-
Текст на Емилија Гелева напишан во октомври 2010-та, што тогашниот Главен и одговорен уредник на Нова Македонија Зоран Андоновски (сега сопственик на таканаречената “новинска агеција“ Мета, а всушност Соросов портал) одби да ја објави:_____________________________________________________________Македонската јавност деновиве е во треска од најновата сапуница што се форсира низгласилата на опозиционата СДСМ. Oд „непознати„ извори се објавуваат најтајни досиеја заповрзаноста на лидери и припадници на УЧК со УДБА и како што тргнале работите набрзо,според овие шеми, ќе дознаеме дека српската тајна служба всушност сама си го организириралабомбардирањето од страна на НАТО врз Србија, а со оглед на таквата нејзина “омнимоќност“,според овие шемаџии, ќе испадне дека најверојатно таа го подготвила и “11-ти Септември“ и гисрушила кулите близначки во Њујорк. Споре овие шашмаџии произлегува дека Србија исрпската тајна служба не само што го тресе Балканот, туку суштински ги диригра настаните восветот. Прашање е само дали ваквите сценарија се дел од советите на словенечките советници наБранко Црвенковски за освојување на власта или некои други “советници“ сега тоа му го работатбез пари?Се започна кога пред околу две недели “независниот„ истражувач Васко Ефтов, безнекоја посебна причина, направи една бесмислена емисија во која како и обично тој сиодговараше на своите поставени прашања и заклучи дека УДБА односно српската тајна службаја формирала УЧК и ја организирала ОНА и војната во Македонија. Во таа емисија Ефтов патемнафрли дека Никола Груевски е нешто многу близок до Србија односно дека безмалку ираководството на ВМРО-ДПМНЕ игра по свирка на српските интереси?! Се на се, емисијата на“независниот“ Ефтов беше прилог кон претходно пласираните тези во јавноста дека всушностоваа влада и ВМРО-ДПМНЕ се српска инсталација. Сега произлегува дека г. Ефтов е иливидовит или е најмоќниот што го диктира македонскиот политички живот, зашто по вакватафрлена теза “с неба па у ребра“, што би рекле “браќа Срби“, почнаа на виделина да излегуваатнекакви си досиеја за семоќната српска тајна служба и нејзините албански шпиони.Паралелно, весникот “Дневник“ исто толку независен колку и Ефтов, екслузивно гообајви интригантното досие “Ибар“ што некој безмалку им го „уфрлил“ преку прозор, односнонекоја личност со иницијали им го донела досието(?!) Необјавувањето на изворот, споредновинарските правила е класично перење на информации, зашто нешто што е на ниво наспекулација и тотално непроверено се објавува и на тој начини се два легитимет наинформацијата. Или уште повеќе, тоа е криминал во професијата. Со ова “Дневник“ самопотврдува дека, како и многу други медиуми, ја изгубило својата основна новинарска функција
-
да ги информира граѓаните, и служи како алатка за сеење политички интриги и шпионскисапунаци објавувајќи непроверени содржини.Имајќи ја предвид спомената емисија на Ефтов, лесно е да се следи натамошниот развојна ова најново шашмаџиско сценарио. Имено, она што понатаму може да се очекува се некаквиси “компромитирачки“ материјали за поврзаноста на ВМРО-ДПМНЕ со српските тајни служби.Се со цел оваа СДСМ-овска шашма да биде комплетна за по самитот на НАТО во земјава да сенаправи атмосфера што би ја растресла јавноста. Ако погледнеме од временски агол и се сетимена сите драмолетки на СДСМ , лесно ќе ја препознаеме истата матрица на однесување на СДСМкоја освен шашми и не знае што друго да прави за да дојде на власт, но и како и кога ја имавласта. Само СДСМ може да прифати да игра ваква валкана игра зашто во основа на својотидентитет ја има деструкцијата што во континуитет ја применува врз Македонија.Со своето делување во последните 20-тина години СДСМ недвосмислено покажа дека еантимакедонска партија. Прво, иако владееше во поголем дел од тој период не може да сепофали барем со еден изграден камен, дури ни како споменик. Освен ако за такво нешто не сесмета смешната градба Пелинце, која треба да ни го замени македонското свето место ПрохорПчински кадешто е формирана АСНОМ-ска Македонија. Но, дури ни за такво смешно Пелинце,СДСМ не даде никаков отчет, ни колку чинело а камоли пак за хонорарите на уметниците што гокитеа овој соцреалистички објект. Додуша, СДСМ-овските новинарчиња распослани по бројнитенивни медиуми кренаа голема прашина околу хонорарите на авторите на лавовите и на другитеспоменици во центарот на Скопје. Се би било во ред доколку со исто таква жестина јаинформираа јавноста и за огромните хонорари на авторите на Пелинце.Кога тоа би бил најголемиот грев на СДСМ кон Македонците би било и добро. Имено,напишани се безброј редици за мрачната приватизација што СДСМ ја изведе во Македонија икоја со право може да се нарече грабатизација. Ги ограбија граѓаните на државата за сметка наинтересите на неколкумина нивни директори со што ја запечатија економската иднина наземјата, последици што и ден денес ги чувствуваат поголем дел од македонските граѓани. Воосновата на она што го има направено СДСМ во последните 20-тина години се исцртува форматна политички субјект што работи против интересите на сопствениот народ и држава. Ако, пак,како што неодамна се правдаше Бранко Црвенковски правеле најмногу што знаеле, тогашодговорноста им е уште поголема за штетите што и ги нанесоа на Македонија. И тоа не само наекономски, туку пред се на политички план втурнувајќи ја Македонија во бесмислени разговориза името. Зашто толку знаеле?!Бранко Црвенковкси во континуитет влече штетни потези за Македонија ставајќи го на
-
пазар македонското име, а од друга страна се до 1998 година СДСМ-овското раководство неподнесе барање за членство во ЕУ. И по„историскиот 15-ти септември„ од 2002 година требашеда поминат уште цели две години за да се земе од Брисел Прашалникот за апликација во ЕУ.Цело лето 2004-та година од Брисел имаше најави дека ги очекуваат македонските лидери да гоземат Прашалникот. Кога во европската престолнина им стана јасно дека Црвенковски неманамера да го направи тоа, претседателот на Европската комисија, Романо Проди, на почетокот наноември 2004-та година, виде не виде дојде и го донесе прашалникот во Скопје. ЗоштоЦрвенковски го оддолжуваше тоа? Дали заради интересите на своите американски пријатели?СДСМ живее со психологија на губитник и однапред капитулира кога треба да се штитатинтересите на државата. Сакаат да не убедат дека прифаќајќи додавки, именки и харирикири себорат да го сочуваат македонското народ?! Тоа може да е така само во нивните извретени умови.Нивните медиумски перјаници неуморно бладаат дека името не е идентитет, дека јазикот не еидентитет, дека иднетитетот не е име на народот, што потсеќа неодминливо на Орвеловитепораки дека војната е мир, поразот е победа, црното е бело и така натаму. Се разбира, ако сесогласиме со шизофрената СДСМ-овска диоптрија ќе излезе дека единствен начин заопстојување на Македонците и нивната држава е самоукинувањето.Се на се, да го немаше СДСМ ќе требаше да се измисли, за да знаеме што е„антимакедонско„
ГЕЛЕВА (октомври 2010-та)
