Рудникот на смртта!!!

Рудникот на смртта!!!

БЛЕСАВО, ЗАРЕМ НЕ?

Во налетот на разубедување на нелуѓето да застанат на страната на рудникот-убиец, без разлика дали станува збор за политичари, замјоделци, фармерки, мајстори и кои ли уште не, влијанието на еуромакс со поткуп врз мислењето на одреден дел на жителите во нашата котлина, некаде проаѓа.

Познаваме многу луѓе и фирми кои ги имаат одбиено отровните пари и данајските подароци на еуромакс. Тоа се луѓе кои си го задржале здравото расудување и своето достоинство, свесни за светоста на здравата природа.
Но за жал, има и такви кои биле на страната на разумот и против рудникот, но преминале од страната на неразумот, не размислувајќи за здравјето на своите деца и своите сожители. Мотивот за таквите нелуѓе се парите и ништо друго.

А тоа е така блесаво, зарем не?

Во денешно време многу тешко се наоѓаат добри мајстори. Тешко се наоѓаат и помалку добри мајстори. А Еуромакс наоѓа вакви мајстори.

Во коментар ви постираме линк од последната жртва од пропагандата и подлите подароци на рударските корпорации кои сакаат неповратно да ја уништат нашата природа.

Па, време е, запознајте го Александар од Босилово.

(Линк од целата платена изјава на мајстор Александар:

https://fb.watch/atjZooW0_3/ )

 

Здрава котлина,

11.01.2022 Ново село, Струмичко