Телма се пофали дека во најновиот извештај на комуњарско-амбасадорската Агенција за медиуми имала најдобри оценки за балансираност и професионалност. Како е тоа мерено, подобро да не знаете, но е прилично неправедно. Кон МТВ и Канал 5. Зашто МТВ по славната епизода со Катица Јанева заслужи да добие награда. За професионалност. Наградата може да им ја врачи некој од Си-ен-ен, нагалено викана Клинтон њуз нетворк. Со пари од рекламите што владата ги даде на истата телевизија. Една емитување на реклама помалку, веројатно би било доволно некој од славната телевизија да дојде во Скопје и да ја врачи наградата. На која сите ќе бидеме горди. Зашто порано си знаевме. Кога е СДСМ на власт оваа телевизија балансирано е за социјалдемократите. Кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, истата е балансирано и професионално за ВМРО-ДПМНЕ. И ниту некој ја гледаше, ниту некој и веруваше. И плус немавме циркуси, што ќе признате, не е ефтина забава. На пример, за последната претстава на Медрано во август, билетот чинел од 23 до 44 евра. А ние тука го имаме истото за 190 денари или за нешто повеќе од три евра. Месечна претплата, а не само за една престава. И тоа не за еден човек, туку за цело семејство. Освен за децата, се разбира (имаше ли предупредување пред интервјуто дека не е за помлади од 18 години и дека не треба да го гледаат дури ни под родителски или старателски надозор?). Што покажува дека овде сме понапред од запад. За помалку пари, имаме поголема забава. А тоа секако заслужува награда.
Тоа што ние, обичните смртници, не можеме да ја сфатиме, да ја разбереме оваа грижа на нашите лидери и странците за нас, за нашето добро расположение, тоа само покажќува какви неблагодарни копуци сме. А тоа, еднаш мора да сеп ромени.
За Канал 5 на Стојменов и Мирчевски која исто така е дискриминирана со овој извештај, не плаќаме месечно. Но некако ни е жал, оти се отепаа од балансирање со странциве, и пак Телма пред нив. Што не е фер. Оти Канал 5 би требало да биде нешто како показна вежба. Ако слушаш, ако си умен, во базенот ќе добиеш и вода. А, ако овде се случува ем да бидеш умен, ем вода да и пуштаат на Телма, тоа не е добра порака за другите. Како тогаш да го оправиме Сител, кој ете си ј научил лекцијата па е подобар од мерењата во мај/јуни, но каде е тука морковот? Или овде морковот не се состои во некаква награда, туку во тоа што нема да го јадеш стапот? Да не ви звучи ова како закана? Не, ова се правила за слобода на говор. Кои велат дека си слободен можеш да не бидеш слободен.
Но, сето ова е веројатно во согласност и со стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ храбро да го отстапи информативниот простор на другите. Што може да се објасни со тактиката на Кутузов да се повлече зад Москва. Само штом изгледа Војна и мир не е прочитана целосно. Оти Кутузов не се повлече дури во Владивосток, туку остана блиску до главниот град, па кога Наполен тргна назад, руската војска лесно можеше да се врати. А Владивосток и денес, не пак пред 200 години, е прилично далеку од Москва.
Едно прашање до Основниот суд 1 во Скопје. Ако некоја обичен граѓанин кој има работа со Судот, сеедно дали гони или го гонат, дали тужи или го тужат, своите поднесоци до судијата ги однесе на УСБ, како што тоа го направи СЈО, дали ќе ја има честа Судот да испрати соопштение и да го замоли да го донесе поднесокот и во писмена форма (па макар и во фотокопија), или едноставно ќе биде измарширан и ќе го загуби процесот?
Всушност, ајде да се обложиме дека секој судија кому било кој обичен граѓанин ќе му однесе УСБ тоа ќе го сфати како подигрување со него, што, нели, е недозволиво? Патем, има некој закон таму кој вели дека ако се подбиваш со судот и судијата, ќе добиеш парична казна. Ама тоа не важи за сите, така?
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ вели дека Јанева била должна да даде финансиски отчет. Во право се. Арно ама таа одбива. И, што ќе направи пратеничката група во врска со тоа? Е, кај ви се СДСМ и Сугаревски онака запенето да ве поддржат? Нели заедно го гласавте антиуставниот закон за Јанева?
Што стана со двојазичноста во Македонија? Зошто Зоран Заев не отпочне со пилот проект во Струмица? Или му е страв пред парламентарни и локални избори. А, би било фер, нели, освестувањето на Македонците во поглед на албанскиот јазик да го започне од неговиот атар. Посебно што струмичани се познати борци за слобода од режимот кои ете, со години му оддолеваат на режимот во Скопје. Ако нема пари општинскиот буџет за вработување на Албанци, сигурно е дека Заев лесно ќе најде спонзори. Така што момче, храбро напред.
За крај и следнава напомена: со оглед на новите правила за слобода на говор кои важат во Македонија, ова што погоре го прочитивте – не важи. И како што сте го прочитале, така и да го заборавите. Или што би рекле нашите браќа од исток до пред 26 години – таза дупка – не е дупка!
ЈАНЕВСКИ
