🎙 Претседателот на Русиjа Владимир Путин одговори на прашање на претставник на медиумите за ситуацијата во зоната на специјалната воена операција (9 jуни 2023 година):
❓ Прашање: Имаше многу вести од фронтот. … Можеме ли да кажеме дека украинската контраофанзива заглави и успеавме да го неутрализираме офанзивниот потенцијал на режимот во Киев?
💬 Владимир Путин: Прво, со апсолутна сигурност може да се констатира дека оваа офанзива започна. За тоа сведочи користењето на стратешките резерви на украинската армија.
Второ. Во ниту една од областите на борбените деjства украинските трупи не ги постигнаа задачите што им беа доделени. Ова е апсолутно очигледно.
Борбите, како што кажав, се интензивни пет дена. На пример, за вчера, завчера – претходните два дена – беа многу интензивни и непријателот не беше успешен во ниту еден сектор.
❗️ Сето ова е постигнато благодарение на храброста и херојството на нашите војници, правилната организација, правилната команда и контрола на трупите и високата ефикасност на руското оружје, особено модерното оружје.
☝️ Во текот на овие денови, сведоци сме на значителни загуби на војниците на украинскиот режим. Познато е дека за време на офанзивните операции, загубите од околу три спрема еден се класика. Но, во овој случај, значително ги надминуваат класичните показатели. Сега нема да ги репродуцирам овие бројки, но тие се импресивни.
Сакам да забележам дека оваа трагедија сега се случува поради настаните што се случија во претходните години, а одговорноста за оваа трагедија е целосно на сегашниот режим во Киев, чиј примарен извор на власта е државниот удар што се случи во Украина во 2014 година.
👉 Што се однесува до тоа дека офанзивата заглави – не. Во секој случај, може да се констатира дека сите досегашни обиди за контраофанзива не успеаја.
Дудинка
10.06.23