ОНАКА, ГРУЕВСТИЧКИ

ОНАКА, ГРУЕВСТИЧКИ

Во последниве 2-3 дена се отепаа соросписките телевизиички, портали, “аналитичари“ и “интелетуалци“ да се самоокуражат со објавување на можни сценарија за блиската иднина во Македонија поврзана со иднината на СДСМ, Пржински, избори, Влада и слично. Сценарија кои на ним им личат победнички.

Се обидуваат да се освестат од нокаутот што го добија од боксерот Никола Груевски. Нокаутот со кој тој им го пукна носот, им ја скрши вилицата, им предизвика потрес на мозокот и им нанесе трајно оштетувања на здравјето (ментално и физичко).

Сороспиите спиејки на увото дека странците ќе им помогнат и дека без искажана волја на народот ќе дојдат на власт, доживеаја да бидат уништени во моментите кога во Скопје беа токму странците! Американецот Хојт Ји, германскиот изасланик на фрау Меркел дипломатот Јоханес Хајндл, холандскиот заменик министер за надворешни работи Роберт Де Хроут и пратеникот на Британскиот парламент Марк  Причард.

Нокаутирани се во истиот момент кога овие високи претставници на странски земји, на кои толку се повикуваа Фрчко и пријателите, беа истовремено (симултано) во Скопје. Но, и кога во исто време Министерот за надворешни на Македонија Поповски во Брисел беше подложен на  генг бенг од страна на Викторија Нуланд од САД и министрите за надворешни работи на Германија Штајнмаер, на Грција Коѕијас, на Бугарија Митов и на Унгарија Сијарто.

Од спроведеното на терен, односно од повторното воспоставување на легитимна влада по народна воља, на сороспиите им останува дилемата која ја вртат низ главата, низ текстовите и во гостувањата на ТВ, а тоа е  дали враќањето на предпржинската политичка ситуација е во координација со “странците“, или е тоа само инает на ВМРО?!

Ако мене ме прашуваат тоа не е ниту едно од двете, ами трета работа. Она што се случи мината работна недела е на дело спроведено груевистичко водење на политика. Трпеливо, внимателно, со саможртва, мудро, со минимум жртви и со одговорност. Неговиот систем, груевистичкиот систем или начин на работа, ќе  биде изучуван низ универзитетоте во светот каде ќе се дебатира за тактиките на водење политика на малите држави ви-за-ви моќните држави, корпорации и лоби групи.

Со многу трпение, онака груевистички, СДСМ е исфрлен од игра. СДСМ-овските  неспособни алапачи од министри завршија со својата карера и пред да ја започнат. СДСМ аналитичарите останаа со едниот прст во уста, а со средниот прст од другата рака во ауспух. Странските дипломати му ја потврдија победата на Никола Груевски.

Додатана сеирџиска добивка за нас обичните жители на Македонија е сознанието дека во текот на неколкуте последни недели ушите на Викторија Нуланд и на Џес Бејли  повеќепати им биле силно влечени од нивните шефови и ментори. Кога биле карани, седеле во магарешка клупа, понизно објаснувајки дека не се они виновни, ами лошиот адвајс што го добивале од локалниот стаф (Митко Бурчевски, Џабир Дерала, Амон Сра и американците што се на терен во Македонија).

Онака груевистчки, сега повторно Никола Груевски се наоѓа во Вин-Вин ситуација. Односно, без разлика дали бргу ќе се врати на премиерската позиција или тоа ќе го направи по следната победа на следните избори, тој е во добитна положба. Тој бира. Без разлика што ќе избере,  неговиот рејтинг и натаму расте. Странските инвестиции и натаму доаѓаат со несмалено темпо. СДСМ е останат на ниво на уличари и платеници на странски мешетари со “панамски папири“, каков што е Џорџ Сорос ортакот на Осама Бин Ладен. Нема друг политичар на повидок што би му ја одземал популарноста и довербата што ја ужива кај народот. Околу менаџерските способности, раководење и работливоста веќе одамна е се елаборирано. И секако, огромна предност има и во тоа што против неговиот имиџ работат долгогодишно докажани лузери какви што се Орданоски, Кабранов, фамилија Јованвски, Геровки, Милчин,  Фрчкоски…

Во овие 10 години раководење со извршната власт и некоја година повеќе на чело на неговата партија, Груевски мина низ серија од тешки премрежија. Од “Панорама“ до денеска тој со сите предизвици се справи онака груевистички. И сите битки ги доби.

Реално пред себе има уште огромна серија предизвици во борбата за името, спречувањето на федерализацијата, Евро-атлантските притисоци…

Но, пред него е и една од најтешките, ако не и најтешката, реформа која ќе мора да ја направи. Реформа која веќе неколку години ја најавувам, а членството негово со нетрпение ја очекува –  ВНАТРЕПАРТИСКАТА (кадровска) РЕФОРМА.

Секако, и таа ќе биде направена онака препознатливо, груевистички.