite-na-obicnite-lugje )
Според постовите, оние што не ги виделе промените, ептен долго не го видоа ниту злосторството на Сорос ниту злосторникот Бејли. Или го виделе, ама молчеле. Што му доаѓа на исто како да не виделе.
Да не заборавам, истите тие не го видоа и потенцијалот на Русија и можноста САД да ја смени својата политика кон Путин. Сега, “тие што не видоа“ ги гледам на RT како кажуваат дека прогледале.
Кога би требал да направам листа на политичари, директори, уредници, новинари, аналитичари и добронамерници кои со години наназад ми “советуваа“ да сум бил потивок, оти не сум знаел со кого сум имал работа, тогаш еден топ А4 формат бели листови, малку ќе е. Сите до еден од таа листа, кога тоа ми го зборувале ми наликувале на ликот од вицот за македонскиот политичар во Белград, каде во Скупштина седнал на шајка. И си рекол, седи и трпи, можеби е директива од горе.
Е, сега, по победата на Трамп, зближувањето на САД и Русија, распарчувањето на Сорос, промената на стратегија за надворешна политика на САД и Британија, забрана за лобирање, забрана за влез на мусли во САД – ептен многу државни службеници и јавни личности прогледаа.
Користат некои волшебни Прокулин капки.
Она што народите од светот го гледаа, нивите политичари не го видоа. А за политика и водење на свет, нација, народ, држава, племе, група, семесјтво – треба да се има визија.
Но, муабетот ми беше, не прифаќам Генерализација. Јас го мавам Бејли уште пред да дојде во Македонија. Исто ко и Бобан, кој од Брисел мораше да ја разбуди заспаната македонска политичка фела. Исто ко Мирка и Дарко, и никој друг. За Сорос, и бодењето сликички на соросоиди, и да не раскажувам. Сите јас ги боднав у чело у студио. Сите, до еден.
Еден од овие што генерализираат и сега се најгласни против Сорос и Хилари ќе каже дека бил за Хилари која е левица во Америка, иако е тој десница во Македонија, бидејки такви биле истражувањата на јавното мнение?!?! Да преведам: доцна си купил Прокулин.
Јас не барам никакво признaние за тоа што без Прокулин сум го видел она што не го виделе оние што се платени за тоа. Но, си го користам ова мое порталче да предупредам, дека оние што прогледале, прогледале за работи што се случиле наназад, и повторно не гледале нанапред.
Па, како што предупредив на “Тројанското магаре“ (коњ не може да е) Жоро, еве подолго време предупредувам и од разочарувањето и констатацијата “што му стана“ што ќе следи за нео-преторијанецот кој не ја виде на времето улогата на Никола Груевски и ВМРО во сочувувањето на Македонија, па монтираше продукти со наслови како што се: “Долгите прсти на ВМРО“, “Никос Грујос“ и слично.
Мене ми е јасно како тој не прогледа и како сега веќе не ги гледа “долгите прсти на ВМРО“, што го прави комичен лик во Македонскиот медиумски простор, но морам да признам дека ми е жал што, на овие што пред кратко време прогледаа за Сорос и Трамп, ќе им се случи “Жоро 2“ продолжение на турската серија “Слеп при очи“. Ова политичарите и колегите не го гледаат. Ако де, ќе прогледаат.
Значи, инсистирам да не се генерализираме. Има што гледаат сега и нанапред. Има што по извесно време одат во Загин по Прокулин оти ги мачи дилемата: Што тоа успеа Миленко да види, а јас не“. Па еве, како документ, денеска на патерица од роденденот на Гериз, индивидуално тврдам дека прв и настојчив ја третирам темата “Б4“ во Македонија. Политичарите не ја гледаат, клегите исто?! Ако де, ќе прогледаат.
Не гледате што е, од кај е и каков е Б4?! Не го третирате по емисии, дебати, текстови, ФБ, Твитер…
“Колегите“ низ кулоари се жалат дека Македонија е мала, па затоа немало теми, соговорници, аналитичари… Се едни те исти мораат да канат по емисии. Оние де, што ги украдоа од мојот кастинг. Здосадиле веќе и на себе и на народ и на Бога.
А бееее… Теми има, соговрници исто така. Ама, вас ве нема… Еве сега на пролет ќе извадам уште неколку лика, па после тепајте се да ги киднапирате. Ќе видите дека има и теми и ликови, ама дека вас ве нема.
Еве, за Б4 на пример. Б4 не е пред вратата, влезен е на Балканот. Во соседството е, но и во Македонија.
“Колегите“ не гледаат. Политичарите ИСТО.
Прокулин е спасот.
Миленко Неделковски
03.02.2017
Скопје
8.35