Украински пратеник во петокот остана раскрвавен и разбушавен, откако новинар шамар му залепи на ТВ во живо.
Тепачката избувна на снимањето на ток-шоуто за слободата на говорот на Савик Шустер за време на дискусијата за руската агресија против Украина. Со поранешниот украински премиер Арсениј Јацењук и поранешниот претседател Петро Порошенко во близина, новинарот Јуриј Бутусов отиде веднаш до Нестор Шуфрич, пратеник од проруската партија Опозициска платформа – за живот, и му удри шлаканица во лице. Потоа, Шуфрих стана да возврати и двајцата паднаа на земја пред Бутусов да успее да го заглави Шуфрич, додека преплашените гости викаа: „Стоп!“ и „Пушти го!“ Двајцата на крајот беа раздвоени и повторно се појавија за да ја продолжат дискусијата, и двајцата изгледаа како да ги гребела дива мачка. Шуфрич, кој го предизвика гневот на неговите колеги гости со одбивањето да го осуди Владимир Путин, го обвини Бутусов дека „гребе како девојче“.