Она што нема да ви кажат егзалтираните од “преголемата љубов”, “историските настани” и “фенерската светлина” па не можат да размислуваат со своја главата…
Факт бр.1.
На почетокот од Литургијата сите архиереи (вклучувајќи ги и претставниците на “охридската црква”) кои сослужуваа со Фенерскиот патријарх (тоа е неговата официјално призната титула во Република Турција: “Fener Rum Orthodox Patriği”), застанаа на определеното им место од лево и десно на г.Вартоломеј, кој беше застанат во средината на храмот. Нашите архиереи исто како и фанарските, наместо митра (круна) носеа панкамилавка (во видеото 52’50”, 54’30”).
Ова е важно.
– Кога има сослужување помеѓу два поглавари на автокефални цркви, според протоколот поглаварите стојат во средината на храмот заедно (што не беше случај вчера), единствено тие носат митри, додека останатите архиереи и сослужители се распоредени од нивната лева и десна страна (може да се види на поставените фотографии). Дури и на непризнатиот и контроверзен поглавар на “Православната црква на Украина” му е дозволено кога сослужувале со Александрискиот и Фанарскиот да носи митра, додека на г.Стефан тоа вчера не му беше дозволено.
Што значи тоа?
Тоа дава индикација ДЕКА ФАНАР ЈА ДОЖИВУВА МПЦ-ОА, односно како тие не’ нарекуваат “Охридската црква” (не архиепископија) КАКО АВТОНОМНА ВО РАМКИТЕ НА ЦАРИГРАДСКАТА ПАТРИЈАРШИЈА.
Потврда за ова видовме на Великата ектенија (1.03’17”) кога Стефан воопшто НЕ БЕШЕ СПОМНАТ.
Факт бр.2.
На Великиот вход (1.47’16”) г.Вартоломеј ВООПШТО НЕ ГО СПОМНА г.Стефан заедно со имињата на останатите поглавари на автокефалните цркви. Епифаниј “Киевски” беше спомнат, но Стефан ниту по име…
Факт бр.3.
После осветувањето на Даровите, на местото од Литургијата кога се пее “И всех и всја”, сите архиереи, вклучувајќи ги и претставниците на “охридската црква”, јасно и гласно ја кажаа архиерејската хвала или “викличка” велејќи: “меѓу првите спомни си Господи за нашиот архиепископ Вартоломеј…”.
– Се поставува прашањето: ПРИФАТИЛЕ ЛИ НАШИТЕ АРХИЕРЕИ АВТОНОМИЈА ВО РАМКИТЕ НА ФАНАР?
Факт бр.4.
Денес, понеделник, Втор ден Духовен архиепископот Стефан служеше Литургија во храмот Св.Троица.
На Великиот вход го спомна името САМО НА ФАНАРСКИОТ патријарх, не како досега кога ги спомнувал сите поглавари на автокефалните цркви (https://www.facebook.com/ecumenicalpatriarchate/videos/930225278377693/ ).
Пак ќе повторам, тоа е индикација, ако не и доказ, ЗА ПОТЧИНЕТОСТ НА МАКЕДОНСКАТА ЦРКВА.
Факт бр.5.
Томос од Фанар за автокефалност не добивме.
Што всушност се случуваше таму и зошто требаше да се оди таму под вакви услови и видно потценување на нашата Македонската Православна Црква од страна на фанариотите?
Во своите соопштенија и изјави Фанар и вселенскиот јасно дадоа до знаење ДЕКА НЕМААТ НИКАКВА НАМЕРА ДА ЈА ПРИФАТАТ АВТОКЕФАЛНОСТА НА МПЦ, ниту како Охридска Архиепископија. Оттука го измислија лукавиот назив “Охридска црква ” која не треба да има никакви конекции и асоцијации со древната и славна Охридска Архиепископија, која патем, НИКОГАШ не била потчинета на Фанар.
ОДГОВОРИ ТРЕБА ДА СЕ ДАДАТ, МАКЕДОНСКИОТ НАРОД НЕ СМЕЕ ПОВЕЌЕ ДА БИДЕ БРУТАЛНО ИЗНЕВЕРУВАН И ЗАМАЈУВАН, ПОСЕБНО НЕ ОД ЕДИНСТВЕНАТА ИНСТИТУЦИЈА КОЈА ОСТАНА СО ИМЕ МАКЕДОНСКА ВО државата која се’ повеќе наликува на протекторат и апардхејд насочен против македонската култура, јазик и име.
Има гласини дека македонскиот архиепископ не ги прифатил условите за фанарски томос, па сега оваа опција на екуменскиот патријарх е потчинувајќи или третирајќи ја Македонската Црква како автономна, сотоа ќе успее индиректно да ги потчини и епархиите во дијаспората… Барани биле ставропигијални манастири, ветувања за назначување на егзарх…
На сите овие прашања и дилеми истоштениот, постојано изневеруван, МАКЕДОНСКИ НАРОД ПРАВОСЛАВЕН ХРИСТИЈАНСКИ ЗАСЛУЖУВА ОДГОВОР.
Сега е времето кога македонските архиереи или ќе го поведат македонскиот народ, нивната паства, или ќе го предадат на волците “лицем светци срцем в’лци”.
Доста се замајувања. Вистината веднаш.
Гоце Секуловски – Church Music Composer
13.06.22