МАКЕДОНИЈА Е НАПАДНАТА ОД КЕНГУРСКИ ТРИБУНАЛ
Само што пројде шокот од настапот на Катица Јанева кога Македонија ја прогласи за фантомска држава, ете не среде неверица дека специјалните обвинителки отишле да се журкаат во специјалната американска амбасада која ја признаваат за легитимна. Ако на овие дешавки ги придодадеме самоуверените изјави на маргиналниот СДСМ дека изборите и резултатите од нив не се одлучувачки повеќе за тоа кој ќе биде власт во Македонија, се надевам дека секому во ова земја му е ептен јасно за ефектот од пржинскиот експеримент. Македонија е најновиот опитен глушец во американската лабораторија на европска почва. Со него се тестира практично ефектноста на трансатланскиот договор божем за слободна трговија меѓу Европа и САД, кој администрацијата на Барак Обама не успеа да го потпише со ЕУ кон крајот на 2015 година како што беше планирано. Затоа на Џес Бејли му успеа. За целите на неговата мисија од самиот почеток свесен е и знае само Зоран Верушевски кој е интелигентен разузнавач кога веќе не е и човек. Останатите извршители, почнувајќи од Заев завршувајќи со Катица, се недоквакани шајшутки, гребла кои учествуваат од лични мотиви во разградбата на една држава.
Во обвиениот со тајна ТТИП е предвидено државите потписнички да станат услужни центри на трансатланските корпорации. Да им се одземат сите идентитетни атрибути на колективитетите, заедниците, жителите да се трансформираат во маса од поединечни суштества без идентитетни белези, жигосувани или чипосани како стока која служи на корпорациите и нивните интереси. Во така преуредените држави – фирми подизведувачи, институциите се адаптирани на потребите на новиот светски поредок. Работниците ги губат сите права, социјала нема, јавно здравство нема, државната администрација станува приватна услужна дејност. Полицијата е приватна чуварска и редарска служба на корпорацијата споственик. Судовите се само за регулирање наодносите меѓу бројлерите, уставен суд нема зашто нема држава, буџетот служи за локални намени. Партиите се декор. Владата нема политичка функција туку чисто комунална, армијата не служи за одбрана на државата и нацијата туку да одговара на повик за војни кои ги објавува корпорацијата. Во така преуредени држави секој обид на непослушност ќе се решава преку специјални обвинителства кои се именувани како кенгурски судови, односно ад хок трибунали.
Е сега, гледаме одблизу и во живо како се од наброеново се случува веќе во Македонија. Имаме техничка влада која не се занимава со држвна политика ни внатре ни надвор. Во чувствителни сектори имаме двојни министри кои работат по различни ,,закони,,. Имаме премиер легално и легитимно избран како се ландра низ Македонија и среде оваа ситуација не смее ни да зуцне нешто, а камоли да превземе. Имаме свој домашен ,,хашки трибунал,, во лицето на СЈО. Ете ни ја нашата верзија на Карла Дел Понте. Македонкиот народ преку ноќ стана опитен глушец во сржава претворена во лабораторија со потпис на четири божем политички водачи а озаконет преку нападнатите државни институции. Ах да имаме и население со кое актериве и планериве си бришат патос. Оти тоа според ТТИП е маса робови. Или што би рекол Стево Пендаровски стока.
Верувам дека барем сега секому му е јасно што е ова чудо кое ни се случува, оти во 2013 кога во серија пишував за целите на ТТИП никој не го болеше глава, кога алармирав за окупацијата на Европа под плаштот на НАТО, а всушност истовар на американската армија за дисциплинирање на Европјаните, веројатно многумина мислеа дека пак го плашам народот со небулози, е, па господо, не прегази шлеперот додека колективно му стоевме на патот и го гледавме светот низ розови наочари.
Сега ,,бистрата,, Ката во улога на Дел Понте, ќе обвинува, апси и пресудува кому сака, како сака и колку сака. Од каде црпи надлежност? Па од Чадорот кај Кале. Гледате ни тој веќе не се труди да ја прикрие својата улога. Императорот Обама и неговиот кралски суд заседаваат. Чаре? Се разбира дека има. Јас не сум од оние кои размислуваат безалтернативно или од тешки ситуции излез бараат само на мазни автопати. Кога веќе не дејствувавме превентивно, работите ќе ги оправаме радикално. Ако не сакаме да живееме како учипени бројлери одгледувани наменски за потребите на дегенрици како Бејли и Гарет а на клање да не водат ,,брендирани,, џукци како Фрчко, Милчин, Пендаровски, Верушевски и слични, ќе ги земеме во свои раце. Виетнамски, кубански, гемиџиски-македонски, палестински, сиријски, курдски, партизански. Искуства колку да ми сакаш имало и ќе има. Кога знае човек против што се бори, кога има мотив и цел, победата е сигурна. Докажано. Наш непријател е опасна отчовечена багра со комплекс на бог. Неолиберален фашизам му е името. Нашата одлука доаѓа како одговор на егзистенцијалното прашање ќе живееме ли како полнокрвни луѓе или ќе си глумиме живот. Не се грижете за тоа кој ќе води или организира ваква борба. Ситуацијата ќе го разреши ова прашање природно. Настаните ќе ги изберат формите на борба и авторитетите. Додека одбројуваме до денот на распуштањето на Собранието, еве и некои корисни податоци од досегашната пракса во имплементацијата на таканаречените ад хок трибунали, одосно, кенгурски судови кои делат кенгурска правда:
Ексклузивно ги произведува САД од падот на биполарнаа конструкција. Кенгурските трибунали секогаш без исклучок дејствуваат на територии на држави кои се цел на напад на американскиот интерес. Ниту еден кенгурски трибунал не се однесувал на било која западноевропска држава. Кенгурска правда се дели на остатокот на светот. Злостори против човештвото вршат само дивјаци и варвари, значи, нецивилизирани народи. Затоа на пописот ги нема злосторите и злосторниците од Белгија (извршени во Конго и Руанда), ги нема Французите со злосторите вршени во Кореа до 1953, во Полинезија со стотици атомски проби, во африканските колонии, со акцент на Алжир и сега во Либија. Или Велика Бритнија со славните масакри во Африка, на Блискиот Исток, во средна и далечна Азија, во Австралија врз Абориџините, или Американските во САД, па во Латинска Америка, во Азија и Африка, но и во Евопа, на Балканот, Во Егејска Македонија, па во Република Мкедонија во 2001 година, во СФРЈ, па во СРЈ, во Украина… На Македонија ова не и е прв кенгурски трибунал. Еднаш стана муштерија во интернационалниот, оф шор трибунал во Хаг каде завршија како злосторници Јохан Тарчуловски и Љубе Бошковски, а и се судеше на државата Македонија и нејзината легитимна одбрана од тероситички напади на УЧК. И уште трипати во домашни кенгурски полициско-судски постапки во време кога со МВР управуваше Хари Костов. Главниот кенгур, пандан на денешнава специјална кенгурица, беше Хари Костов како министер за внатрешни работи. Прво за ,,Раштански лозја,,. Вторпат кога Косотов преку портпаролката Мирјана Контевска свика ад хок прес судење на негов трибунал кој на лице место обвини и осуди по кратка постапка тројца припдници на единицата ,,лавови,, за некаков исконструиран злосторнички напад на автопатот Скопје – Тетово. Исто како што тоа го прават сега трите мојри од специјалното обвинителство на своите прес конференции. И третиот ваков кенгурски настан, во организација на истиов човек а по американски налог дојден од амбасадорот Лоренс Батлер (прво апси, па после ќе му ја мислиш) , беше киднапирањето (апсењето) на Калид ел Масри кој кенгурски беше прогласен за терорист и осуден за тероризам. Македонија уште ја плаќа цената за овој злостор на еден недоквакан слуга, неговиот вроден садизам и неговата амбиција да биде омилен кај робосопственикот.
По ваквиот ,,демокртски,, терк на делење правда кој се вика уште и ,,Рој Бин,, се осудени Садам Хусеин по рушењето на кулите во Њу Јорк, синот на Моамер ел Гадафи, осомничените за бомбашкиот напад на Бостонскиот маратон. На ист принцип функционира за срам на човештвото прочуеното Гвантанамо. Посебно интересен е кенгурскиот оф шор трибунал кој таинствено ги ослободи од обвинение фармацевтските компании кои произведуваат вакцини за дела против човештвото. Трибуналот (таен) на 19 ноември 2014 година донесе кенгурска одлука која со живот и трајни последици ја платија илјадници деца и нивните семејства. Во мигов во свтот се водат над 3000 спорови пред кенгурски оф шор наменски трибунали. Сите спорови се меѓу некоја САД корпорација и некоја држава надвор од кругот на западниот чадор. Во сите случаи жртвите имаат потпишано билатералн трговски договор со Америка (оти ТТИП и ТИП договори се уште не се легитимни). Само четири држави во Европа во моментов активно се борат против планот на САД и Велика Британија европските држави да ги претворат во сервис на интересите на транснационалните корпоративни системи. Тоа се Исланд, Унгарија, Австрија и Чешката република. Виктор Орбан е знаменосец на оваа пресудна борба зашто прв до крај ја прозре американската убиствена стратегија склепана и содржана во тајниот Трансатлански договор божем за слободна трговија.