1 0 0 %
(за блиската иднина)
Кога не би бил сигурен дека најголемата измама во историјата на човештвото ќе заврши со катастрофа на ѕверовите кои ја создадоа, веднаш би се откажал од сѐ и би заминал таму кадешто никој нема да ме најде. Сигурен сум и верувам 100% во таа нивна катаклизма. Доколку не е така, сѐ друго би било бесмислено. Притоа, не се работи за ирационален, т.н. токсичен оптимизам, кој штети на согледувањето на реалноста, туку за рационална интроспекција на околностите и настаните во текот на овие неполни две години, а и многу отпорано. За мене, план-демијата е последниот обид на злото од сенка да го преживее будењето и освестувањето на човештвото (за кое и Бжежински, неколку години пред да умре, беше напишал дека е без преседан во историјата, со што всушност го прогласи нивниот и сопствениот пораз).
Поразот, пак, не креаторите на злокобната измама (ако не верувате во теории на заговор, верувате ли во измами?), ни оддалеку нема да биде целосен, доколку не ја добијат заслужената казна. Во овие речиси две години, убаво се виде кој е кој и што прави, а допрва ќе се видат уште многу нешта. Зборувам за тоа дека ќе има големи и јавни судски процеси против голем број свесно инволвирани низ цел свет: од политичари, лекари/медицински лица, т.н. експерти и научници, преку медиуми и новинари, компании, сѐ до разноразни мрежи, структури и лица, чија цел е да го подриваат отпорот на човештвото. Што очигледно не им успева. Притоа, тие судења се најдоброто решение токму за нив самите, бидејќи во натамошниот процес на будење и отпор, најжестоки против нив ќе бидат токму нивните освестени жртви, или блиските на жртвите, кои ќе сакаат да ги линчуваат. Многу нешта допрва ќе излегуваат на површината.
Токму ние, од нив стигматизираните „анти-ваксери“, ќе ги штитиме од тоа, бидејќи сме цивилизирани и слободни луѓе и не се бориме заради одмазда, туку за суштинска човечка слобода. Затоа, велам дека судењата за злосторства против човечноста и човештвото ќе бидат најдоброто нешто за нив во иднина. Фер и строги судења. (Не го спомнувам повеќе Нирмберг, бидејќи дознав дека таму наводно се осудени само 17 луѓе).
Она што идните осуденици, светската мрежа инсценирачи на смртоносната измама, (ќе) се обидуваат да го направат како што ќе расте револтот и отпорот во разни облици, е да издејствуваат т.н. меко спуштање, сѐ да стивне и да помине постепено и полека, со помош на гаслајтинг, релативизирање и дирижирана политика, и да поминат неказнето. Тоа веќе се случува според некои „симптоми“. Не мислам дека ќе успеат, премногу зло нанесоа, премногу освестени луѓе има, и законите на социјалната физика ќе го направат своето: ќе пропаднат во ентропијата на своите злодела. Не гледам никаква логичка, онтолошка, епистемиолошка, еволутивна или каква било друга смисла злото да оствари конечна победа. Тоа е невозможно, незамисливо.
Во кризни времиња, човечкиот род ја покажува својата големина и извонредност, изродувајќи нови светлоносни борци на сите полиња, често и таму кадешто не се очекуваат, за да ја остварат својата мисија, својот внатрешен повик во служба на слободата и на рамнотежата во целокупното Создание. Ги гледам насекаде и воопшто не се плашат од пакосните и јаросни клевети и напади од страна на инсектите, за кои сведочиме дека најгласно зујат и брмчат откако се попрскани со пипс. Тоа е есенцијата на победата.
100%, не помалку.
K. Велков
Македонија, 27.11.21