Миленко Неделковски е институција, а ќе ви кажам и зошто!

Миленко Неделковски е институција, а ќе ви кажам и зошто!

Миленко бил, е и ќе биде институција. Тоа, дури и обично нискоинтелигентно и високоискомплексирано ќорле, како Герис, може да го види. Проблемот настанува кога таква институција станува фактор. Неодминлив фактор.milenko_institucija_gero

Таков проблем тогаш, најразличните предавници, странски измеќари и странски дипломати го решаваат со обид за промена на перцепцијата која народот ја има за институцијата. Односно за Миленко.

Обидот да се промени перцепцијата се прави со серија повторени лаги и манипулации преку формулата “сто пати изречена лага, станува вистина“.

Тоа го прават официјални државни органи, како АВМУ, кои се исклучително блиски до американската амбасада и СДСМ-овските тајкуни (за ова наскоро ќе проследите и моја емисија), или странски платеници од калиброт на соросидите Кабранов, фамилија Јовановски, Героски и слични продадени газови.

Странските платеници можат да се регрутираат само од секторот на луѓе со заробен мозок, луѓе без машта, измеќари, луѓе што инсистираат да се робови и да имаат стопан (робовладател). Луѓе на кои нови граници на размислувањето, истражувања, нови филозофски дострели им се табу тема. Забранет сектор од страна на големата Инквизиција. Луѓе кои се плашат да помислат дека можат да бидат слободни. Се плашат од самата помисла дека можеби таму некаде има нешто ново, неоткриено, инакво… Таму, во тој измеќарски свет, добитна стратегија е “што помалку мислиш и размислуваш, а што повеќе слушаш и се покоруваш – побрз е патот до успехот“.

Овие нискоклеточни измеќари добиле „нареџење“ беспоговорно да атакуваат со лаги и манипулации.

Па така:
1) дилемата која е присутна на светско ниво за “рамната планета“, односно битката на креационистите против еволуционистите, која Миленко ја поставува на виделина во Македонија – добива формулација “Миленко верува дека земјата е рамна плоча“. Иако никаде, ама баш никаде, во моите постови не сум рекол дека верувам, туку упорно потенцирам дека поставувам дилема за која сакам да се дебатира. Нискоклеточните соросоиди би забранле да се дебатора, размислува, мечтае.

2) Моето тврдење дека поголема жртва во Втората Светска војна се 27-те милиона руси, во однос на 6-те милиони евреи (што би требало да е проста математичка операција), добива формулација “Миленко го негира Холокаустот“. Иако за вакво нешто не може да се цитира ниту една буква од моите текстови. Спротивно, странските измеќари сметаат дека 27 милиони животи се поневредни, оти се руси нели, од 6 милиони други животи. Кој има тука “застрашувачки“ ставови? Кој ја негира антфашстичката жртва на СССР?

3) Кога единствен во Македонија јавно, гласно и јасно се спротиставувам на клеветите и навредите од странските дипломати, претставнци и олеснувачи што си играат мајтап со МАКЕДОНКИОТ народ постирајки мачки (Хојте), заканувајќи се со одземање на кандидатскиот статус (Ховит), сметајки дека не сме имале ниво на развој како европјаните (Хојте), дека ќе ни го контролирале ДИК за време на изборниот ден (Бејли), дека на МАКЕДОНСКИОТ народ му недосасувала сатира (Гарет), дека амбасадорката Алтхаузер била загрижена заради СЈО, и се така по ред до бескрај – тоа го нарекуваат “Миленко јавно ги навредува и клевети странските дипломати“. Според овие гнасни луѓе, секоја навреда од странец би требале да ја прифатиме како бајадера. А не како пелин.

4) Измеќарите ме обвинуваат мене за повикување на линч и повикување на насислство, а нивната перјаница се фали дека сите ќе не реши со “кратка деветка“. Чудно, никој не пријави во ПС Беко?!

5) Мојата заложба дека на сиротите “рикверц“ активисти треба да им се помогне со медицинска нега, дека треба хумано да бидат згрижени во официјални институции со жолти комбиња, каде и онака редовно доброволно одат на третмани (во Бардовци на пример одат Жарко Јордановски, Амон Сра, Коља Мрак и други) – робовите го третираат како “Миленко повикува на линч врз претставниците на сексуалните малцинства“! Кога тоа лекување на болест е линч, останува некоја следна генерација на научници да открие?

6) Миленко е единствен новинар од Македонија кој било кога во меѓународна конкуренција добил светска награда за независно новинарство. Тогаш тоа измеќарите го формулираат како “Миленко доби награда од Ле Пен“! Како да е нешто тоа забрането, лошо, одвратно… А всушност, награда ми додели меѓународната асоцијација на незавсни новинар од Берлин (Германија), а ми беше врачена од Жан Мари Ле Пен. Тој е основачот и сегашен почесен Претседател на француската партија Фронт Насионал, кој партија ќе го има следниот Претседател на Франција во ликот на неговата ќерка.

7) Кога обвинувањето дека се работело за “криминалец“ со пресуда, (иако официјалниот документ на Основниот суд 1 во Скопје, согласно позитивните законски одреби кажува дека такво нешто веќе не постои) доаѓа од лица странски измеќари, што буква немаат напишано за осведочените тешки многукратни криминалци како Велија, Заев, Чауш, Верушевски и слични – стануваа јасно дека очајниот обид да се руши институцијата Миленко всушност има контра ефект. Се разгологазуваат двојните аршини на предавниците.

8) И крајно овие западни подопашници, кој колку до вчера беа најгласни комунисти, “констатираа“ дека “Водителот јавно, на телевизија, пропагира светоглед што доминира во владејачката партија и во нејзините врвови“!!! Чудно некако Водителот пропагира?! Кога ВМРО се оградува низ повеќе соопштенија, АВМУ осудува, Канал 5 и Томато тврдат дека тоа не се нивн ставови…!!! Како Водителот пропагира? Ниту е директор или уредник на јавниот сектор, ниту е директор или уредни на приватен електронски медиум, ниту е дописник, ниту е член на некој надзорен одбор, ниту е уреднички кадар кој го шетаат од редакција во редакција да уредникува, ниту е HR за оформување на редакции на неделници, портали, радија или телевизии. Водителов е фри ленсер 25 години. Некако спинов не држи вода, нели?.
Неколку пати сум напишал дека ми годи кога во конкуренција на сите уредници, директори, колумнисти, новинари, аналитичари и професори – Миленко е главниот таргет кој е напаѓан од страна на домашните платеници по наредба на странски амбасадори како Алтхаузер, Бејли, Орав, Гарет… Ми годи.

Но, зошто баш Миленко?

Бидејки нели е “криминалец, кучкар, козар, негира Холокасут, тврди дека Земјата е рамна, го мрзи племето, повикува на насилство кон педерите, го поддржува ВМРО кое ќе губи на избори, го поддржува Груевски кој ќе одел во затвор, го идолизира Путин (а цел живот вози Експлорери, Чирокија и Линколни), го напаѓа Вашингтон и Брисел, прима награда од француски националист Ле Пен, го интервјуира Дугин“… – би било логично тој и таков Миленко да е небитен, исмеван, невлијателен…

Зошто тогаш толку Миленко, бе?

Зошто на сите состаноци што се во врска со медиуми, странците на масата го имаат „Milenko issue“(Проблемот со Миленко)? И кога разговараат со политички претставници и кога разговараат со претставници на медиумите, и кога имаат свои колегиуми по амбасадите? Зошто Миленко?

Зошто таква небитна фигура, за која Аиво Орав изјавил дека не гостува кај Миленко оти не било негово ниво, е толку битно да се напаѓа, катаден третира, за неа да се размислува, во врска со неа да се измислува? Зошто?

Па, да ви одговорам. Тоа дури денеска и поранешниот новинар и колумнист во гласилото на Сојузот на Комунистите на Македонија “Комунист“ Бранко Героски го констатира: Миленко е ИНСТИТУЦИЈА, Миленко е СЕРИОЗЕН ПРОТИВНИК, Миленко заслужува РЕСПЕКТ, кон Миленко мора да се има ЦЕЛОСНО ВНИМАНИЕ (напомена: сите атрибути се цитирани од денешното просветлување на Героски).
Миленко е ИНСТИТУЦИЈА за разлика од оние што би сакале да бидат, а тоа не се.hojt_ji_mediumi

Еве пример за тие што сакаат, ама не се институции. Заменик помошникот на државниот секретар на САД Хојт Ји при неговото последно битисување во Македонија инсистираше за медиуми да говори само со релевантни институции во таа област. Најсилната дипломатија на светот, онаа на САД, реши да говори само со ММА (Медиумската Македонска Асоцијација) каде членуваат 5-те најмокни телевизии Сител, Канал 5, Алфа, Алсат М и Телма. Со никој друг.

На голема жал и разочарување за петте измеќарски новинарски и медиумски организации: Здружението на новинарите на Македонија, Самостојниот синдикат на новинарски и медиумски работници, Македонскиот институт за медиуми, Советот на етика на медиумите и Институтот за комуникациски студии тие веќе не се никаков фактор, најмалку институции, со кои би разговарале. Нивните сајбии, робовладетели и газди ги помочаа во среде Скопје не обрнувајки им никакво внимание. Денеска, Насер Селмани во името на сите на јавна сцена плаче инсистирајки и тие да биле вклучени во рзаговорите со САД и ЕУ. Плачковци – мочковци. Небитни. Неважни.

Верувам, убеден сум, дека е страшно сознанието да се губи целата медиумска битка и влијанието кај сограѓаните од кучкар кој не е новинар ами Водител, и кој има емисија во пополноќен порно термин.

Па еве на вас што сакате да сте институција, а не сте, Батко Миленко да ви даде бесплатен совет како се станува институција:
Прво, треба да знаете дека НАРОДОТ е поумен, поинтелигентен и помудар од секого од вас. Второ, НАРОДОТ не е кал, глина, куп гомна, пластелин за да може да се меси, обликува, пушта низ вода, искористува… Трето, мислењето на НАРОДОТ за одредена работа, гласње на избори на пример, сто буреци, мирки, латаси или миленковци не можат да го сменат. Четврто, ако внатре во себе сметате дека НАРОДОТ е глуп и дека не знае што прави, дека вие не мислите како обичниот човек, тогаш од вас човек никогаш нема да биде. Ќе си останете она што сега сте, гниди. И петто, Миленко утре може да го нема! Физички, медиумски, било како. Народот вечно останува. Со народот играчка нема. Односно, има да ве нема.

Од ИНСТИТУЦИЈАТА Миленко

14,03.2016
Скопје
19.50 ч.